На маскенбал курва се појавила маскирана во девојче

19.07.2012 18:13

Скопје, 18. јули 2012 година. Хризантема С. (28), локалната курва од Железара, на синоќешниот маскенбал во клубот Paradiso, во Градски парк, дојде маскирана како девојче, ни јавуваат локалните медиуми.

Спротивно на нејзините очекувања, костимот на Хризантема не го привлече значително вниманието на посетителите.
„Не можам да верувам, никој не обрнуваше внимание на мене... Некои дечки дури ми рекоа дека не е фер што воопшто ме пуштиле да влезам на журката без маска. Не знам што е проблемот, целиот ден го поминав планирајќи го костимов, бев многу горда на него“, тажно раскажува Хризантема. „Тотално се разочарав, сега знам како им е на девојчињата.“

Според нејзините зборови, идејата за костимот ја добила кога на интернет случајно видела „една многу стара фотографија на Сузана Спасовска, од 2001 година, без деколте и без видливи препони.“
„Си помислив дека таквиот ретро стил би можела да го ископирам, па дури да бидам и поекстремна: да облечам некои фармерки, чевли без потпетици и некоја обична широка маица. Морав да одам на посебен шопинг, зашто такви работи во шкафот немам. Кога се погледнав себеси во огледалото речиси да не се препознав“, ни вели Хризантема.

По лошото искуство, Хризантема тврди дека никогаш веќе нема да оди на маскенбал.

Преземено и адаптирано од www.njuz.net.