Мистеријата на Хитлер

28.08.2012 11:02
Мистеријата на Хитлер

Постои еден мистериозен момент во животот на Адолф Хитлер, околу кој денес спорат историчарите и психијатрите. За тој недоволно разјаснет период во Хитлеровиот живот, кој се случува кон крајот на 1918, напишани се неколку книги, а една од нив може да се најде и на македонски: „Човекот кој го создаде Хитлер“ од Дејвид Луис. Главната теза на Луис, кој е невропсихолог по професија, е дека кобниот лик на историскиот монструм, Хитлер, како некакво Франкенштајново чудовиште настанува во ноември 1918 во психијатриската болница на доктор Едмонд Форстер во Пејсвок. Воден од обемните историски и лекарски истражувања Луис тврди дека Хитлер пред ноември 1918 психолошки бил сосема друг човек, без изразена харизма и без какви било лидерски способности.

Хитлер бил испратен во гратчето Пејсвок во германска Померанија откако на крајот на Првата светска војна претрпел „гранатен шок“ (во тоа време вообичаен лекарски израз кој подразбирал и психолошки нарушувања) и доживеал „хистерично слепило“, како што утврдил доктор Форстер. По терапијата со „волја за моќ“ примената од страна на Форстер, Хитлер станува егоцентрично чудовиште кое за десетина години под своите нозе ја има цела Германија. Она што ја објаснува „преобразбата на бесцелниот скитник во бездушен диктатор“, според Луис, е специфичната терапија на доктор Форстер кој лукаво успеал да го убеди Хитлер дека само со огромно верување и волја ќе може да прогледа и да се излекува. Форстер не му кажал на Хитлер дека неговиот проблем е психолошки („хистерично слепило“, оти очите и мозокот на Хитлер не биле оштетени во „гранатниот шок“), сметајќи дека вистината за хистеричните симптоми на пациентот би можела да го отежне неговото излекување.

Голем број германски психијатри во тоа време за причинител на хистеријата ја посочувале слабоста на волјата. Та така зборувале за willenssperrung (блокирана волја), willensversagung (слабост на волјата) и willenshemmung (суспензија на волјата). Еден од најистакнатите германски психијатри во тоа време, Роберт Гауп, ја опишал моќта на волјата како „највисоко достигнување на здравјето и силата“ која е олицетворение на возвишените и суштински машки доблести како стоицизмот, спокојноста, дисциплината и самоконтролата. Гауп сметал дека овие квалитети се наоѓаат само во храбрите и снажни ариевски мажи, додека се сосема отсутни кај жените, децата, феминизираните мажи и необразованите широки маси. Што се однесува до германската јавност од тоа време, хистеријата била олицетворение на „недостиг од волја“ предизвикана од „инфериорен нервен систем“ или „дегенериран мозок“. Луис вели дека нацистите толку многу ја презирале хистеријата што нивната непопуларна лабораторија за „расна биологија“ подоцна ќе го слави бомбардирањето на пренаселените градови врз основа на тоа дека „личноста чиј нервен систем не функционира правилно нема да може да го преживее шокот; на овој начин бомбардирањето ќе ни помогне да ги откриеме хистериците во нашата заедница и да ги отстраниме од општествениот живот“.

По терапијата кај Форстер, значи, Хитлер ја стекнува својата хипнотизирачка моќ чија суштина била апсолутната убеденост во она што го зборува. Во 1923 година Хитлер напишал: „Жестина, страст и фанатизам, тоа се големите магнетни сили кои сами по себе ги привлекуваат големите маси; бидејќи овие маси секогаш реагираат на неверојатната моќ која произлегува од апсолутната верба во претставените идеи, споени со нескротливата желба да се бориш за нив и да ги одбраниш“.

Во една романсирана верзија (Ернст Вајс во романот „Сведок“ од 1938) на тогашните настани доктор Форстер вели: „Можев да се обидам да го ослободам од симптомите преку оригинален спој на двете негови болести со неговата желба за статус, желба да биде како Бог, неговата преголема енергија... Морав да му пристапам на овој човек не со логички хипотези, ами со огромна лага за да го потчинам... зашто тој навистина беше една џиновска лага и за него немаше апсолутна вистина, туку само вистината на неговата фантазија, неговите стремежи и потреби.

Еден друг историчар, Рудолф Бинион, во книгата „Хитлер меѓу Германците“ тврди дека писателот Вајс во својот роман под псевдонимот А.Х. недвосмислено цели кон Адолф Хитлер, а нараторот во романот е психијатарот Форстер. „Со кажувањето лаги тој веруваше дека ја кажува вистината“, вели Фостер кај Вајс, што се поклопува со друга изјава на доктор Фостер: „Овие хистерици зборуваат за нивната љубов кон татковината и за нивната храброст сè додека не се занесат со себеси како глумецот кој, во улога на Хамлет, мисли дека е принц на Данска“.

Еве што му вели психијатарот на А.Х. во романот на Вајс: „Би можел да ти го покажам методот што ќе ти овозможи повторно да гледаш, и покрај тоа што очите ти се оштетени од иперит. Со твоите симптоми една обична личност би била доживотно слепа. Но, за личност со исклучително силна волја и духовна енергија не постојат граници, научните претпоставки не важат за таа личност, духот ги отстранува таквите препреки - во твојот случај дебелиот бел слој на рожниците. Но, можеби ти и не ја поседуваш моќта да правиш чуда?“

Дејвид Луис мисли дека писателот Ернст Вајс, заедно со еден друг славен германски писател, Алфред Деблин (автор на „Берлин Александарплац“), ги добил психијатриските белешки за случајот Хитлер директно од доктор Форстер во Париз во 1933 година. Двајцата завршуваат трагично. Форстер умира под недоволно разјаснети околности во 1933 година; Ернст Вајс (кој бил пријател со Кафка, Макс Брод, Томас Ман итн.) извршува самоубиство 1940 година, пред нацистите да влезат во Париз.

Зашто било важно нацистите да ја скријат тајната за својот фирер и зашто Форстер и Вајс се плашеле за своите животи и не ја обелодениле тајната на Хитлер? И двајцата биле свесни дека Париз не може да ги заштити од долгите прсти на Гестапо. Но, и двајцата сепак оставиле доволно траги за барем делумно да се разјасни мистеријата во животот на Хитлер од ноември 1918 година.

Го пишувам сево ова за уште еднаш да обрнам внимание на феноменот на политичката волја  и на важното политичко прашање: убеденост или одговорност. Психолошкото разоткривање на „мистеријата на Хитлер“ можеби би помогнало во разоткривањето на потеклото и на други авторитарни водачи и диктатори. Некои психијатри тврдат дека секој лидер поминува низ барем едно напнато преобразувачко искуство кое тие го нарекуваат „искушение“. Тоа е моментот кога потенцијалниот лидер ќе се издигне или ќе се скрши. За Хитлер тоа било искуството во психијатриската установа во Пејсвок во ноември 1918 година. Кое било „искушението“ на овдешниот феномен на волјата за моќ, Никола Груевски, пастирот од нашиот ќорсокак? Од каде и во кој момент ја добил силата сам и левтерно да решава не само за клучните политички прашања на државата, туку и за историјата, идентитетот, уметноста, архитектурата, урбанизмот итн.? Но, најважно од сè е да се одговори прашањето која е таа сила што опкружувањето на набилданиот со волја за моќ лидер го прави пасивно и послушно? Која е таа сила што луѓето ги тера да се претворат во овци пред лажни пастири, манипуланти, демагози, шарлатани, често со фрапантни деструктивни потенцијали? Ми се чини дека е важно информациите што ќе ни помогнат да одговориме на овие прашања да почнеме да ги собираме со време, додека актерите на настаните сè уште се живи и со релативно свежо помнење. Историчарите, социолозите, психијатрите, уметниците - се на потег. Ќе мораме да го разбереме груевизмот, за да се ослободиме од него.

Слики: Irene Vonneuendorff

Има интересни коментари на

Има интересни коментари на текстовите дадени низ линкови. Еве избор на пет, од два текста:

Испратено на 11 јули 2010 од kolja
Современата сликарка Ирена Вонендорф прави доста стлизирани портрети на Хитлер... Немам време сега да ви ги објаснувам слоевите и значењата, но најпросто: уметноста не илустрира; не наметнува тези; уметноста фаќа цел куп слоеви - одеднаш.
Што се однесува до самиот текст: нигде не се прават директни споредби меѓу хитлеризмот и груевизмот (освен во самиот наслов, во кој речиси и не може да се осети старата фраза: Хитлерчето од нашиот сокак). Но, структурни сличности меѓу режимите постојат, пред се’ во склоноста да се владее тотално: или се’ или плачам и пиштам дур не ми даат се’ (на пример, единствената преостаната моќна негруевистичка институција во земјава е Уставниот суд; и токму таа пречи ко да е црн ѓавол; кога утре ќе ја земат и таа институција - ко се’ што земаа изминативе 4 години - ќе измислат некоја нова будалаштина, зашто во природата на тоталитарните режими е да се хранат со произведување непријатели и говор на омраза). Глејте го односот кон највисоката власт во земјата, Собранието (кое би требало да ја контролира Владата): груевистите не само што бескрајно ги понижуваат сопствените пратеници (третирајќи ги како бедни климоглавци на големиот пастир), туку до коска го сјебуваат интегритетот на институцијата (како што го сјебаа интегритетот на сите институции во земјава, кои пиштат под најпримитивен партиски терор; е теророт се шири дури и кон приватните институции...) Тоа се структурните сличности меѓу тоталитарните режими... Фала богу што нема политички убиства и логори, но тоа веќе никаде не е дозволено, дури ни во најпримитивните општества...

Испратено на 10 јули 2010 од Адреналина Бонбина
Запрепастува неспособноста да се прочита еден обичен текст и да се извлечат клучните пораки. Целиот текст на Гелевски (како и повеќето други негови текстови) е против паранојата, омразата и стравот кои ги шират актуелните моќници, главно со цел да го одвлечат вниманието од пељешењето на народот.
Апсурдно е оној што експлицитно се залага за некакви вредности и притоа постојано ги истакнува своите позитивни принципи (ЕУ, демократија, толеранција итн.) - да биде обвинуван во стилот: „секој оној што троа мрда и покажува некаков живот и некаква храброст е само обично говедо кое работи за власта која ќе ја смени сегашнава“. И неверојатно ми е што таквиот зомбиленд (секој втор коментар како да доаѓа од такво некое зомби) си опстојува без мува да пролета... Исто ко во филмот „Јас сум легенда“ (со Вил Смит) кајшто главниот лик дури на крајот на филмот сфаќа дека е опкружен со зомбии, дека тој е последниот човек. Можно е, стварно, Македонија да е зомбиленд, не ми е јасно како секоја теза, секоја живост и отпор се извртуваат во нејзината спротивност... Не прај ништо и не преземај ништо, зашто ионака е сеедно... Бррр! Иду бре у курац, ХХХ, комплет со своите ментално и морално сјебани истомисленици!

Испратено на 12 јули 2010 од Адреналина Бонбина
Вакви типоси ко Gjorgji (Todoroski) само за у хорор филм.
Фала ти, (интернет) мајко, што изроди вакви психопати, за чоек се’ да има на едно место: ем политика, ем теорија, ем естетика, ем автентични („телесно и духовно плодни“) манијаци.
Гелевски маа у сред среде: у патолошкото јадро на партијата околу која психопатите (налик на Gjorgi) се лепат ко бумбари околу сијалица. Ради тоа лудациве се осеќаат повикани директ да го траснат своето незауздано (плодно) лудило. Јака ти душа, Гелевски. Јас пред вакви манијаци и пред тв покривам глава со ќебе. Изглеа дојовме на тоа дереџе сите, ко неумни, да се криеме под ќебе пред лудациве.

Испратено на 10 август 2011

Испратено на 10 август 2011 од Економски аналитичар
Уништувањето на луѓето од типот Рамковски, Цановски или Милчин, освен политички причини, има и една многу проста причина: пљачка, грабеж. Знаејќи го капацитетот на акалот на бандата, не е нерезонски да се смета дека клучната причина за целокупната активност на бандата (фамилијата) е - простата пљачка. А1 ТВ веројатно земала десетина милиони евра годишно од огласување. Сега тие пари ќе бидат пренасочени кон Фамилијата (башка политичкиот ќар). Цановски исто така има бизниси (универзитет), конкурентни на бизнисите на Фамилијата. Затоа просто ќе му ги грабнат, без многу фемкање и мислење (башка политичкиот ќар). Милчин исто така контролира околу 4-5 милиони евра во невладиниот сектор. Замислете колку ќе се радуваат инстант здруженијата на Фамилијата, кога Грујо ќе им подели нови 4-5 милиони евра за проекти што ја воспеваат улогата на неговиот режим?
Марфи збореше: само следи ја трагата на парите. Тоа е груевизмот - пљачка и насилство.

Испратено на 10 август 2011 од Инсајдер
Има и трето: Груевски особено снажно мава по довчерашните сојузници. Велија беше гз и гаќи со Груевски од 2006 до 2008 и во тој период примил неколку милиони евра од владата. На Цановски веројатно исто така добро му врвеле бизнисите во периодот кога беше сојузник со пастирот. Љубе Бошкоски исто е стар вмровец, толериран и помоган дур беше послушен. Мала непослушност пројавија и Ване Цветанов и Тренковски - и брзо се соочија со дисциплинските мерки на фамилијата... Најпосле, и детето што го убија беше чисто вмровче, принесено на олтарот на фамилијата како да живееме во царството на Инките... Интересна беше и реакцијата на фамилијата по убиството: „што се мешате во наши работи, детето е наше“. Какво лудило! Фамилијата си живее во свој свет, со свој кодекс, морал, закони... Се обидува тие да станат општонационални... Тешко им иде. Но, дотогаш, не дај боже да си нивни и да згрешиш!

сам со себе полемизира, ама

сам со себе полемизира, ама ај, веќе видено и здодевно. туку, едно прашање до авторот на овој текст - од каде и со што можат да се поткрепат тврдењата дека само еден човек (груевски) е одговорен за сето лудило што ни се случува? мислам дека во тој поглед се преценуваат неговите способности. та, белки не е груевски некаков надчовек кој може да ги влече сите конци во државичкава? а? или јас нешто сум пропуштил во меѓувреме?

Не копчаш, Рамадански. Хитлер

Не копчаш, Рамадански. Хитлер не е надчовек. Ни Слоба-Злоба не беше монструм. Ниту јадниот пастир, Златниот-Црниот, Малиот-Големиот, прославениот Црни Грујо, е некакво чудо од човек. Не. Сите тие се више-мање здодевни бедници низ кои струјат предрасудите и стереотипите на толпата. За Слоба зборуваа дека у ужасно досаден комунистички апартчик. За пастирот велат, тие што непосредно комуницирале, дека е фрапантно лимитиран во сфаќањата. Она што е важно е зашто тие луѓе, просечни, медиокритети, често кукавици итн., се симболи на цели нации, држави и епохи?! Заради тоа треба да се проучува груевизмот. Инаку, се разбира дека многумина во близината на Малиот-Големиот дрмаат, ќаруваат, внесуваат дел од своите ступидни визии... Постои мит, нали, дека браќата Мијалкови всушност се господарите на мк, оти Златниот-Црниот, просто, е ограничен. Но, тоа е само мит. Браќата можеби штекаат лова&моќ, но пастирот е фасцинантната историска фигура која треба да се проучува. Браќата се предвидливи гангстерчиња, а пастирчето е симбол на Македонија.

верата е таква да таа

верата е таква да таа опстанува конитуирано пред невозможното, при што луѓето имаат сила симултано да веруваат во барем две контрадикторни работи во исто време (кјеркегард), од тука да го изведеме тоа како закон: колку поневозможно е било што да биде, толку повеќе тоа мора да биде/да се случи, или, колку и да е непростливо, толку повеќе мора да се прости (поради тоа верниците му простуваат, од проста причина што тој е верник фанатик со кој они се поистоветуваат), или, колку и да сме у не можност да го сакаме, ние мораме (вмрофците верници) него што повеќе да го сакаме; ова би била една формула, која иако не изгледа како формула, таа мора да биде формулата, значи он живее во контрадикторност од тоа што е према тоа што мора да биде, поради тоа што некој мора да ја оправда состојбата на постоење во име на нешто повисоко, нешто што се устоличува, иако не може да се устоличи, толку повеќе мора да се устоличи, мора да се оди напред, мора да се боди, иако не е способен за борба.. итн.

бизарноста да биде уште

бизарноста да биде уште по-невозможна, не-модуларна, таа мора да биде!, за ние да зборуваме за неа, а преку неа да ја разложиме на елементарни компоненти и да видиме во кои домени оваа бизарна логика има организираност за да има смисла, ако се обидеме да се информираме што тоа се случува, тоа мошне тешко оди поради тоа што имаат формат на покривање и контра-организирана информациона стратегија која ја водат неколку идијоти, (секвенци: случајот со нарачателот на огласот за Хес, случајот со покривање на секакви идиотштини и шумови со пресови, контра-протести, контра-идеи за тоа што се случува и фашизам во скриена форма), ги пратиш во областа на копиљаците кои се на функции: дали преку ајкју-то или преку активирање на кортекстот преку елоквенцијата на министрите/градоначалниците или нивните имитирања на пастирот, преку референцирање на текстови, изреки или сложени реченици кои сами опишуваат колку било кој е читан или има капацитет; а дел од тоа што е релевантно е таа скриена информација која ние ја добиваме, но се лажеме дека добро ја интерпретираме поради тоа што повторно кажувам, тоа мора да биде!, но не можеме да добиеме вмрежена информација со барем две насоки на било што што се случува, бидејќи ние се возиме во атмосфера на видео-игра, према тоа мораме да одиме обратно, ако нешто според нив се случило, тоа морало да се случи поради тоа што они го возат тоа, за тоа се добиваат награди како кога се поминува одредено ниво во ивдео-игра, наместо разбирањето дека всушност нештото е практично невозможно да се направи; а што тоа стварно се случува и што предизвикува агресија преку јавни истапи, анксиозност преку медиумска покриеност на сЕ и процесирање во еден субсет од невозможната идеја дека секаде мора да се владее, поради тоа што тоа е не можно, тоа мора да биде, мора да се владее.. и тука гледаме каде се движи оваа морална димензија повторно во овие пратени проекции преку индивидуалните примери, медиуми и најјебозовниот елемент у ова гадно владеење освен тајната полиција: црквата.

тоа што ќе го видиме после некое време е: работите ќе станат автоматски до таа позиција да, секој како во централниот и извршниот одбор на вмро или друга слична партија како лдп на пример ќе има лидер кој ќе мора да ги контролира тие под него единствено и ако тие се интелектуално под неговото ниво, така што, сега се владее со идијоти, поради тоа и се тие ставени таму, бидејќи не можеат да се спротивстават мисловно.

ах

Гелевски е единствената

Гелевски е единствената причина заради која доаѓам на окново и оставам по некој коментар.
Многу ми е интересно да ги гледам неговите бесни коментари! Како да го гледам пред мене, разбушавено луто мало човече, неизлезено од средношколскиот бунтовен филм и преполно со детски комплекси!
Човекот не е способен за себекритичност, убеден е дека е прогресивен левичар а реално е само едно партиско мегафонче „без концепт за револуција“ (што би рекол Ристо Вртев, нека ми прости што го спомнувам) :)

Е сега ова Гелевски не е фер.

Е сега ова Гелевски не е фер. До сега не удави за „примитивците и неписмените“ од ВМРО на чело со Груевски наспроти „елитата“ на СДСМ на чело со Црвенковски, за сега наеднаш да свртиш за 180 и да кажеш: Знаете што, мене не ми е до партии, ама сакам да ви кажам дека типов е стварно луд, и исти е како Хитлер. Еве прашајте го доктор Фостер, Хитлеровиот психијатар. Човек не може а да не се запраша, од кого си повеќе фасциниран, од Груевски или од Хитлер. Јас лично мислам дека си опседнат со фашизмот и Хитлер, и дека Груевски ти е само локална проекција која ти овозможува да го искористиш своето инаку неупотребливо знаење и потрошено време. Што е уште потрагично пак правиш констатација мув-глув. Сите диктаторски општества не се резултат на диктаторите, туку на самите општества. Дадените услови во општеството во одреден момент исфрлаат личност која всушност истовремено е и производ и представник на опшеството. Ќе се обидам да го илустрирам ова поубаво со теоријата на капка. Ако фрлиш камен на потполно мирна водена површина, енергијата која ја пренесува каменот овозможува капките од течноста да се распрснат низ воздухот. Е сега, од сите овие капки една ќе биде највисока, иако навидум пред да удри каменот била како што викаш здодевна, и во ништо не се разликувала од другите капки во мирната вода. Ако сега земеш да анализираш, има субјективни капкински причина зошто таа капка отишла највисоко, (најдобро била позиционирана на местото на ударот) меѓутоа енергијата за отскок дошла од каменот а не од самата капка. Преведено, ова значи дека твојата анализа за менталната состојба на Хитлер во ниеден случај не може да ни ја открие причината за настанокот на диктаторските режими. Менталната состојба на Хитлер не е воопшто битна за хаосот што се случи во Германија. Пропагандата и фрлањето на вината после втора светска војна на само еден човек и луѓето околу него беше само трансфер на колективната одговорност и вина на Германскиот народ за геноцидот. Не е можно Германците да не знаеле дека ги снемува нивните комшии - Евреи. Каменот во Германија бил самото општество и незадовослтвото кое постоело.
Како и да е, еве уште еден доказ дека апсолутно не зависи од „диктаторот“. Америка е полна со супер-амбициозни и луѓе со многу висок капацитет, кој на економски план ја освоија планетата, па ниеден во ниеден момент не ја направи Америка диктатура. Карактеристиките што ги наведе за Хитлер верувам ги има насекаде во Америка, пошто вербата во себе (некогаш до степен на илузија) е основниот двигател на американското општество, па сеуште се нема појавено човек кој има диктаторски претензии. Зошто?

Цел живот да го поминеш

Цел живот да го поминеш читајќи, учејќи и образувајќи се себеси до ниво да станеш најначитан шизик у маало и на крајот од денот, цела таа инвестиција да ја користиш од некоја канцелариичка со гратис лаптоп, пишувајќи текстови за Груевски.

Ептен тажно.

Мошне се важни поентите од

Мошне се важни поентите од претходниот текст на Гелевски, на истата тема:

Она што Груевски го разликува од речиси сите други македонски политичари е силата на неговата политичка волја. Во таа точка лежи неговата најголема доблест како политичар, но и неговата најголема слабост.

Снажната политичка волја, од една страна, е знак за вера, принципи, упорност и храброст; од друга страна, нагласената волја во политиката често претставува радикализам и фанатизам, т.е. отсуство на рационални индикатори и неспособност сопственото мислење да се усогласи со туѓото.

Во политиката клучен е балансот меѓу волјата и одговорноста, а не самата волја по себе. Одговорноста и разумот мораат да ја припитомат волјата. „Да се изврши мојата волја, па макар потоп после мене!“ е концепт сосема неприфатлив во политиката. Според Макс Вебер, трите најважни одлики за политичарот се: страста, чувството за одговорност и мерката. Клучот е во нивната комбинација, во добрата избалансираност.

Затоа примерот со Груевски во историска смисла може да биде прилично контроверзен за македонските состојби. Груевски ја радикализира политиката на начин страста и „теророт на убеденоста“ сосема да го засенат чувството за одговорност. Затоа политиката кај нас, по Груевски, веќе нема да биде иста. Влоговите значајно се зголемија, како и грубоста, валканоста на играта. Реално е да се очекува дека Груевски ќе ги натера противниците на ист таков радикализам, на иста „непоколеблива политичка волја“.

„Ние, работниците, сме тие

„Ние, работниците, сме тие кои ги изградиле овие палати во Шпанија и Америка и насекаде. Ние, работниците, можеме да изградиме нови, кои ќе го заземат нивното место. И подобро! Ни најмалку не се плашиме од урнатините! Ние ќе ја наследиме земјата, во тоа нема никаков сомнеж. Буржоазијата може да го разнесе и уништи својот свет пред да ја напушти сцената на историјата. Ние овде, во нашите срца, го носиме новиот свет.“
Буенавентура Дурути

сам со себе полемизира, и не

сам со себе полемизира, и не само што е веќе видено, туку и е здодевно.

Оти па да не си полемизира

Оти па да не си полемизира сам со себе, кога човекот ги знае и вистинските прашања и вистинските одговори.

Прав си. Ја само го чекам

Прав си. Ја само го чекам денот кога ќе се појави на ТВ Амазон да гледа на грав и тарот. Нека го земе и Рамадан, ќе биде ШипТарот.

Стоко шовинистичка, измеќару

Стоко шовинистичка, измеќару на бедни политички криминалци, малигна фиданко на тоталитарниот ум, еволуциска утко (хибриду меѓу гнида и буба за прислушкување), мизеријо способна да го ископаш рудното благо на пиздинството во сопствениот карактер, националистичка гнидичко, ти суштество лишено од каква било универзална етичка супстанца, со добри шанси за понатамошна ретардација, тебе, ништожнику, ти се обраќам за да ти кажам: нали вашиот пастир е хомо универзалис кој 24/7, комплет со целата своја мафијашка свита, ја шпарта мајка Македоња и планетава и гради и гради и гради, ко што Ленин учеше?! Нали пастирот пред кој коленичите ги обиколува тарот телевизиите (Јанко, Миленко, Томиќ итн.), држи предавања за историја и идентитет и ги отелотворува своите грандиозни уметнички визии во паузата меѓу епохалните решавања истовремено на земјоделството, социјалата, компјутеризацијата и светската економска криза?! Нали пастирот и неговиот клон Тодоров (ем лекари ем учители, двајцата, за напатените македонски души) се најуниверзалните и најпаметните главешини на Фамилијата, по кои смерно чекорите, со наведнатите глави?! Нали само они ве учат&лечат? Што не идеш, шовинистички испрдоку, пред влада, да се буниш што пастирот го влече македонскиот тарот накај смрт, заедно со Ахмети шипТарот (ах, како си духовит, баш ко типичен вмровец)?

Гледајќи ве вас, кербер-гнидите, општествените ретарди, човек треба сериозно да размисли да предложи закон против злоупотребата на политичките водачи од страна на бедниците кои копнеат по тоа да им служат.

Гелевски се обраќа некому со

Гелевски се обраќа некому со „...измеќару на бедни политички криминалци...“.
А самиот тој е измеќар на Црвенковски (беден политички криминалец, икона на гнилата транзиција).

Каков идиот!!!

Ама и народот има исконска

Ама и народот има исконска потреба од алфа водач...не знам за другите ама моите другари пензионери, кои на време некритички го обожаваа Тито и самоуправниот социјализам, сега се најголеми обожаватели на Грујо и неговата квазипатриотска политика...

Неколку пати до сега ги

Неколку пати до сега ги декларирате ВМРО и Груевски како националисти и квази патриоти. Во оваа колумна велите дека сакате да го разберете Груевизмот за да го победите. Еве ви предлагам да почнете со тоа да си одговорите на прашањето зошто сметате дека Груевски и ВМРО се националисти и ултра патриоти. Кои нивни постапки ве наведуваат на тој заклучок? Значи да видиме една анализа со аргументи од која на крај ке произлезе заклучокот дека се националисти. Сигурно нема да ви е тешко затоа што секоја реченица ја почнувате со тоа дека се фашисти, односно ултра национал социјалисти. Би требало примерите да бидат бројни, ако се суди по вашата „самоувереност“ во вистинитоста на вашите тези.

Квазипатриотизам....например,

Квазипатриотизам....например, пет години да трубиш против злочинците од хашките случаи, па наеднаш да ги амнестираш од чисто прагматични причини ( останување на власт). Фашизоизам...например, тенденцијата да се контролира све во државата, баш се, да не набројувам...

Па нешто не се сеќавам Хитлер

Па нешто не се сеќавам Хитлер да помилува некои од противниците за да остане на власт. А за хашките случаи Џовек од погоре вика дека според Макс Вебер, трите најважни одлики за политичарот се: страста, чувството за одговорност и мерката. Клучот е во нивната комбинација, во добрата избалансираност.
Значи по Маркс Вебер (Гелевски претпоставувам) може да се заклучи дека е и добар политичар.
Понатаму, тенденцијата да се контролира се во државата, во нашиот случај не се вика фашизам, се вика перфекционизам, односно начин кога веќе работите сами по себе не се завршуваат, што ради мрзливост, што ради комфорност, што ради лични интереси, да се дојде до каков таков напредок. Да се разбереме, јас не го оправдувам ни таквиот перфекционизам, ама сум дефинитивно уверен дека нема врска со фашизам. На пример едно е сега повеќе од јасно. Да не се избуткаше Скопје 2014, уште ке паламудевме какви статуи и кои згради да се прават и во кој стил. Само Гелевски напиша сто книги и заработи за тоа. Да не правам муабет за хонорарите од колумни за Скопје 2014. Кога сме веќе кај тоа, ако книгите беа напишани од патриотски причини би требало сите пари од приходот на тие книги (ако ги купува некој) да ги прати во добротворни цели.
Во Македонија времето е растеглива категорија и многу луѓе немаат видено ваква форца во извршување на работни задачи, така што цело време бараат некој друг скриен мотив, или налудничавост, како објаснување, која ке ги објасни овие „не-македонски“ карактеристики. „Елитата“ бара вакви објаснувања затоа што целиот ќар од биднување елита е да си платен а да не работиш многу. Се сложувам дека Груевски постави нови стандарди кои тешко ке биде да се пратат. Единствена варијанта на луѓето после Груевски ќе биде да докажат криминал а со тоа да си обезбедат и алиби односно оправдание дека сето тоа се правело од криминални поводи, и е всушност неизводливо во нормални услови.

Meglena mnogu drobis gledam i

Meglena mnogu drobis gledam i davas pretpostavki za logika koja ti sakas da ja vidis kako da e toa toa a ne nesto drugo.Ako trgneme od proektot Skopje 2014 ke vidime deka tuka nema ama bas nisto normalno ,proceduralno zakonski izvedeno vo edna normalna procedura .Se se sveduva na zelbata na eden covek koj sakajki nesto da postigne pocnuva da gi skoka zakonite da gazi preku lugje samo da ja zavrsi rabotata zatoa sto toa e samo edno vetuvanje od negovata partiska programa.I normalno site se staveni vo mat pozicija zatoa sto rabotava se turka od najvisokoit organ na ovaa drzava centralniot komitet kako od boga daden koj kazuva koj kolku pari ke ima utre , kolku ke bide strujata i parnoto , koj i kolku ke bide osuden , koj i koga ke bide lustriran itn itn. . E toa e logikata na tirkanjeto na rabotite do kraj od strana na nasiot ni mil lider koj gi pogazi site normlni demokratski pravila i proceduri samo zaradi zadovoluvanje na svoeto ego i narcisoidni liderski ambicii . Ne me cudi sto Gelevski si najde edna neiscrpna inspiracija za poetsko izrazuvanje , navleguvajki aniliticki vo psiholoskata matrica na totalitarnoto vladeenje koe deneska go gledame kako eden vid meka diktatura na oligarsite preku frlanje na troski leb na narodot. Se dodeka partiskata kniska e dokumentza vlez vo raskosot i elitistickiot nacin na zivot od demokratijata nema ni d da ostane. Zalno ama vistinito.

Очаен, колку јас што знам за

Очаен, колку јас што знам за тој проект, проектот е процедурално законски изведен, инаку секој денар од тој проект би можел да се смета за украдени пари. Проблемот не е во процедурата во Македонија, туку во мрзливоста, комфорноста и личните интересе на луѓето избрани да ги бранат нашите интереси. Конкретно Гелевски треба да ни каже ако има проблем со Скопје 2014, кој од неговата општина ли, населба ли, го представувал неговиот глас кога се гласало за Скопје 2014. Кој е тој што се продал или бил мрзлив да прочита што пишува на дневниот ред. За такви работи треба да се дискутира, да се дискредитира неодговорноста и мрзливоста. Ова со Хитлер, Груевски и Црвенковски е само разводнување на конкретната одговорност на луѓето кој гласале за проектот, во зедничка-групна одговорност за да можеме после како таква да ја префрлиме врз некого кого сме го избрале за жртва. Се работи за препакување на одговорноста. Свесно или несвесно , пак заради мрзливост се нуди друго решение за проблемот, во форма на менување на главниот играч Груевски со Црвенковски, односно решението не е фундаментално, туку обично ветување дека овој вториот нема да прави глупости. Значи замена на една мека диктатура со друга мека диктатура, диктатура што ке и се допаѓа на опозицијата. И пак тие истите во градот ке гласаат за следната глупост на новиот бос. И така во бескрај. Се додека опозицијата не понуди некоја фундаментална промена, (како што направи Груевски со малиот New Deal план), ке си остане опозиција.

једи говна стоко моронска

једи говна стоко моронска ретардоидна, ти јебем матер

еј, Mаму да ти ебам.... многу

еј, Mаму да ти ебам.... многу добро име, кај ти текна.... Mаму да ти ебам...многу духовито. И не заборавај апчињата, Mаму да ти ебам. Ај остани со здравје .... ова за тебе е Mаму да ти ебам.

Да,така се правдаше и

Да,така се правдаше и Чаушеску кога ја градеше монструм - палата, ама заврши не баш перфектно....фашизоидно е кога образовани персони, замаглени од привилегиите, се стават во одбрана на некое мало Хитлерче...

Da mi prosti Gelevski, no vo

Da mi prosti Gelevski, no vo tekstot ima dosta nedorechenosti.
Kako voved za neshto shto treba da sledi, mozhebi nov feljton kade ke se pravat sporedbi so redica diktatori, se razbira vo narednite izdanija, pa vo nekoi od niv i ke se najde nekoj relevanten argument kako potvrda na negovata pretpostavka, zatoa shto ovde, sega, toa go nema.
Vo prviot del, kup iskazi na psihijatri shto go lechele A.H. i se razbira tuk-tamo po nekoj citat.
A vo vtoriot del, kade treba da bidat smesteni glavnite argumenti-negovoto stanovishte, toj pak se povikuva na statii, ovoj pat negovi.
Poinaku recheno, nedostasuva logichen zakluchok shto treba da proizleze od poznati premisi ili premisi za koi se pretpochita deka se vistiniti.
Ajde da trgneme od prepostavkata deka granatniot shok shto go dozhiveal i mentalnata terapija shto ja dobival A.H. bila "otskochna daska" za negovoto povedenie.
Shto toa znachi?
Po analogija, da go barame "takviot" moment vo razvojot na N.G.?!
Da ne e vo bokserska sala, da ne e vo MNT ili pak drugaruvajeto so G.Sandel i Vaknin ili mozhebi prvite negovi statii vo Dnevnik...
Zatoa mislam deka ovoj obid na Gelevski e interesen, no ima mnogu nedorechenosti za da se odrabotat vakvi tezi i hipotezi.
Vo phd disertacija mozhebi, na dolgo-shiroko, argumentirano, no ne i ovde i ovoj pat.

Траба Кољо да ја приложи оваа

Траба Кољо да ја приложи оваа пхд дисертација во Мала Речица. Таман таму немаат проблем со среднисти докторанти.

Колку што знам, вие, талогот

Колку што знам, вие, талогот на Македонија, слугите на мафијашката Фамилија, сте во сумљива (пеливанска) гушка со некогашните албански терористи. Така што, не копчам, за која Мала Речица зборуваш?! Таму кајшто се работат (топлите браќа) Грујо и Ахмети? Нацистот и марксистот? Си има секој од вас груевистите свој ДУИ ебач? И стварно мислите дека вие нив ги ебете, цело време?! Или сепак сте свесни дека се мењате, чат-пат?! Ах, каква трагична нацистичко-балистичка љубов!

Абе, не амо Грујо, туку и

Абе, не амо Грујо, туку и Хиќо ја љубел архитектурата, бескрајно! Еве што вели во Мајн Кампф, на почетокот на глава 2:

Само во ретки мигови ми доаѓаа мисли дека мојот талент на уметник понекогаш се потиснува од талентот на технички цртач, особено во областа на архитектурата. Се’ повеќе се зголемуваше мојот интерес за градежништвото. Влијание во таа насока имаше и моето прво патување во Виена, кога имав шеснаесет години. Тогаш заминав во престолнината за да ја посетам уметничката галерија на музејот во дворецот. А всушност, погледот ми се задржа само на музејот. Го обиколував градот од утро до вечер и се трудев да видам колку што можам повеќе знаменитости, но, на крајот, вниманието ми го привлекуваа само зградите. Со часови стоев пред зградата на операта, со часови ја разгледував зградата на парламентот. Чудесните згради околу плоштадот ми изгледаа како приказни од „Илјада и една ноќ“.

Ako e za nekoja uteha, a ne

Ako e za nekoja uteha, a ne e, i Italija ima svoeviden P. 2014.
Mussolini e roden vo Predapio, selo vo regionot Emilia-Romagna.
Vo gradot Forli,togashen administrativen centar na Romagna, erektirani se bezbroj spomenici, nauchni instituti, administrativni zgradi pred 2 svetska vojna, shto pretstavuvale lik na "novoto vreme".
Sueushte figuriraat tamu, zjaat so praznotija i se izdvojuvaat od ostanatite objekti.

Море, има логика, да си ибеш

Море, има логика, да си ибеш векот.

Бранко ништо не изгради, значи Бранко е сосема нормален и не е диктатор.

Море Коља и сите останати

Море Коља и сите останати таму. Николче е само ПР фаца, не гледате дека е секогаш насмеан? "Пукате" во погрешниот човек, а сите знаеме кој ги влече конците од позадина.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото