Македонската скулптура и проектот СК014

12.09.2012 12:32
Македонската скулптура и проектот СК014

Нашата реномирана теоретичарка на уметноста, кога го разгледуваше делото на Петар Хаџи Бошков, го окарактизира како „...внатрешен психолошки отпор кон соцреалистичкиот третман на формата т.е. кон идеологизацијата на уметничката идеја"; неговите скулптури "делуваат идеолошки субверзивно"; се забележува тежнение кон деидеологизирање и "промена на ортодоксната позиција на миметичката слика, заобиколувајќи ја идеолошката стапица..." И така натаму се зборува за делото на Хаџи Бошков создавано во ерата на соцреалистичката догма.

Од оваа временска дистанца јасно ни е што се случуваше со скулптурата за време на владеењето на соцреализмот.

Сега ни се наметнува прашањето: дали и денес кај нас се случува слично деградирање на уметноста? Бидејќи, можеби идеологијата сега е друга, но улогата на уметноста во служба на идеологијата и сега, како тогаш, е слична. Скулптурата и сега е идеологизирана, уште повеќе, и во најголем број случаеви е сведена на мимезис, подражавање, сведена е на академска споменична скулптура поставена на „тврд" масивен постамент. На постаментот задолжително треба да има фриз со релјеф кој ќе нèедуцира за животот и делото на личноста која се претставува! Премногу еднолично претставувањето на личностите од нашата историја! Без живост, без динамика, и - едноставно не се вклопуваат во ова време.

Што се однесува до урбаната, амбиентална скулптура и инсталацијата, тие се целосно запоставени, цело време.

Скулптурата на почетокот на овој век е нешто што умот не може ни да го замисли. Толку високо, длабоко и широко, во огромните пространства на човековата креација, таа има достигнато живот. Таа, во симбиоза со науката и технологијат,а стана дело кое нèзамелушува со својата убавина, раскош и проникнувачкото спознание.

Скулптурата е амбиент и воздух исполнет со светлина. Таа го прошири својот простор и кон животната средина. Веќе одамна излезе од галериите и од урбаниот простор низ тн. ленд арт. Скулптурата денес е сеопшта убавина на планетата земја, а во таа сеопшта убавина уметникот само интервенира со своите дела, и така уште повеќе ја потенцира...

Овие сознанија не се далеку ни од нашите уметници, од нашите млади генерации уметници, од потребите на нашите млади луѓе, па и на оние средовечните и повозрасните.

Кога прашав двајца млади архитекти, каков став имаат во однос на проектот Скопје 2014 и колкав процент од младите студенти го поддржуваат, првиот ми одговори: "Многу мал процент од младата генерација на архитекти го поддржуваат проектот. Младите се чувствуваат пријатно во актуелните светски уметнички случувања..." Другиот ми вели: "Споменикот на Александар, океј, скулптура ко скуптура не е лоша, но тој постамент! Катастрофа!"

Капитални грешки со проектот Ск 2014

21 година од осамостојување на Македонија, оформувањето држава и национален идентитет во вистинска смисла, е краток период за етаблирање силни институции во културата, кои низ законски процедури ќе ги штитат духовните и уметничките вредности. Тоа е така, уште повеќе, бидејќи два крвни непријатели и спротивставени блока постојано го рушат она што едниот започнува да го гради, и обратно, без конструктивен консензус во однос на заедничкиот и единствен идеал во својата држава.

Во тој вакуум меѓу она што сме сега и она што треба да бидеме, се најде оваа власт која како итна мисија го спроведува својот проект, силно мотивирана од идејата дека конечно дојде време да се изгради сèшто недостасува за ние да бидеме модерна држава и нација. Во таа намера се прават капитални грешки, од повеќе причини...

Прва и суштинска грешка е „останувањето на локално ниво" и прифаќањето на проектот на „уметникот" (или уметниците) кој/и нема/ат визија за универзалните уметнички вредности и се со „гетоизирачки, еднодимензионални принципи на творечко мислење и дејствување". А тоа се случува токму поради неспроведувањето законски процедури, знaчи, намерно необјавување меѓународен конкурс за урбанистички проект за центарот на главниот град на Република Македонија (или дооформување на постојниот на архитектот Кензо Танге). Тој конкурс кој сигурно немаше да помине без пријавување проекти од светски квалитетни архитекти, бидејќи врвните уметници-архитекти не би пропуштиле да имаат една таква референца во биографиите. Значи, на тој начин, свесно и намерно се пропушти шансата во оваа држава да влезат архитекти со светско име.

За тоа каков изглед ќе добие нашиот град, ако се реализира овој проект, први треба да се произнесат архитектите. Ниту нашите архитекти, ниту уметниците и стручњаците од други области, ниту јавноста, беа прашани за мислење. Би рекла, едно крајно некултурно однесување од страна на власта, без преседан!

Форсирањето квантиетет, а не квалитет, како да е мото на овој проект. На уметнички неквалитетна урбана база, која е во дисконтинуитет со урбаната мисла на Кензо Танге, без ред и без никаква смисла за амбиентално вградување, се распоредуваат споменични скулптури во огромен број. Уметниците-скулптори не се вклучени во урбаното проектирање-планирање, како тимско работење, туку често ( во нелогичните пропозиции од конкурсите) од нив се бара да одберат простор за својата скулптура, како да станува збор за нивен приватен имот, без претходна визија-план за целината! Затоа во овој проект не постои интегрално единство - хармонија меѓу урбаниот простор и урбаната и споменичната скулптура.

Јасно е дека во заднината на сево ова што се случува сега кај нас, е таа потреба, по итна постапка, да се реши она што ни недостасува да бидеме исполнети како нација/ идентитет: културата.

Од естетска гледна точка, пак, единствено е битно каква урбана (не)естетика добиваме на крај...

Политиката да не се меша во уметноста и обратно

Политиката и идеологијата не смеат да се мешаат во позицијата на уметноста. Позицијата на уметноста е: "Никогаш не се прави компромис во однос на патот кон Идеалот". Во Македонија е нарушено духовното поле на уметноста, така што не може да се воспостави духовна вертикала и култура на посуптилни нивоа. Низ збирката на Етнолошкиот музеј на Македонија, тоа богатство со непроценлива вредност, течат поројни реки во време на дождови! Нели е од приоритетно, базично значење, да се заштити тоа богатство (само давам пример!)? Не. Да се засити градот со квантитет на скулптури, еден одреден број од нив и со доста лош квалитет, е приоритет.

Уметникот не се бави со политика и не припаѓа на ниедна партија, не припаѓа на ниедна поединечна боја. Единствено припаѓа на Белата Целина.

Од таа позиција, неговата уметност ги поставува духовните принципи, стандарди и вредности, тоа е врвот на пирамидата на едно општество и тука не смее да се дозволат влијанија (од политика и идеологија), ниту компромиси!

Во овој момент многу е битно да се направи суштинско разлачување, за да се расветли една заблуда, бидејќи се оперира со возвишено чувство, како што е патриотизмот. Се манипулира со едно такво длабоко чувство, за да се камуфлира (свесно или несвесно) она што се случува во заднината.

Во заднината е фактот дека една специфична популистичка идеологија ја освои ликовната уметност кај нас. Споменици, споменици и само спомени(ци). Погледот е свртен во минатото, а од таму се проектира во далечната идеална иднина, додека сегашното време се прескокнува, живеењето во сегашно време не постои, истиснато е. Диктирано од оваа идеологија, денес се живее во проекција, а уметност (ликовна) нема. Бидејќи дефиниција за уметноста е слободата на изразот, манифестација и креација на духот (душата), овде и сега. Ликовна уметност има само во индивидуални проекти, кои, во голем дел, уметникот е принуден и сам да си ги финансира...

Поради сите овие моменти, кои создаваат една комплексна (скицирана) состојба на нештата (со ликовната уметност), ни се случува тоа што ни се случува. Идејата за тоа како треба да се претставуваат нештата е диктирана од неколку личности кои ги одредуваат критериумите за тоа како треба да изгледаат градот и државата, кои се неопходните интервенции за вградување објекти и скулптури за градов да стане „метропола" ,и, конечно, за да се изгради нашиот „идентитет". Тоа е „визијата" која не помина кај Сојузот на архитекти на Македонија, не поминува кај вајарите, не поминува кај нашите еминентни естетичари и теоретичари!

Македонската современа скулптура

Дека Македонија има навистина квалитени ликовни уметници, тука нема дискусија. Како пример давам двајца македонски скулптори : Петар Хаџи Бошков и Власе Николески.

Се прашувам : зашто не се поканети веќе реномираните македонски скулптори, да постават барем една своја урбана скулптура во центарот на градов? Можеби ќе сакаат и да донираат на својата земја, на својот град!? Исто така, тие, благодарение на своето големо уметничко искуство, не само што технички совршено ќе ја поставеа својата скулптура, туку следејќи го внатрешното чувство ќе создадеа и прекрасен амбиент околу неа. Амбиент на кој луѓето ќе се радуваат, интуитивно примајќи ја светлината на делото, бидејќи уметничкото дело е духовна појава, секогаш зрачи со своите внатрешни квалитети. Можеби тоа „обичниот" човек не го разбира, но го чувствува, бидејќи делото дејствува на подлабоко ниво. Уметноста дејствува на најдлабоко ниво, затоа токму уметникот е факторот кој треба да ја креира естетиката ( на просторот).
Го давам овој пример со скулпторот Власе Николески, кој заслужува да биде поканет во нашата земја со свое дело, или барем да се консултира околу уредувањето на просторот, околу изборот на скулптурите и нивното амбиентално инсталирање. Истото го мислам и за вајарот Петар Хаџи Бошков бидејќи неговите дела "ги негираат замрзнатите, лимитирачки, гетоизирачки, еднодимензионални принципи на творечко мислење и дејствување. Просторите на креативното дејствување за Хаџи Бошков, како од самите почетоци на неговото творештво, така и до денес, постојано ќе бидат номадски, интерферирачки, неомеѓени, отворени и нелимитирачки".

За инсталациите на познатиот австралиски скулптор од македонско потекло, Власе Николески, нашата теоретичарка ќе напише: "Освен интеракцијата помеѓу инсталацијата и амбиентот, скулпторот го анимира, активира и воспоставува и оној флуид, она емотивно струење помеѓу рецепторот и сетилните, пнеуматизирани сегменти на инсталацијата, со што успева до крај да го заокружи хилозоистичкиот концепт, а со тоа и да ја негира, стопи, историски замрзнатата идеја за несетилното битие на скулптурата (...) Концентрацијата на различните сетилни бранови кои циркулираат во просторот на инсталациите и околу нив, ја еманира онаа, за уметничкото дело неопходна aura vitalis, но и опсесијата на авторот и вербата во оживотворувањето на скулптурското битие воопшто."

Зашто уметници од овој калибар не се поканети? И зашто се форсира квантитет, а не квалитет? Многу сум вчудоневидена кога ќе се каже: „Ова кај нас е друго!" Е, што е друго? Не сме достигнале такво естетско ниво? И „народот" тоа не го разбира? Па, „народот" не е компетентниот фактор кога се гради вкусот за уметничко дело, за естетиката на урбаниот простор! Во јавен простор мора да се почитува вкусот на уметникот, како универзален јазик издигнат над просечното ниво , во повисоките региони на духот. Затоа, токму тој е оној што треба да го диктира вкусот!

Плоштад на главен град е сериозна работа и уредувањето треба да се препушти на сериозни реномирани уметници, во тимско работење, а нивните естетски закони треба бескомпромисно да се почитуваат!


Дали имаме институција која ги штити уметничките вредности?

Во сета оваа наша состојба со културата, најпоразителен е фактот дека во нашава држава не постои орган, институција, која стои зад проверените вкусови и проверените вредности (барем кога станува збор за ликовната уметност). А тоа е така, и во ова поле, затоа што не постои вистинска правна држава!

Се прашувам: ако институциите, музеите и галериите или МАНУ, официјално не се произнесуваат, тогаш зашто разни експерти не изградат или индивидуален или заеднички став, во однос на овој проект (да речеме, за улогата на скулптурата во него), па да внесат малку разум во ова безумие?

Од друга страна, пак, ги разбирам, тука ништо не се може, владее режим, премногу е болно за нив дури и да размислуваат за ова сега, па камоли да пишуваат или да се произнесуваат во јавноста! Поклопени се од "Големиот Идеолошки Бран", едноставно, парализирани се.

Некои едноставно ја напуштаат оваа земја, не можат да издржат вакво панаѓурско живеење, вакво срамнување со земја на сите вредности. И нив ги разбирам, но велам, тоа не е ниту спас, ниту излез од ваквата состојба на нештата.

Како и да е, изгледа дека ние немаме друг избор и мораме да поминеме низ оваа голгота, бидејќи таа (не)култура е длабоко во нас. Ова е една горчлива лекција, поука од сопствените грешки (кои можеби се и непоправливи!)

Веднаш треба да се стопира овој проект, сèдодека не се формира совет од докажани и реномирани стручњаци од областа на архитектурата, скулптурата, естетиката и теоријата на уметноста, кои ќе решат како да се дејствува понатаму. Во овој совет, меѓу другите експерти, сметам дека треба да влезат и овие македонски скулптори за кои зборував, како дел од претстваниците на нивната област...

Слики: Скулптури од Власе Николески
Извор: Глобус

Кога ги прашувавте студентите

Кога ги прашувавте студентите од Архитектонски, што не тркнвте до деканатот да прашате за естетските вредности на зградата на факултетот за Архитектура. Или има нешто што не знаеме ние народот селски за уметничките дострели на таа зграда.

Од кал да е, само против

Од кал да е, само против Скопје2014/Грујо да е!

Навистина сметам дека е важно

Навистина сметам дека е важно да се консултира г-дин Грчев околу проектот СК2014. Само едно негово здание (кое вие необразованите што имате завршено факултет го знаете како „Тифани“) има катаљарда пати повеќе естетско и функционално значење. Воедно, со местоположбата на Тифани ефективно се спречи изградбата на подземен тунел, кој ќе го форсираше автомобилскиот сообраќај во градот, што пак подоцна би резултирало со уште позагадено Скопје. Грчев е најголем македонски син, патриот и екологист, но вие тоа не го разбирате...

Впрочем, зарем фашистиве мислат дека со тоа што ќе изградат многу ќе го оттргнат вниманието на јавноста од она што треба да им биде единствена цел во животот - да гласаат СДСМ?
НЕ, о не господа фашисти, градете колку сакате - народот не сака луѓе кои градат.
Народот сака „Тони Монтана“ луѓе, прототип мафијаши излезени од српски филмови, луѓе кои не градат ништо, живеат од шверц, шмркаат кока, бакнуваат баби и изгледаат јако. Народот сака луѓе од СДСМ, народот сака луѓе како Црвенковски.

Абе доста не сери многу .

Абе доста не сери многу . Кажи за такстот нешто аку си компетентен или молчи.

Tifani ne e delo na Grchev

Tifani ne e delo na Grchev

Ај провери уште еднаш :) Срам

Ај провери уште еднаш :)
Срам треба да ти е зашто го негираш придонесот на Грчев кон еколошката свест на градот :)

нацреализам?

нацреализам?

Грчев е автор на гимназијата

Грчев е автор на гимназијата Нова (со Влатко Коробар) и на амбасадата на Холандија. Тифани не е негова зграда.
Второ, каков ви е тој типичен вмровски идиотизам (кој произлегува од пропаганда набиена во глава што не мисли дури ни кога е изложена на мачење - на пример, да чита текстови во Окно, што не ги разбира) кој тврди дека зградата Тифани ја блокирала Партизанска да влезе под земја? Ако блокира - треба да се сруши. Без никакво двоумење. Треба да се руши ко што треба да се рушат или дислоцираат повеќето згради и споменици од СК014.
Трето, честитки за Тања Миљовска. Еден од ретките уметници што го артикулира својот став во однос на спектаклукот СК014. Другите скопски пизди-уметници се згражаат по кафичи.

Да си жив и здрав за

Да си жив и здрав за коментарот, ме потсети дека не објаснив убаво.
Ако некогаш се гради подземен премин кој ќе ја продолжи Партизанска под земја - Тифани ќе треба да се сруши и најзиниот сопственик да добие висока отштета.
Е токму заради таа отштета Тифани е баш таму насадена :)

А што се однесува на идеите за масовно рушење на се' што е изградено во последниве години: зошто никој од СДСМ не се осмели да рече дека сите неквалитетни кичерајски згради треба да се срушат? Зошто не гледам никој про-СДСМ пишувач да чкртне една колумна во која ќе повика на рушење на објектите изградени од урбаната мафија со амин на градоначалникот на Центар - Грчев? На крајот на краиштата, кој идиот мисли дека ќе добие народни гласови ако сруши објекти изградени со народни пари на истите тие гласачи?

Ми изгледа како сите сдсмовски пропагандисти да го мразат проектот Скопје 2014 чисто заради политички (а не естетски) причини. А можеби и од љубомора, затоа што во времето на сдсмовското шверцерско-стечајно владеење ама баш ништо не беше изградено...

Градењето не е само по себе

Градењето не е само по себе вредност. На времето во Германија и Полска се градеа концентрациони логори, обиди се да ја измериш вредноста на тоа. Градењето има вредност само ако служи да го подобри животот на поголемиот дел од населението. Од тој аспект, СК2014 е безвреден. 

СК2014 ни носи најмногу

СК2014 ни носи најмногу градби кои припаѓаат во областа на културата и историјата. Директно, ниеден објект како музеј, кино, спортска сала, скулптура нема да ги нахрани луѓето и нема да им донесе ништо материјално.
Но сепак грешиш кога велиш дека тоа нема да го подобри животот на граѓаните.

За 5 години од завршувањето на проектот, кога ќе се стишат сите критики за проектот кои имаат политичка (а не естетска) основа, ќе можеме да видиме дали градот ни е поубав, и дали со право некој ја ширел идејата за рушење на се' изградено. Кога ќе има повеќе туристи (а веќе ги има) кои доаѓаат за да го разгледаат Скопје и да се задржат тука повеќе од 2 дена - ќе знаеме дали навистина СК2014 било промашување и ерес кој треба да се запали и сруши. Музејот на Македонската борба од нив носи повеќе пари од сите други музеи во државава заедно!

Би сакал да слушнам разумни критики за проектот, затоа што има простор за тоа. А не цмиздрења дека треба се' да се уништи и слични главомавања од ѕид.

" ќе повика на рушење на

" ќе повика на рушење на објектите изградени од урбаната мафија со амин на градоначалникот на Центар - Грчев? " Ova ne e tochno poradi eden gol fakt: vo vremeto koga Grchev beshe gradonachalnik (zaedno so Marjan Gjorchev koj beshe i togash gradonashalnik na Kisela voda)od 1996-2000, gradonachalnicite NE DAVAA DOZVOLI ZA GRADENJE od ednostaven prichina shto toa spored TOGASHNIOT ZAKON, dozvolite gi davashe Ministerstvoto za urbanizam. Opshtinite nemaa skoro nikakvi ingerencii. Znachim nitu Grchev, nitu Gjorchev ne davale amin bidejki NE MOZHELE i zatoa ne izdavale dozvoli! Zakonot e promenet, mislam 2002-ta godina, barem ovie fakti mozhe da se proverat, a ne da se pishuva na pamet. Ako te mrzi da barash, prashaj go Gjorchev, on kje ti razjasni

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Општество / Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото