Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (1)

10.09.2012 11:00
Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (1)

Ако се повикате на емоциите на народот, политиката е лесна, а ако се повикате на неговиот разум, таа станува тешка.

Крајот на Студената војна е време на големи очекувања: беше прогласен нов светски поредок каде што владеењето на правото го регулира поведението на народите. Силата нема место во денешна Европа, ни беше речено на конференцијата за Југославија од страна на европски правници, дипломати и политичари, а правото не значи само мирољубиви решенија туку и праведни решенија. Ново на европскиот континент, велеше оваа аргументација, е дека империјалистички сили веќе не наметнуваат решенија, затоа што, за прв пат во нашата историја, живееме во Европа во која сите држави ги поддржуваат принципите на демократијата, правата на човекот и слободата...

Се разбира, сите ние знаеме дека работите на испаднаа токму така: крвавите етнички војни како да ја потврдија аргументацијата на реалистите дека силата а не правото е она што е одлучувачко во односите меѓу народите. Меѓутоа, да се биде критичен кон овој глобален еуфоричен оптимизам од деведесеттите, не би требало да значи и целосно да се отфрли идејата за нова Европа. Македонскиот случај покажува дека важни промени се имаат случено во меѓународниот систем на држави. Имено, не би смееле лесно да го отфрлиме фактот дека во 1991 политичарите од шесте конститутивни делови на федерацијата имаа избор. Некои го избраа насилството. Ние во Македонија го избравме правото, и во сенката на етничките војни во Југославија, незабележани од светот, ја остваривме својата независност преку политика на мирољубиво самоопределување. Во текот на тој процес учевме дека правото не постои во некаков вакуум туку е дел од еден поширок политички контекст на суверени држави водени примарно од своите интереси.

Кога Арбитражната комисија на ЕЗ одлучи дека Македонија и Словенија се единствените две републики кои ги исполнуваат условите за независност, беше тоа триумф на правото. Меѓутоа, кога Германија одлучи да ги признае Словенија и Хрватска а Грција го блокираше признавањето на Македонија, тоа беше одново чиста политика. Сепак, со правото на наша страна баравме признавање на новата македонска држава. На голема непријатност на нашите западни соговорници кои лично имаа симпатии и ја поддржуваа нашата политика на мирољубиво самоопределување, нивните држави не ја признаваа независноста на Македонија заради противењето на Грција. Причините кои ни ги даваа немаа ништо со правото, но имаа многу со политиката: избори, државен интерес, недостиг од државен интерес, приоритети на домашната политичка агенда, солидарност во сојузите и тн. Сепак, пред да почнеме да го величаме правото и целата вина да ја ставаме на политиката, морам да ве соочам со парадоксот дека сепак токму политиката ни помогна да ја оствариме независноста. Имено, конструктивното поведение на Македонија беше наградено од политичарите во САД и во Европа кои беа критички настроени кон деструктивното поведение на нивниот сојузник Грција. Тие, се разбира, не можеа да го разрушат сојузот ниту пак да ги занемарат интересите на своите држави визави нивниот партнер, меѓутоа, пронајдоа начини да ни помогнат - најчесто од безбедна далечина или зад завесата на меѓународната политика.

Симпатизирајќи со мојата агонија заради отсуството на меѓународна поддршка за Македонија, еден американски пратеник ја кажа вистината:„Македонија, прошепоти тој, е балканското бебе од катран“. „Бебе од катран?“ Морав да погледнам во речникот. Изразот имаше повеќе значења: она кое што се однесуваше на нас беше дека ниту една држава нема длабоко да се инволвира од страв дека ќе се заглави во нашите проблеми; значењето кое што се однесуваше до другите држави, пак, беше дека ќе зажалат ако интервенираат и дека ќе зажалат ако не интервенираат. Пораката, како што ја разбрав, беше да не очекуваме премногу од меѓународното право, да се прилагодиме на новите ситуации, да бараме компромисни решенија и така да се обидеме да опстанеме. А, да, и да не се потпираме врз надежта дека, без оглед што ние ќе направиме, американската коњица ќе не спаси на крајот од филмот. Така, престанавме да го идеализираме меѓународното право, се прилагодувавме на новите ситуации, ги направивме тешките компромиси и опстанавме. Но, за воља на вистината, стаса и помош во форма на мал контингент американски војници под знамето на ОН, статионирани, можеби случајно, на аеродромот. Ова беше јасен сигнал дека Америка ја поддржува нашата независност а симболичното присуство беше насочено, пред се, кон Грција и нејзиниот регионален сојузник Србија. Помош пристигна и од европските држави, во форма на финансиска и друга поддршка. И Обединетите нации ја поддржаа нашата идеја да ја испратат првата превентивна набљудувачка мисија на неодбранетите граници на Македонија. Никој во светската политика не остана имун на фактот дека една млада и кревка држава беше изложена на насилството на посилниот сосед. Грција, во тоа време, боледуваше од иста болест како и Србија – од треската на национализмот. Манифестацијата на 1.5 милиони луѓе на улиците на Солун и Атина, кои извикуваат дека „Македонија е грчка“, блокади на границите, економски ембарга и дипломатска војна кон македонија со инструкции до грчките дишпломати да растурат се што ќе создадеме во меѓународната политика, личеа на подготовки за војна. Да се сретнат грчки политичари беше невозможна мисија. Преплашени од ефектот кој тие средби би го имале врз нивните кариери, тие буквално, со трчање, бегаа од нас.

Во меѓувреме, отпочна признавањето на Македонија од други држави, но ние знаевме дека признавањето од западните сили е од примарна важност за Македонија - уште тогаш, имено, ги формулиравме нашите стратешки надворешно-политички цели – членство во НАТО и во ЕЗ. Затоа, без оглед колку пати бевме одбивани, секогаш одново се враќавме, барајќи средби на кои го аргументиравме нашиот случај. Нашите аргументи ги почитуваа декларираните европски принципи, а нашето поведение беше чесно и искрено: бевме најконструктивниот учесник на Конференцијата за Југославија чиј финален документ беше изготвен според нашите предлози; вметнавме амандман во нашиот устав со пасус дека нема да се мешаме во внатрешните работи на соседот; ги признавме границите помеѓу Грција и Маёкедонија како трајни; бевме спремни на компромисно решение за името. Што остваривме? Со нашиот сосед Грција остваривме многу малку, но со меѓународната заедница остваривме независност со помош на меѓународното право. Во 1993, не многу подоцна од другите југословенски републики чии политичари ги турнаа своите народи во крвави етнички конфликти, станавме членки на Обединетите нации по мирољубив пат.

Некој би рекол, големо остварување, особено што се докажа дека балканските политичари грешеа кога постојано повторуваа дека не е можна независност со помош на правото туку само со помош на силата, и дека крв мора да се пролее за независност. Но, не добивме се што ни следуваше според словото на правото. Како последица на грчкото противење и интересите на големите сили визави нивниот незгоден партнер, не бевме примени во ОН под нашето уставно име туку под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Конечно, македонскиот национализам, распореден ширум спектарот на партиските политики, имаше случај: случајот на уште едно историско понижување на македонскиот народ. Во моментот на најголемата победа, прашањето за името стана новиот симбол на поразот на нашата нација. Згора на ова, чувството дека овој пораз е резултат на политика на попуштање растеше со намалувањето на стравовите од војна и со мирот во кој државата, како последица на разумната политика, продолжи да живее. Приказната зад приказната е дека во моментот кога Македонија се етаблира како суверена држава во меѓународните односи, политичарите бргу научија дека ако се повикате на емоциите на народот, политиката е лесна, а ако се повикате на неговиот разум, таа станува тешка. Така, високоемоционалното прашење за името стана извор на политичка моќ и значеше и сеуште значи изборна победа на партиите и лична политичка промоција на водачите и на партиските членови. Следејќи ја таа лесна логика, сите во политиката станаа бранители на достоинството на нацијата преку одбрана на уставнопто име на Македонија, па престана секаков интерес да се следи тешкиот проблем до неговото разрешување. Така, бидејќи национализмот стана баран производ на политичкиот пазар, првичните национални агзалтации иколу името, постепено беа следени од ревизија на македонската историја, со ставање акцент на претходно запоставениот период на античка Македонија. Се загуби секаков интерес за објективната историска вистина, па во оваа смисла, македонската политика стана огледало на грчката политика. „Да, нашето поведение беше погрешно на почетокот од деведесеттите, жалиме за тоа и се извинуваме“, ми вели деновиве еден грчки диопломат„ но зошто сте вие денес таму каде што бевме ние тогаш?“. Одговорот е едноставен: едниот национализам се храни од другиот.

После насилната дезинтеграција на југословенската федерација во деведесеттите, грчкиот национализам не сакаше да го прифати фактот на постоењето на независна македонска држава на нејзините граници, на посебен македонски национален идентитет, а најмалку дека таков идентитет постои и на грчка територија. Верувајќи дека македонското име е дел од нивното историско наследство и дека не може да биде употребено за идентификација на друга нација, новиот македонски идентитет беше доживеан како заканувачки за грчките национални чувства, но исто така и за кохезијата на новиот грчки македонски идентитет. Сеќавањата од Студената војна и обидот на светското комунистичко движење, од времето на грчката граѓанска војна, да се променат границите од 1913/1919, на овие чувства им даде таква силина што на словенскиот македонски идентитет се гледаше како на закана за грчката национална безбедност. Оттука и непријателското поведение кон нас: беа разбранувани грчките националистички емоции, ни беше наметнато осакатувачко економско ембарго и на новата држава ѝ беше објавена дипломатска војна. Сето ова имаше меѓународни и внатрешни последици за Република Македонија. Заради противењето на Грција, бевме симнати од, потенцијално, брзата коловозна лента кон европската интеграција, додека дома, грчкиот национализам широко ги отвори вратите за националистичка интерпретација на македонската историја и идентитет.

Линк до вториот дел

Универзитет Колумбија
Њујорк, 15.10.2010
Конференција насловена "Македонија е важна: конфликт, коегзистенција и Евро-атлантска интеграција во јужниот Балкан"

Слики: Свирачиња

 

Високо го ценам професорот

Високо го ценам професорот Малевски, меѓутоа мислам дека и најумните некогаш не се снаоѓаат најдобро во исклучителни ситуации, можеби затоа што во тие ситуации не е потребна памет, туку кохони. За освојување на територија, што всушност и се случуваше во тој период, кога всушност Македонците се обидуваат да ја обележат својата територија, повеќе треба херои отколку мислители. Бидна како бидна, и еве по 21 една година сеуште не можеме да напишеме име на тапијата, а камо ли да ја одбраниме.
Не велам дека не е добро што без жртви ја добивме независноста, меѓутоа треба да се знае дека свесно одбравме пат позиција, и не треба да се чудиме многу за неактивноста на другите околу нас и спорото решавање на проблемот со името. Како очекувате некој да ни помогне, кога со решавањето на нашиот проблем со името и историјата никој жив на планетава не добива ништо. Може само да изгубат. Зошто во таква ситуација би ви помогнал некој? Сега моментално од нашиот проблем живеат добар број на дипломати, кој нон стоп дробат како треба да се реши прашањето. Вистината е дека сите тие сметаат дека прашањето со Македонија може да се реши дамо ако држава со име Македонија нема, односно она што му го кажал американскиот дипломат на Малевски. Значи да резимирам, не постои ниедна рационална политика или каков било каква друга мудра политика која би го решила проблемот со името во наша полза. Едноставно затоа што за тоа освен нас, никој друг не е заинтересиран.
Не постои „политика на попуштање“, која професорот Малевски си ја замислува како дипломатско орудие, туку постои политика на step by step убедување на Македонскиот народ од страна на „надворешниот фактор“ дека губењето на идентитетот и не така лоша работа во времето на глобализацијата, и дека порано или подоцна сите ќе ги снајде истото, и сите ќе бидат граѓани на една глобална заедница, почнувајки од ЕЗ каде не е битно ни што си ни од кај си.
Ако погледнете наназад што ни случи со времената референца, знамето, уставот, рамковниот договор, промената на преамбулата, ќе видите дека таму нема ниедна промена во полза на Македонскиот народ и неговиот идентитет, и дека сето тоа е дел од step by step тактиката на „надворешниот фактор“, подржана од нашите слепци.

Ovoj "Meglena" se razbira vo

Ovoj "Meglena" se razbira vo se': potpishuval 100 milionski, vo dolari, arhitektonski proekti (vo stranstvo!), sega komentira visoka nadvoreshna politika....Bog da chuva i da brani, se zbrka chovekov, koj znae kolku mu e teshko da se prefrla od oblast vo oblast, hihihihihi

Нема шанси со мене...

Нема шанси со мене...

Дали Владо и неговите другари

Дали Владо и неговите другари кои излегоа во планина ПОПУШТАА?

Дали бараа КОМПРОМИСНИ РЕШЕНИЈА?

Што би рекол Владо за текстов?