Плоштадот и празнината

24.07.2012 10:22
Плоштадот и празнината

Уништувањето на зелените и, воопшто, на јавните површини е можеби најстрашната работа од многуте страшни работи што ни ги приредува груевизмот. Уништувањето на секоја јавна површина во центарот на Скопје се случува под закрила на монструозниот проект СК014, но е дел и од општите процеси на минимализирање на сите јавни каузи на сметка на здивеаниот приватен интерес. За водачот на преродбата, Никола Груевски, важи истото што важеше за бескрупулозниот Едисон: „таму кајшто требаше да има совест, тој имаше вакуум“. На местото на вкусот, мерката, пристојноста груевизмот има - вакуум (додуша, флуоресцентен, наџиџан). А главниот скопски плоштад, по преродбеничките интервенции, е полн со дух и полет како луна-парк во филм на Хичкок.

Впрочем, (не)делата зборуваат! Еве само мал список на уништените и оние што допрва ќе бидат уништени јавни простори во центарот на Скопје:

-паркот на плоштадот (таму сега се гради некаков хотел, иако во моментов ретко кој знае што стварно се гради и кој гради; планирано е до тој хотел да се изгради друг хотел, исто среде паркот);
-паркот пред Домот на АРМ (тој простор веќе е узурпиран со гротескната Куќа на Мајка Тереза, а допрва му се спрема дотолчување со црква);
-паркот спроти хотел Бристол (планирани се нови административни згради за груевистичката бирократија која целава земја ја води во пропаст);
-паркот на Жената-борец, спроти Собранието, во голема мера е оштетен од несоодветното трупање скулптури и споменици;
-уништен е кејот во делот на ГТЦ и со години е прекинат пешачкиот и велосипедскиот сообраќај горе и долу на кејот; наместо ветената подземна улица за новата предимензионирана зграда на плоштадот (која изникна среде цел сплет од криминални активности) пешачкиот дел од кејот ќе го претворат во сервисна улица за бесправно подигнатата зграда;
-брегот на Вардар е под закана и од официјализираниот „Кинески ѕид“, огромниот комплекс згради зад градскиот стадион;
-уништени се десетици и десетици дрва на улиците Климент Охридски и Илинденска.

Од другата страна на Вардар исто така булдожерите на груевизмот ја срамнуваат со земја и ја покопуваат секоја примисла за граѓанско, пристојно и артикулирано Скопје. Сосема е уништена замислата за голем културен комплекс околу репрезентативната зграда на МОБ. Брегот на реката сега сосема незаконски и нееколошки е претрупан со десетина кичести државни згради, за кои нема изградено речиси никаква инфраструктура (пристапни улици, паркинзи, гаражи, пешачки и велосипедски патеки, зелени површини итн.). Голема е веројатноста целиот тој узурпиран комплекс со децении да остане недовршен поради претстојниот финансиски колапс, а најатрактивниот дел на речниот брег со децении да биде затворен и блокиран за граѓаните. Старата чаршија исто така е начната од преродбеничкиот деструктивен прст (во форма на ѓуле за уривање на разумот и вкусот!): среде просторот меѓу црквата Свети Димитрија и Даут-пашиниот амам, на самиот влез во Чаршијата, крајно несоодветно е плеснат огромниот споменик на Филип, ругло и за христијанството лево и за исламот десно, но пред сè ругло за мерката и пристојноста. Мошне сомнителна и заканувачка за Чаршијата е и најавата за проширување на плоштадот Скендер Бег.

Вакви страшни примери за руинирање на централното градско подрачје има барем уште толку. Надвор од центарот исто така се случуваат културни, архитектонски и урбанистички стравотии (Водно, Дебар Маало итн.).

Чаре? - Борба. Упорна борба. Зад која стојат посветеност, работа, знаење. Проблемот на СК014 ќе го решиме само тогаш кога знаењето за градот и јавните простори ќе го подигнеме на ново ниво. Заедно со знаењето ќе дојде и одговорноста. Тоа е потешкиот пат, но ми се чини дека нема друг. Одмаздата и уривањето ќе имаат смисла само ако имаме визии за подобро градење и поцврсто сплотување. Груевизмот е еден одвратен и деструктивен историски инцидент кој ќе треба да ни помогне потемелно да ги промислиме градот, општеството и државата.

Да се вратиме на проблемот на плоштадот. Камило Зите, виенски историчар на уметноста и архитектурата, во своето втемелувачко дело од 1889 година, посветено на градските плоштади во Европа, изнесува неколку клучни естетско-морфолошки критериуми при настанувањето на плоштадите. Некои од тие критериуми се следниве: центарот на плоштадот мора да биде ослободен, за да се направи простор за поглед; спомениците асиметрично се поставуваат по рабовите; самиот плоштад треба да претставува изненадување, кога низ виулестите улички минувачот ќе дојде до него (такви се италијанските плоштади; средишната улица мора да го заобиколува плоштадот кој за шетачот треба да го чува ефектот на изненадувањето); пожелно е тлото да биде конкавно и обложено. Идеалниот плоштад, значи, според Зите (а на него се надоврзуваат речиси сите подоцнежни прочувачи на европските плоштади) претпоставува ослободување на просторот во срцето на градот. Тоа е сосема спротивна постапка од онаа кога плоштадот настанува а постериори, во некој празен простор. Зите особено снажно нагласува дека средиштето на плоштадот мора да биде празно, за да се ослободи погледот и духот. Ако веќе некој споменик, фонтана, катедрала итн. мораат да се најдат на плоштадот, тогаш тие мораат да се стават сосема по рабовите (како што е поставен Микеланџеловиот Давид на Плоштадот Сигнорија во Фиренца или ѕвоникот на Плоштадот Свети Марко во Венеција).

Според Жан-Бернар Расин, градскиот плоштад очигледно е простор на ко- (комуна, комуникација, комунија, континуитет; фр.: de la communaute, de la communication, de la communion, de la continuite), повеќе отколку простор на дис- (дискриминација, диспаритет, дисконтинуитет). Плоштадот денес треба да биде место за агорофилија, додека претрупаниот град со огромните сообраќајници повеќе влече кон агорофобија. Плоштадот денес треба да биде синоним за рамнотежа: естетска рамнотежа на елементите и волумените, рамнотежа помеѓу неговата општествена и економска функција, рамнотежа помеѓу неговата „еколошка“ димензија и културната, забавната и свечената функција.

На крај, ќе наведам еден крупен аргумент (всушност, цела низа аргументи, но еден се издвојува) зашто треба да им се восхитуваме на комунистичките раководители кои управувале со Скопје по земјотресот. Најпрвин, тие решија од Скопје да направат модерен, космополитски и отворен град. Второ, решија да прават град ориентиран кон граѓаните, кон луѓето, а не кон славење на големата комунистичка или национална идеја (затоа градеа инфраструктура, школи, болници, работни места...). Трето, дури и најрадикалните идеи градските планери ги спроведуваа темелно, воздржано и доследно во континуитет. Главниот урбанистички план беше светиња која не можеа да ја менуваат какви било политички интервенции (денес ГУПот се менува на дневна основа, во зависност од тоа што му се присонило на пастирот). На пример, централниот градски плоштад со децении беше отворено прашање зашто се чекаа поумни, порафинирани генерации кои на својот град ќе му го втиснат духот на своето време. За жал, наместо поумни, дојдоа варварите. Сеедно! Идејата за празен плоштад е она што всушност најмногу ми се допаѓа од „недејствувањето“ на комунистите. Еве што за празното како средиште вели Ролан Барт (во книгата „Царство на знаците“, 1970), кога импресионирано зборува за Токио:

„Градот за кој зборувам (Токио) поседува ваков скапоцен парадокс: тој, имено, има центар, но неговиот центар е празен. Целиот град се врти околу едно место кое во исто време е забрането и неинтересно, се врти околу престојувалиште маскирано со зеленило, недостапно поради каналите исполнети со вода, а во кое живее царот кого што, пак, никогаш не можеме да го видиме, то ест, дословно, никој и не знае кој живее тука. Ден за ден, со своето жустро, енергично возење, брзо налик на линијата на истрел, таксиите го избегнуваат тој круг чијашто ниска креста, видливиот облик на невидливото, го сокрива посветеното ништо. Еден од двата најмоќни града на модернитетот изграден е, значи, околу непроѕирен прстен од ѕидини, вода, кровови и дрвја, неговото средиште и самото е само изветреана идеја, тоа стои тука не за да зрачи некаква моќ, туку за на целото движење да му ја даде потпирката на својата средишна празнина, присилувајќи го прометот на непрекинато заобиколување. На тој начин, ни велат, она имагинарното се шири циркуларно, низ заобиколувања и низ повторното навраќање вдолж празната содржина.“

Колажи: Свирачиња

Се согласувам со тоа дека се

Се согласувам со тоа дека се лоши следниве проекти:

-паркот пред Домот на АРМ (тој простор веќе е узурпиран со гротескната Куќа на Мајка Тереза, а допрва му се спрема дотолчување со црква);

-паркот спроти хотел Бристол (планирани се нови административни згради за груевистичката бирократија која целава земја ја води во пропаст);

-паркот на Жената-борец, спроти Собранието, во голема мера е оштетен од несоодветното трупање скулптури и споменици;

-уништен е кејот во делот на ГТЦ и со години е прекинат пешачкиот и велосипедскиот сообраќај горе и долу на кејот; наместо ветената подземна улица за новата предимензионирана зграда на плоштадот (која изникна среде цел сплет од криминални активности) пешачкиот дел од кејот ќе го претворат во сервисна улица за бесправно подигнатата зграда;

-брегот на Вардар е под закана и од официјализираниот „Кинески ѕид“, огромниот комплекс згради зад градскиот стадион; (иако ова мислам дека се градеше уште за време на Трифун Костовски, а не Коце Трајановски, ма не сум 100% сигурен)

Опкружувањето на комплексот МОБ е очигледно направено од идеолошки причини, за да се сокрие еден од најпрепознатливите симболи на градот Скопје, граден во духот на модернизмот, па дури и футуризмот, од страна на „клетите комуњари“.

За хотелите на плоштад (кои треба да се градат со барокни фасади, што навистина ми пречи) сметам дека треба да се изградат, за плоштадот да биде целосно заокружен со градби кои имаат слична височина. Така е и во поголемиот дел од градовите во светот.

Тоа за уништените дрвја на бул. Климент Охридски не држи вода, зашто откако целосно ќе се изгради булеварот, ќе се засадат нови кои за неколку години повторно ќе даваат сенка и ќе ги впиваат издувните гасови.

Уништувањето на Старата чаршија започна уште многу одамна, кога се дозволи да се изградат хотелот Арка (современа градба) во срцето на чаршијата, како и еден огромен станбен комплекс на самиот влез на чаршијата, залепен до поранешна стоковна куќа Илинден. Плоштадот Скендербег е само албански (ДУИстички) одговор на ВМРОвските провокации во центарот на Скопје. Статуите на Воинот на коњ и Воинот (Филип Втори), како и таа на Олимпија со синот Александар (последниве две се на влезот на чаршија, кога ќе се премине Камениот мост), се одвратни. Исто и Триумфалната порта.

Водно почна да се уништува уште во времето на Ристо Пенов, така што како аргумент не држи вода. Исто така, уште во негово време имаше најави за изградба на споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија (повеќе за популистички потреби отколку што навистина планираа), и да ја изградеа барем фонтаната што уште тогаш ја најавуваа на плоштадот Македонија, веројатно ќе имаше помалку простор за денешното уништување на скопскиот главен плоштад.

Накратко, Скопје 2014 е ужасен проект кој ќе остави лузни врз Скопје за уште многу долго време. Јас лично се надевам дека оние што ќе ги наследат сегашниве властодршци под итно ќе ги дислоцираат Триумфалната капија, Воинот на коњ, вишокот споменици на плоштад Македонија (Цар Самуил, Ченто, уште 7-8 други кои се намножија побрзо од лебарки), Филип Втори, Олимпија со синот...

Лектор, фала за забелешките!

Лектор, фала за забелешките! Инаку, не мислам дека груевизмот и СК014 се почеток и крај на уништувањето на јавните градски простори. Таа приказна почна поодамна, а нејзините најстрашни консеквенци допрва не’ чекаат. Ради тоа мислам дека е важно да се подготвуваме за тие борби против разноразните моќници, сегашни и идни. Впрочем, горе напишав: Уништувањето на секоја јавна површина во центарот на Скопје се случува под закрила на монструозниот проект СК014, но е дел и од општите процеси на минимализирање на сите јавни каузи на сметка на здивеаниот приватен интерес.

Се разбира дека комунистите

Се разбира дека комунистите можеа да опнат пеесметарски Тито-гигант сред плоштад! И да направат „антички-социјалистички“ згради, ко што се градеа ширум источниот блок. И да го направеа тоа, едно е сигурно, ќе беше сто пати поквалитетно од груевистичкиот лоповски шкарт! Ама не го направија. Зашто беа паметни. Милион пати попаметни од сегашниве дегенерици на власт!

А во што се разликува оваа

А во што се разликува оваа „колумна“ од сите „колумни“ напишани од Гелевски во минативе две години?

Вистинското решение е да ги

Вистинското решение е да ги разнесеме сите овие градби на режимот!
За секој споменик по еден врзан вмровец и две прачки динамит!
Како мало дете ќе се радувам и ќе плескам со рачињата кога ќе гледам како се урива Александар Македонски на плоштад! Потоа, ќе зајдам од ќефои кога ќе видам како се распарчува Порта Македонија (ќе треба малце повеќе динамит за ова).

На крај, кога народов ќе се освести и ќе види дека ВМРО се комуњари, а СДСМ се вистинските луѓе кои имаат љубов кон земјата (и граѓаните), и кога истиот тој народ ќе покаже и докаже дека знае, може и умее да ги изгласа пак СДСМ - е дури тогаш ќе видиме како се гради!
Првин, на плоштад ќе ставиме споменик на Тито, онаму каде дотогаш би стоел Александар Македонски. Од страна, на местото каде сега е цар Самуил ќе стаиме една скромна биста на Црвенковски, нашиот идеен татко. Шо бара Аце на сред плоштад, па Тито ги создаде Македонците! Пред да се роди Тито, овде немаше ништо!
Уствари не, имало само Словени - нашите најдалечни баби и дедовци (немаме постари, јбг, така не' учеа во школо и така мора да биде).
Знаете како тие уствари дошле овде?
Словените решиле да го преминат Дунав дишејќи со цевчиња и одејќи по дното на реката, за потоа да ги задават со голи раце сите византиски витези што онака си седеле овде. Претходно тука немало луѓе, најмалку од се' имало Македонци. Имало само покемони неприпитомени. Македонци - никако! Седеле некое време така Словените, и дошол Тито и им рекол „Вие сте Македонци, ама југословенски“. Браќа ви се сите социјалистички народи на светов, сите други се фашисти. Сакајте ме, и живејте во мир (или во ќелија на Голи Оток, сеедно).

Глупак.Ево ти решение.

Глупак.Ево ти решение. Римското империја како пропадна? Под налетите на племињата од исток и од север. Оставам на тебе да најдеш решение кои биле тие.

Би рекол дека ти си меѓу

Би рекол дека ти си меѓу глупаците кои во хор ја повторуваат прикаската за цевчињата, со која е задоено секое дете што учело југословенска титова историја, напишана со цел да има нешто заедничко што ќе ги поврзува сите социјалистички земји.

Еј, јави им на Mythbusters за митот со трската, и кажи им дека не им е busted :)))

Која прикаска со цевчиња, тоа

Која прикаска со цевчиња, тоа со трските е тотално извадено од контекст, а се споменува во врска со една битка што Словените ја воделе, никаде и никој не учел дека Дунав го поминувале со цевки. Само исторски неписмен измиен мозок може да ја спори преселбата на народите за која има илјадници докази.

"илјадници докази"...do tell!

"илјадници докази"...do tell! Какви докази? Ти точен си? А зашо "Адам"? Демек глупиот, голиот, гревот?

Ете, не си ја научил ни

Ете, не си ја научил ни новонапишаната историја до крај како што треба :)
„Цевчињата“ се објаснувањето на логичното прашање: „Како успеале Словените да го поминат огромниот Дунав, кога од другата страна ги чекале добро утврдени и вооружени витези, желни да ги сништат сите што ќе пробаат да им влезат во земјата?“. „Оделе со цевчиња в уста по дното реката, како нинџи“ е одговорот на прашањето кое само по себе се наметнува, и тоа е одговорот кој го добивало секое учениче кога во Југославија ќе ја прашало учителката „Како е ова можно, учителке?„

Само човек задоен со пропаганда која ја препознава како апсолутна вистина може да верува во таква приказна, но ајде да речеме дека постои дел од приказната за Големата Преселба тоа што е вистинит.
Можно ли е Словените целосно да го „исчистат“ (убијат, протераат) населението кое тука живеело пред тие хипотетички да дојдат? Не, не е возможно, и во најдобар случај тие би се претопиле со луѓето кои живееле тука пред нив. Размислувај со твојата глава, не со комунистичкиот учебник по историја, напишан со фантастични приказни смислени веднаш по војната.
Ако вистински те интересираат топонимите, јазикот, разгранетоста, тогаш те охрабрувам сам да проучуваш.
Денес е релативно лесно да се направи мрежа од зборови и еднозначно (научно, егзактно, со елегантно пресметување користејќи зборовни графови) да се прикаже кој збор од каде произлегува и кој јазик како се развивал, и има цел куп докажани теории кои покажуваат дека е чиста глупост теоријата за Големата Преселба.

Зошто тогаш Кирил и Методиј ја развиле глаголицата во таква периферна област од Словенските територии? Зарем Словените дотогаш немале свое писмо и свој јазик?
Еве, почни со размислување околу зборот „Словени“. Зошто ние велиме „слово“ за пишан збор? Дали зборот „Словени“ едноставно значи „луѓе кои го имаат словото/писмото“?
Одбивам да продолжам дискусија до тебе пред да седнеш сам да поработиш за да ти се разјаснат работите. Неаргументирата дискусија, на ниво на пцуење и лични напади ќе ви ја оставам вам, чувајте ја за наредните „трибини“ кои ги организирате.

СК014 е промашен на неколку

СК014 е промашен на неколку нивоа:
1) Парите на даночните обврзници се трошат на чисто етнички/национални проекти  со споменици на крвави антички робовладетели (читај Аце Велики и Филип).
2) СК014 е пагански/нехристијански проект бидејќо скоро половина милијарда евра се потрошени на бронза и мермер (на многубошци) додека секој трет граѓанин живее во беда и сиромаштија.
3) СК014 потполно ја униши и тоа малку од меѓународна позиција што ја имаше Македонија
На секое лудило му доаѓа крајот, така што со нетрпение го очекувам денот кога одговорните за овие злодела ќе бидат исправени пред суд.
Инаку, „кога би бил премиер на 5 мин“, сите нови згради (уставен суд, АЕК, МНР итн.) би ги пренаменил за образовни потреби во студентски домови, факултети, библиотеки итн.

Глупо решение, по твое

Глупо решение, по твое Американците се уствари Индијанци, зар не?....поточно Мохиканци,а?...

Bonehead костурчанец, би

Bonehead костурчанец, би можеле ли Британците да ги сништат нативните Американци ако се обиделе да го поминат Атлантикот одејќи по дното и дишејќи со цевче? А од другата страна да ги чекаат Апачи, ама стегнати во оклопи и вооружени со мечеви, копја, боздогани. Британците голораки, само едно цевче в рака. И како најопасни нинџи, викаш дека би успеале да ги скинат Апачите? :)
Во случајот со британската инвазија на Америка - имаме напад од далеку посовремено вооружена група врз нативен народ кој користел само ладно оружје.
Случајот „Голема преселба на народите“ е нешто сосем спротивно - голораки луѓе доаѓаат во далеку понапредна цивилизација (и подобро вооружена од нив), и успеваат да ги уништат. Тоа физички не е возможно! Ме разбираш?

Убаво ме потсети, дури и Mythbusters го имаат пробано митот за дишење преку трска и одење по дното - и нормално, myth busted.

Глупаци, сите ко во хор

Глупаци, сите ко во хор повторувате некаква прикаска за некакви цевчиња. Римското царство пропадна под налетот на Татарските и Германските племиња од на север. Ова се учи во основно одделение.

Би рекол дека ти си меѓу

Би рекол дека ти си меѓу глупаците кои во хор ја повторуваат прикаската за цевчињата, со која е задоено секое дете што учело југословенска титова историја, напишана со цел да има нешто заедничко што ќе ги поврзува сите социјалистички земји.

Еј, јави им на Mythbusters за митот со трската, и кажи им дека не им е busted :)))

Значи тоа било огромна бројка

Значи тоа било огромна бројка на народ, патем речено добро вооружен, иако нецивилизиран, и навлегуваат на територија која не била добро чувана, полека напредуваат, се организираат и навлегуваат длабоко на територија на големите цивилизирани истории. Не е првпат во историјата нецивилизирани народи да го покорат она што се смета за цивилизација. Освен тоа, она што за тебе е физички невозможно е потврдено со мноштво историски докази, сведоштва. Еве најпростиот пример на промената на имињата на топонимите не може да се објасни без преселбата на народите. Друга работа, ако народи не се преселиле, за кого Кирил и Методиј, и подоцна нивните следбеници создавале азбука, и кого го покрстувале, кога локалното население во време на преселбата е веќе христијанско. Да не зборуваме за петте документирани опсади на Солун, вонземјани случајно да не го нападнале градот.

големите цивилизирани

големите цивилизирани империи, не истории.

Кои се тие „илјада докази“?

Кои се тие „илјада докази“? Дека имало преселба на од „зад Карпатите“, зборови кои ги напишал човек кој живеел на север од Карпатите? Од негова перспектива, Словени дошле од југ на север :)
Јасно е дека не можеме да зборуваме за „чисти“ (неизмешани) народи, тоа е глупаво. Но можеме да зборуваме за култури! Културата на луѓето кои живееле тука пред повеќе илјади години, и културата на луѓето кои живеат тука денес имаат многу заедничко. Затоа што дури и да имало дојденци, тие прифаќале од тукашната култура. Тоа не може да го уништи или избрише ниедна историска приказна, напишана од било кој победник во некоја војна.
Она што треба да им се разјасни на сите е дека ние сме Словени (корен на зборот е „слово“) затоа што сме Македонци, и воопшто не треба да се измислува некаква спротивставеност помеѓу теоријата „ние сме Словени“ и теоријата „ние сме Македонци“. Словените отсекогаш биле тука, тие не дошле од север.
Мило ми е што конечно расветливме зошто толку многу вам ви пречи расветлувањето на нашата постара историја, од периодот од антиката. Вие сеуште сте верувале во југословенските историски приказни во кои никој на светов не верува! :)

Словените биле соодветно

Словените биле соодветно вооружени додека ја напаѓале Византија, а и бројноста им одела во прилог (пример за тоа е и вкупната бројка на словенски народи во денешна Европа, некаде над 300 милиони, што ги прави најброен народ на овој континент). Глупост е да се каже дека Словените голораки ја напаѓале византиската војска, како и тоа дека цело време се шетале со цевчиња под водата на реките и езерата. Големи преселби имало постојано, и меѓу повеќето народи во светот, така што тоа како аргумент држи вода. А за понапреднатата цивилизација, која веќе била поделена на многу основи, меѓу кои и борбата за превласт во империјата, не мора да се зборува многу. Секоја империја пропаднала кога ќе почне да се цепка на поситни кнежевства, водени од челници кои се заинтересирани само за сопствената корист.

" Големи преселби имало

" Големи преселби имало постојано, и меѓу повеќето народи во светот, така што тоа како аргумент држи вода." Кој аргумент? Дека имало постојано големи преселби, тоа е аргумент?! Who are you people?! ...Колја, овие ти се новите другари?...далеку ке стигнеш. Disengage!

Nokautiranjeto na Plostadot

Nokautiranjeto na Plostadot zapravo sega zapocna. Idniot hotel "Marriot" so svojata zastrasuvacka armatura i gabarit ke gi poklopi site arhitektonski zdania vo pozadina i ke go unisti i toa malo simpaticno sto ostana od zapadnata strana na Plostadot.
Na istocnata strana i postoecko spomen obelezje e sosema dovolno, a ne pak edna cigla poveke so se desetkatnica!
Prostorot kade bese Oficerskiot Dom najubav e vo momentov! Zelena povrsina otvorena kon Kaleto. Taka i treba da si ostane.

Eden, dva, tri... Patos!!!

Да ти ибам кој ги измисли

Да ти ибам кој ги измисли тоан цевчињата !!
Не можеа ли мохито да си пијат?!?
Ебати тоа словените глупи Шо К*Р бараа ваму да дојдат!

Честитки за Свирачиња. Уште

Честитки за Свирачиња. Уште три одлични колажи што зборуваат подобро од илјада зборови. Текстот исто така отвора многу интересни полиња за расправа. За жал, нивото на коментирање е хронично ниско. Голем дел од коментаторите не се способни да коментираат на одредена тема. Си ги пишуваат само своите опсесии или си ги обработуваат своите политички задачи, без какво било контекстуализирање. Тоа е многу тажна слика за македонската демократија. Затоа што демократијата не е ништо друго освен разговор на разумни и компетентни луѓе. Кај нас тоа го нема. Го нема дури ни на ваков елитен портал, каде што би очекувал малку покултурна и подемократска публика. Кога нема разговор, нема демократија. Досадно е тоа да се повторува, но самите си ја укинавме демократијата, криејќи се зад Грујо, Бранко итн. Криејќи ја својата празнина, незнаење, кукавичлук... Затоа предлагам бришење на опцијата коментари. Да не се срамиме веќе од туѓиот срам.

Тоа е најголемиот ваш проблем

Тоа е најголемиот ваш проблем пријателче. Се срамите од тоа што сте. Се срамите да бидете Македонци. Било не-елитно. Што знаете вие за елита? Не стануваш елита ако копираш нон стоп нечии чекори и идеи направени за некои други простори и времиња. Не си елита ако си гледал добар филм или си прочитал добра книга. Елита си ако ти си напишал добра книга и ако ти си направил добар филм, или си оставил нешто позади себе, нешто од што ке учат тие по тебе. Тие што творат, разбираат. Позерите, вистинскиот канцер на македонското општество, полека одумираат. Ги меле животот, пројдоа години ништо не покажаа, што засадија се исуши, и сега бараат последна мајка, за да малце од малце си направат хепиенд филмче.
А гледам веќе во неколку наврати ја нафрлате идејата за бришење на коментарите. Бујрум, тоа ке биде финално фијаско и откривање на маските за поголем дел од вашата збунета публика. Еднонасочна пропаганда спроведена од анархисти. Кој блам. Кое оксиморонство. Демократија до балчак. Пак не чини народот. Лош народ за така убава организација со толку кул име Civil Society.

На Груевски можеби би можело

На Груевски можеби би можело да му се прости дури и посегањето по демократските слободи. И на Запад тоа го правеле одредени политичари; ако ништо друго тоа може да се сфати како добар тренинг за слободарските рефлекси на поданиците. Но, СК014 на Груевски нема да му го простиме никогаш! Тоа е неговата хаварија, неговиот потоп! (И баш е добро прикажан на сликата.) Можеш да си играш со многу работи, можеш да ги влечеш луѓето за нос долго време, но да си играш со толку многу работи едновремено (историја, култура, идентитет, уметност, архитектура, урбанизам итн.) и притоа толку многу да лажеш и да крадеш, ги преминува сите можни граници на дозволеното политичко однесување. Затоа Груевски ќе биде најцрната дамка во современета македонска историја.

Ги крадел? Ги однел дома, ги

Ги крадел? Ги однел дома, ги зачувал за себе? Ги одзел од некој? Веќе не се на тој некој?

Смешки.

Инаку, да, ми фалат активисти што ќе се врзуваат за дрвја. Нашиве се врзуваат само за пари.

Еее, глупо решение...абе ти

Еее, глупо решение...абе ти знаеш кој го уништи Рим, а?..некои понапредни од нив?..а знаеш тие страшни Византијци на кои се не му плаќале данок, а?...и последно ама најважно..како бе глупчо тие Славјани им го наметнале јазикот на тие посилни и помногубројни цивилизирани антички Македонци...ако почнеш да баљезгаш дека словените биле тука, дека уствари старите Македонци се Словени итн,итн, те советувам да одиш кај доктор кој ги легнува пацијентите на кауч...

Hihihihi, komentatorite se

Hihihihi, komentatorite se raspravaat za Sloveni, Vizantijci, vistinski Makedonci, cevki, i sl. gluposti. A temata e, shto? unishtuvanje na parkovite, na zeleniloto.... Dali eden den Makedoncite ke sozreat, kje se obrazuvaat i kje nauchat da komentiraat i debatiraat????? hmhmhmhmhm.......

Расправата е сосем на место.

Расправата е сосем на место. Во таа расправа всушност лежи одбивноста на Коља спрема нашата античка историја - тој е задоен со југословенска пропаганда и одбива да прифате се' што не е во склад со таа приказна. Коментаторите тоа го препознаваат и затоа расправата е токму на таа тема.

@gragjanin, па Словените се

@gragjanin, па Словените се бунат што им ги сечат парковите зашто немаат од што да прават цевчиња за да се кријат под вода.

Истерани се на чистина.

Што знеш ти бе Коља за

Што знеш ти бе Коља за плоштади и архитектура. од каде ти се појави стручен да кажуваш што е добро што лошо?
Абе фејкеру, фејк е све што работиш, ти си фејк писател, фејк интелектуалец со средно, фејк граѓански активист, ти си партиски активист, фејк анархист и фејк атеист, се ругаш, смеееш, ѓи навредуваш свештените лица во православната црква, а му даваш простор на еден милитантно-радикален исламист, кој што со шамари и тупаници се избори за превласт во една скопска џамија, да пишува на вашиов фејк сајт.
Затоа џабе паламудиш и џабе безсрамно се самопромовираш, сам себе се фалиш и цитираш под други имиња, овој ФЕЈК сите го гледаат, а најмогу од се што ме радува е тоа што и тие што поради некоја случајност малку те почитувале, сега ти се смеат.
ти си братче: FAKE TO THE BONE!
ХАОС

Што знам за архитектура и

Што знам за архитектура и плоштади? Она што го читам. За потребите на текстов погоре, на пример, прочитав три книги, од кои две се цивилизациска лектира (Зите и Барт) и би требало секој да ги прочита.

Инаку, за СК014 до сеа имам напишано околу педесетина текстови кои реферираат на барем стотина книги, од кои повеќето се поврзани со прашањата на културата, естетиката, архитектурата, историјата, идентитетот итн. Тие прашања и порано ме интересирале, но СК014 ми ги зајакна интересите и читањето книги од областите што ги спомнав.

Ако моите текстови не ви се свиѓаат, можете едноставно да не ги читате. Зашто толку возбуда околу еден фејкер?!

Teletino koj ja ebe taa

Teletino koj ja ebe taa smrdena ortodoks paradoks paganska mrtovecka struktura malaricno i hepatit c oboleni ebaci na prostituki moronu?; tekstovite na kolja se svetilnik idijote otpisana mrtvacnico, pacavro izbezumena i izgubena, mudata ti se isusile od anonimnive lajnenca, sto ti prle mizerno si napravil? Koja kniga si ja procital u poslednive 5 godini, znacajna, morlaku? Koga ti ke se spremis da go rasiris poleto na svest pojavi se so komentar ke te registriram, do togas lepi go jazikot so selotejp; ako imavme uste trojca ko nego knizevnosta nadvor od mk ke ni bese poseriozno registrirana, a aktivizmot so voden zig, vaka kolja ostanuva edinstven gospodar barem na patokazite i antidogma akciite; stoko kramponska.

Абе Коља, нека не те вреѓа

Абе Коља, нека не те вреѓа вистината. Ти си гола вода, искомплескиран, нереализиран, очаен си. Па уште ова сам себе што си коментираш, поголема беда нема.
Али уреду е, вака хистеричен само ја покажуваш твојата вистинска слика, онаа необразованата во тебе. Простак!
Ама интересен е фактот како за ортодокс црквата имаш муда да напишеш свашта, но за муслиџамите некако немаш ГЗ(гз велам зш ти муда немаш)да ги навредуваш на ист начин. Ајде малку да го исмеваш алах, а јеботе??? Или за тебе само ортодокс е парадокс??? Неее шупаку пролупан не, немаш ГЗ, ќе то дојде оној милитантот Рамадан ќе ти пали со све партали.
Со еден збор, ти си ПИЧКА - сороспија!

Гелевски, стварно немаш

Гелевски, стварно немаш факултет? Некако насетував позерство, поготово после илјадниците коментаторски пози, ама ова сега ме изненади. Извини за коментарите за елитата, не знаев дека толку длабоку ти иде болката...
И некои работи поразбирливи се сега. Идеите за фашизмот кои ги фураш се само плод на неорганизирано селективно читање и информирање. Кај тебе фали општа наобразба. Си прерипал некои многу важни животни фази.

Каква врска има позерството

Каква врска има позерството со имањето/немањето факултет?!
Исто така, каква врска имаат општата наобразба и имањето/немањето факултет?!
И каква „важна животна фаза“ е факултетот?! Пола од генијалните американски изумители или бизнисмени немаат факултет, па?! Им фали некоја „важна животна фаза“?! А во Македонија важи истото? Дека десетте проценти високо образовани ја поминале фазата, а другиве се фалични? Во Македонија повеќе од половина од населението нема средно школо, а процентот на оние што немаат ни основно исто е голем. Квалитетот, пак, на македонските факултетски дипломи (особено денес) е понизок од средношколските дипломи во која било европска земја. И зошто тогаш човек би губел време на безвредно знаење и лажни дипломи?! Впрочем, има ли подобар доказ за тоа каков е квалитетот на македонското образование од сегашната сстојба на земјата, предводена од формално образованите елити?!

Си заборавил да допишеш едно

Си заборавил да допишеш едно „дипл.“ пред „Логичар“.
Уствари чекај...не

Од парадокс во парадокс. Сега

Од парадокс во парадокс. Сега за вас не вреди ни образованието. Значи сега покрај тоа што сите членови на ВМРО се глупи и примитивни, сега и факултетски образованите се морони со џабе потрошено време.
Знаеш шо, ој си легни.

И јас сум изненаден од Бил

И јас сум изненаден од Бил Гејтс и Стивен Спилберг...колку само важни животни фази прерипале, пошто се со средно.

Камо среќа некој од вас да е

Камо среќа некој од вас да е или беше од калибарот на Гејтс или Спиелберг или Џобс. Како и да е Спилберг заврши колеџ после 30 години на California state University, Гејтс и Џобс добиjа почесни дипломи на Harvard i Stanford.
Дека не им било важно...

Гејтс исто вози точак. Леее

Гејтс исто вози точак. Леее не завршил факс, вози точак па дали Коља е македонскиот Гејтс????

Гејтс, Спилберг и Џобс не се

Гејтс, Спилберг и Џобс не се преправале дека се репер во архитектура, филозофија, уметност, социологија, урбанизам, литература, религија, активизам и не солеле памет за се` (у ствари солеле за по нешто, ама никој не ги сфаќал за озбилно, него само куртоазно ги канеле на предавања онака колку да кажат нешто, да мотивираат студенти - поради нивното најголемо достигнување - правење пари).

Види интересно, овај Коља не

Види интересно, овај Коља не успеал ни факултет да заврши, аман бе, па мојот школски Митето пљунката што научи да чита во осмо оделение,а кој што и ден денес брои само до 100(сто), заврши факултет.

ОкоБоли главаВицФото