Окно анкета за СК014 (1)

17.09.2012 10:32
Окно анкета за СК014

Со проектот СК014 нема да се занимаваме само ние, современиците што живеат во градот Скопје и државата Македонија. Со СК014, сакале - не сакале, ќе мораат да се занимаваат и следните генерации Македонци. За малку да им олесниме на следните, а и за троа помалку да се срамиме од нив (кога веќе сме осудени да живееме во простор-време креирано од бесрамници), решивме да направиме една кратка анкета за проектот. Избравме архитекти, уметници, историчари и теоретичари на уметноста од сите генерации. Прашањата им ги испративме и на дел од апологетите на авторскиот проект на Никола Груевски (никој не го демантирал неговото авторство над целокупниот проект). Досега испративме мејлови со прашања до околу 70 луѓе. На Окно во продолженија ќе ги објавуваме одговорите, како што ќе пристигаат. Ако материјалот биде доволно атрактивен, можно е да го форматираме во книга која ќе ја објавиме во едицијата „Градот“ (дел од тие книги ионака се занимаваат со СК014).

Еве ги трите прашања на кои замоливме одговор:

1. Кое дело од многуте скулптури, споменици и згради од СК014 би го издвоиле како симбол или квинтесенција на целиот проект? (На неколку луѓе, заради актуелноста, наместо првото прашање им го поставивме прашањето: „Што мислите за споменикот „Паднатите херои“?)
2. Што друго би издвоиле од „Скопје 2014“, во позитивна или негативна смисла?
3. Вашето мислење за целокупниот проект СК014?

Во првото продолжение ги објавуваме одговорите на Лиле Ѓузелова, Леонора Грчева и Драган Поповски, на кои искрено им благодариме за ажурноста и одговорноста.


Лиљана Ѓузелова, уметница

1
Не ми е јасно зошто Прометеј "допатува" кај нас? Кое од прометејските значења за човечката цивилизација сме го избрале за да го оправдаме неговото присуство овде? Можеби причината е нашата потреба од непрекинато обновување и исцелување на раните нанесени од разно-разни чинители, како раните на Прометеј од орелот? А и неговата поставка во Жена парк, отспротива Собранието, во друштво со позлатените коњи и госпоѓицата на врвот, е проблематично. И ако сме почнале со покривањето /облекувањето (иницирано од женско-партиските здруженија за чиста и девствена околина) предлагам да продолжиме понатаму.

2
Сите дела на госпоѓата Валентина Стевановска, вклучително и Триумфалната порта, би ги спакувала / обвиткала според методот на Кристо ( овде, се разбира, со друга идеја) за да станат "видливи" во друг контекст. Така, ќе си го спакуваме / сокриеме срамот од незнаењето.

3.1
Во Проектот "Скопје 2014" неаргументирано се вложени огромни финансиски средства. Се разбира дека во сите активности на една држава се вклучуваат и проекти за изградба. Но, мудра влада води политика на приоритети, како што се прави во успешните земји. Водејќи сметка за целокупната состојба во земјата, овој проект не требаше да добие приоритет.

3.2
Секако дека градскиот плоштад бараше решение, особено неговата недефинираност. Но, како, колку и што да се гради, се прашањата околу кои јавноста, пред сè стручната, требаше да дебатира. Тоа мораше да биде долгорочен процес на креативно промислување. Што се случи? Ја преполнивме празнината. И така еден празен простор се исполни со друг вид празнина.

3.3
Еден од најголемите проблеми и пропусти во овој проект, што се одрази врз неговиот резултат, е отсуството на стручна јавност на сите нивоа. Не беа вклучени и консултирани нашите најдобри стручњаци, теоретичари на уметноста, архитектурата, урбанизмот итн, кои можеа да внесат нови идеи, решенија, трансформирајќи го проектот во европски.

3.4
Со овој проект одземени се сите можности следните генерации уметници да реализараат свои идеи идеи за јавниот централен простор. Тоа право не смееше да им биде одземено на следните генерации.

3.5
Современиот уметнички израз речиси сосема е исклучен во проектот: и во делата на плоштадот и во оние од левата и од десната страна на Вардар, и во Вардар и во оние над Вардар.

Леонора Грчева, архитектка


1
И покрај тоа што овој споменик се крие зад навидум „посовремен“ израз, добивам впечаток дека авторот ноншалантно користи термини како „постмодерна“ и „симболика“ како оправдание за употреба на импровизиран сплет од историски елементи. Така, со овој споменик, тој нè поучи дека „македонскиот идентитет проникнува“ низ постмодерна комбинација од „античка архитектура“ (форум, агора), „неокласична архитектура“ (порталот), грчка митологија (Прометеј) и римска митологија (Викторија). Македонскиот идентитет e веројатно најдостојно прикажан низ додадената одежда на симболот на саможртвата Прометеј, чии интимни делови беа жртвувани во име на македонските конзервативни вредности.


2
Како архитект, од безбројните феномени кои ги предизвика проектот Скопје 2014, би го издвоила следниот: овој проект успеа да ја доведе архитектонската и урбанистичката струка до стадиум на беспотребност. Скопје 2014 низ дела и градби му докажа на народот дека за планирање на град не се потребни ниту стратегии, ниту пак било какво стручно образование; напротив – доволни се неколку „политичари-визионери“ и пар 3-Д аниматори, додека архитектите и урбанистите се јасно посочени како припадници на анахрона и непотребна професија. Тажно е што народот го прифати ова со леснотија, уште потажно што и ние архитектите го прифативме. Од позитивна страна гледано
– затворањето на архитектонскиот факултет откако неговата беспотребност ќе биде официјализирана – ќе заштеди пари од државниот буџет, кои несомнено би можеле подобро да се инвестираат во антиквизациона архитектура.


3
Овој грандиозен владин проект кој, одамна е јасно, никако не спаѓа во доменот на урбанистички проекти, си остана достоен на својата иницијална агенда – пропагирање на ново-компонираниот македонски идентитет, и нескриено убивање на сите траги од нашата изградена и пишана историја, траги кои не им се по ќеф на „творците на нашиот вистински идентитет“.

Одземената слобода на архитектонско изразување, како и насилното узурпирање и преградување на јавните површини се секако само мала цена која требаше да биде платена за да го „изградиме“ македонскиот идентитет. Сепак, откако се „афирмиравме” како „вистински Македонци“ добивме: имитација на Партенон, имитација на Триумфалнa портa, имитација на срушените неокласицистички згради од СХС, грст „барокни“ згради кои немаат допирни точки со барок, споменици од сите историски епохи и категории на невкус, гигантски Воин на коњ чијшто идентитет е апсолутна мистерија и на никаков начин не ја загрозува надворешната политика на Македонија... - и народ полн со омраза и поделен на две како никогаш досега.


Драган Поповски, уметник и новинар

ТУРЛИ ТАВА

Дизајнерот ќе знае дека го достигнал совршеното, не тогаш кога нема што повеќе да додаде, туку тогаш кога нема што повеќе да одземе.
Сент Егзипери

Ова е вистинско толкување на „ минимализмот“, правец во архитектурата и уметноста од педесеттите години на минатиот век, чиј основен мотив, според архитектот Ludwig Mies van der Rohe, е: „ помалку е повеќе“. Вистинската, есенцијална уметност не трпи натрупување, бара слободен простор.

Минувајки, во една извонредна прилика, низ галериите на музејот на Ватикан се соочив со потполна немоќ и разорачување заради неможноста да го впијам сето она што ми беше презентирано во еден единствен момент, сите оние слики и скулптури кои едноставно
маѓепсуваат со својата убавина. Ризница на уметноста! Чувството на изгубеност ми се потенцираше уште повеќе кога ѕирнав низ подотворената врата на една споредна просторија во која на полици, како во некој магацин, видов наредени илјадници помали скулптури од кои секоја би заслужила почесно место во која било светска галерија. Шок за сите сетила!

„Со толку убавина на едно место, вие всушност ја банализирате, ја убивате убавината. Нештата можат да бидат убави само доколку го привлекуваат вашето внимание заради некоја нивна висока посебност, единственост. Тие мора да бидат ексклузивни на своето место во просторот. Вака, кога ремек-делата ги имате на куп, тие стануваат обични и безлични“ - му прокоментирав на мојот пријател Италијанец. „Баш се луди овие Римјани!“ – промрморев за себе, парафразирајќи го Астерикс.

Ова се некои мои сеќавања и шокови што ги носам од светот на убавото.

Е, сега, замислете слична ситуација, барем на сон, да се соочите со светот на грдото и кичот. Каков шок би можел да биде дури тоа! Впрочем, нема ни потреба да замислувате, излезете на плоштадот во Скопје и околу него и ќе се соочите со суровата реалност. Е тоа е вистински шок! Ќе треба да потрчате до најблиската аптека за да побарате средство за смирување. Следното што ќе сакате да го направите е да побрзате да извадите карта за најдалечната точка на планетата. Сè што е направено е навредливо, не само за естетските чувства, туку (ако веќе естетиката и не била целта на оваа замисла, туку само историјата) и за историските великани. Човекот кој ја кажал најкосмополитската мисла дека „светот го замислува како поле за културен натпревар помеѓу народите“ го качија на коњ, како некој император; Ченто сигурно не заслужил да биде претставен со заканувачки високо подигнат прст во манир на диктаторите; за Александар не треба коментар: поставен е високо само за да им фрли сенка на сите останати; Прометеј, Ника, колонадата, огнот, сето тоа на куп, истрошени и банални симболи ( добро е што гаќите не ги изложија посебно). Единствено Триумфалната порта како тезга за пластични и гипсени фигури ја оправда својата вистинска намена.

Но, секако има и такви на кои тоа им се допаѓа и кои никогаш не можат да ја сфатат разликата помеѓу убавото и кичот, дека залезот на сонцето гледан од мавзолејот во Цавтат е вонвременско доживување, додека истата таа слика обесена на ѕидот над каминот е кич.
(„Е па, како тоа“? -Е па така! )

Колажи: Свирачиња

Зарем фашистиве мислат дека

Зарем фашистиве мислат дека со тоа што ќе изградат многу ќе го оттргнат вниманието на јавноста од она што треба да им биде единствена цел во животот - да гласаат за СДСМ?

НЕ, о не господа фашисти, градете колку сакате - народот не сака луѓе кои градат.

Народот сака луѓе кои рушат со француски клучеви!
Народот сака „Тони Монтана“ луѓе, прототип мафијаши излезени од српски филмови, луѓе кои не градат ништо, живеат од шверц, шмркаат кока, бакнуваат баби и изгледаат јако. Народот сака луѓе од СДСМ, народот сака луѓе како Црвенковски.

Поздрав до советот за култура на сдсм за убаво срочените одговори на окнашките прашања, и поздрав до фамилијата Грчеви (симптоми: грчеви и пролив).

Е, глеаш, батка, какво чудо е

Е, глеаш, батка, какво чудо е зборот: исцртувајќи туѓи профили совршено си го исцрта сопствениот (гомнест) автопортрет. Со такви бои (кафени, од „утробата на идентитетот“), за жал, згрчено-проливасто исцртано е и СК014. Исто е, батка, ко твојата способност за анализа и создавање.

Биди барем малку креативен

Биди барем малку креативен кога се обидуваш да срочиш одговор, рецептот „е не, ти си тоа шо мене ми викаш“ не врши работа :)

Шмркни ми од мишкава, антисељак <3

Да повториме: прашањата од

Да повториме: прашањата од анкетата им ги испративме и на дел од творците на СК014. Очекуваме одговори.

Да повториме: Гелевски

Да повториме: Гелевски никогаш нема да објави макар еден позитивен збор за Скопје 2014, освен ако Пензионерот не му нареди да размислува поинаку. Очекуваме и ние...

Бидејќи ти си независен

Бидејќи ти си независен мислител, за разлика, нели, од Гелевски, и никој не ти наредува како да размислуваш, дај укажи на позитивните аспекти на проектот. Живо ме интересира.

Имало ли негде, во кој било

Имало ли негде, во кој било домашен или странски медиум, позитивна рецензија за кое било дело од СК014?! Еве, на пример, фонтаната на Аце Македонски чинеше над 10 милиони евра народни пари (да се изградат бар една болница или старски дом) - а нема никаква рецензија, стручна, фановска, естетска, инженерска... Лавовите чинеа околу 2 и пол милиона евра... За толку скапи уметнички дела во демократски средини се расправа со години и фрчат најостри можни аргументи од секаква природа. Споменик од неколку милиони евра е огромна сума и за некохја западна метропола, а не пак за темниов и сиромашен вилает во кој третина град нема канализација и улици...
Од друга страна, еве, да речеме, дека луѓето што пишуваат на Окно (речиси последната оаза на слободата во гнилиот медиумски состем во Македонија) се ниски и фрустрирани хејтери. Зарем го немаат барем тоа право да пиштат и да се бунат?! Биле во право или не биле (а тоа право е растеглива работа, и „шверцерот“ Бранко бил во право 95 година, не?).
Зашто љубителите на СК014 не пишуваат позитивни рецензии, химни и фалоспеви за проектот ширум бескрајните режимски медиуми?!
Ем земаа неколку стотици милиони евра за тој ступиден проект, ем ги имаат сите медиуми, ем ги имаат сите средства за заплашување против инакумислечките - и пак се незадоволни! И пак доаѓаат да се поганат на Окно и да ги навредуваат сите што не мислат како нивниот малоумен пастир.

Убаво велиш, окно има право

Убаво велиш, окно има право (и доволно меморија на серверот) за да поднесе се' што може да биде напишано. Да, имате право да пишувате што сакате, буквално се'!
Комотно истурајте ја пропагандата која ви е наредено да ја истурите - НИКОЈ нема да ви забрани да комуницирирате во било која смисла!

Но, немојте нам на читателите да ни ја навредувате интелигенцијата кога зборувате за „слободата“ која ја има окно. Јасно е дека најголем дел од „мислењата“ изнесени тука се обични политички памфлети. Никој не ве попречува да го напишете и објавите текстот, но не расфрлајте се со лаги за „независноста на медиумот“, затоа што таа не постои.

Се' додека сајтов е партиско гласило на СДСМ, водено од Никола Гелевски кој е член на СДСМ (поточно на нивниот „оддел за култура“) се' додека Гелевски ги исполнува партиските задачи пишувајќи на сајтов - окно нема да биде медиум вистински ослободен од политички влијанија. И се' додека Гелевски ги брише коментарите кои не му се допаѓаат - овде нема да има ниту слобода на говорот, истата онаа слобода за која тој вели дека нему му е одземана.

Окно е слободно. И на Окно

Окно е слободно. И на Окно нема бришење коментари. Иако наскоро ќе ја промениме политиката за коментирањето.
За разлика од Окно, речиси сите други медиуми во Македонија се згазени и цивкаат под железната чизма на груевистите. Начините на кои се понижуваат читателите и новинарите немаат крај. Таканаречениот јавен сервис, на пример, за кој граѓаните одвојуваат десетици милиони евра, претворен е во „пастирска идила“.Партизиран е до најдегутантните можни граници какви што регионов не памти дури ни во воени услови (РТС под Милошевиќ и ХТВ под Туѓман беа поцивилизирани и подемократски од МРТВ под ГРуевски).

Не е вистина, пред помалку од

Не е вистина, пред помалку од еден ден беше избришан мој коментар кој се однесува на Гелевски.
Не беше ни прибложно навредлив како навредите кои тој ги изрекува за „вемерето, македоња, и сл.“, но сепак Гелевски не може да издржи туѓ коментар/мислење - па го избриша.

Окно не е слободно и на окно се бришат коментари, тоа го има напишано и Гелевски во негов коментар на една негова статија овде (ќе ставев линк до таа статија, но ете слободата на изразување на окно ме спречува да поставам линк).

Прашањето ми е: ако толку гласно цвичите за слобода на говорот - зошто не го овозможувате слободното изразување барем на вашиот сајт?

Еве, меѓу другото, мала

Еве, меѓу другото, мала рецензија за споменикот Воин на коњ, од пред три пол години:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41146C8B4D89704886C0269F32518C8E

(...) тргнав, всушност, да пишувам за скопскиот плоштад!? За споменикот на Александар Македонски висок 22 метри! Тргнав, ама заталкав. Не ми излегува од глава дека „Болвја свадба“ е единствениот наслов што може да ја опише културната политика на една Влада сосема поместена и од умот и од вкусот. И тешко дека некој може подобро да го долови планираниот спектаклук на градскиот плоштад од телото на Роберт де Ниро во Cape Fear - чиста ликовна еманација на лудило и агресија.

Спектаклук исто така е збор којшто кај актуелните дрматори успева да го долови чудниот спој меѓу нивната амбициозност и простаклук; зборот спектаклук токму ја објаснува малограѓанско-болшевичката потреба од големи гестови во кои се вградени (просто како скелет, како крстот на грбот на Де Ниро) импозантни количества примитивизам и насилие.

А, всушност, ептен не ми се пишува за нив. Текстов е гледање „Болвја свадба“, на некој начин. Кипот на Александар Македонски, колку и да е голем, заправо наликува на болва-младоженец во фрак. Иако во политичка смисла таа скулптура е Тројански коњ (како што суптилно забележа сосема аполитичниот архитект Минас Бакалчев), таа сепак е болва; во културно-уметничка, во архитектонска и урбанистичка смисла таа статуа е болва врз телото на македонската култура (иако современата македонска култура во моментов повеќе наликува на клопче болви и крлежи отколку на жилава скопска џукела; со неа владеат партиски идеолошки и пропагандни мислители кои имаат длабочина на кафена тацна и интелигенција помала од бројот на чевлите што го носат).

Збунети сте, така наречени

Збунети сте, така наречени уметници. Ви избега бизнисот на столетието од рака и сега сте полни со „кисело грозје„ оправданија и цитати. Го почитувам секое мислење, меѓутоа би му препорачал на авторот на колумната да ни постира линкови до најмалку три репрезентативни дела на овие „критичари“, за да можеме независно да создадеме мислење за „тежината“ на критиките. Три линка од секој „уметник“ и „архитект“ би требало да е многу лесна работа. Во спротивно одете направете анкета мегу ресторанџиите на плоштад, сопствениците на продавници на плоштад, туристичките агенции и туристите воопшто, и напишете колумна за нивните импресии, затоа што без линкови до нивните дела за мене имаат иста тежина како и ресторанџиите.

Меглена, постојано си задаваш

Меглена, постојано си задаваш вакви самоубилачки нокаути. Ама си стануваш стално и гајле си немаш: продолжуваш да мафташ кому иде. Прво, самиот ти си анонимен никаквец. И која е логиката анонимно ѓубре да легитимира некого?!
Второ, игнорантска будало, твоето незнаење не е невидливост на светот, копчаш?! Ако не ја знаеш Лиле Ѓузелова, ти, дечко, си полуписмен и очигледно не си од тука. Меѓу другото, Лиле Ѓузелова е една од најугледните македонски уметнички која во последниве дваесетина години имала најмалку десетина извонредни изложби. За делото на Ѓузелова пишувала можеби најугледната наша ликовна теоретичарка, Сузана Милевска. Башка што животната приказна на Ѓузелова е послоевита од сите ваши вмровски лажни страдалнички приказни заедно!
Драган Поповски е уметник и карикатурист неколку децении. Еден од најдобрите, заедно со Дар-Мар.
Леонора ГРчева, според знаењето и образованието, е иднината на македонската архитектура.
А кој е Меглена?! Анонимен испрдок на еден пропагандистички фашистички режим. И, ете, такви се работите кај нас летото господово 2012. Анонимни стаорски офицерчиња од подрумите не’ стројат сите и ни ги прегледуваат родословите и вилиците.

Недокажано си дете, по

Недокажано си дете, по речникот ти се познава. Како и да е твојата задача би била уште полесна со толку познати автори. Напиши го само линкот до нивниот web-site, и сами ќе најдеме колку тежи нивниот збор. Проблемот твој е, и порано сум ти рекол дека дека селективно одбираш, и најчесто одбираш омраза и деструкција. Рушењето не е процес на создавање „ништо“, ако можеш да разбереш.

Не одговори што те бенидисуе

Не одговори што те бенидисуе на така наречениот проект СК2014 освен просерувањето како сепак нешто се гради и то.

Ти одговорив веднаш кога го

Ти одговорив веднаш кога го постави прашањето. Побарај по колумните, мислам дека беше Пандорина кутија. Накратко, се обидувам да објаснам дека се обидувате да измерите колку е нешто високо со вага. Едноставно не ви чини еталонот. Не можете да ја погодите намената на проектот од сто мајки. Почнавте со антиквизација, па никој не прави вакви глупости, па со парите можеа да се прават болници, за да дојдеме на крај сега , до мерење на естетските вредности на симболите. Како еволуирате со критиките верувам дека остана само материјалот. Очекувам дискусија за металот употребен за скулптурите,а богами и за изборот на каменот на пиедесталите. Најинтересно од се ми е улогата во која се постави Антисељак. Во моментот кога бараш да ѓи видиш делата на критичарите, кои верувам затоа и ги прават, да бидат видени и прифатени, добиваш одговор исти како и тој на ВМРО за спомениците. Не е твоја работа, кој си ти да судиш за нивната вредност.
Таков однос само го потврдува моето убедување дека оваа дискусија апсолутно нема никаква цел да подобри нешто, туке дека се работи за еден его-трип на н-та степен. На ниеден од нив не им е до подобрување на околината на живеење, туку се се сведува на борба со „сељаците“. Некогаш си викам, би било интересно Груевски да добие on-line архитектонска диплома, или некоја почесна диплома од Архитектотнски, автоматски пола од критиките ке отидат во вода. Ќе имаме тотална збунка во архитектонската фела на Македонија.

А ја не поднесувам вакви

А ја не поднесувам вакви испразни полу-мрчења чија поента или никад не постоела, или била толку стабилна, што испарила после првата реченица.

Се праи анкета во која луѓето си кажуваат што мислат. Некои можда и за бронзата ќе зборат. Соу факинг уат? Нивно право. И тие луѓе не се ни Окно, ни Коља, ни СДСМ. И да, има луѓе што се делумно или целосно против СК2014 и не се со Бранко, гет оувер ит!!

Патем, штом читаш статии на Окно, претпоставувам дека браузерот добро те служи. Има една направија што се вика Гугл, на неа можеш да ги пребараш дотичните анкетирани.

Абе немаш одговорено а и ова

Абе немаш одговорено а и ова не ти некој одговор. А и посредното етикетирање кажува самото за себе. Ти со самото то шо, критичарите на овој проект веднаш ги сврстуваш во некој табор зборува самото за себе. Испровоциран сум затоа што меглена на секоја критика одговараш со дисквалификации.

Ја бендисуе бизнисот на

Ја бендисуе бизнисот на столетието! Ете што ја бендисуе! Па и вие ама сте досадни!

Еве вака јас од поновата

Еве вака јас од поновата генерација, што не сум чул за Лиљана Ѓузелова, го гуглав нејзиното име и на images ми излегоа некои партали што се сушат на јаже. Мене тоа па ич не ми се допаѓа, вака лаички. Но без разлика, не знам зошто таа би била компетентна за оценување на уметничките критериуми на проектот (може да е генијалец во својата дејност, но не значи дека може квалитетно да оцени други).

Грчева аутоматски отпаѓа поради семејната припадност. Жалам, но тоа е класично подметнување. Исто како на судење, обвинителот да повика свој роднина за сведок?!

Драган Поповски (ако прифатиме дека карикатурата е уметност) исто така има пишувано многу непријателски настроени написи кон моменталната власт.

Значи, ама сте ги бирале, алал да ви е. Ова не со лупа, со микроскоп бирани да ви пасираат.

Гледам те занима семејна

Гледам те занима семејна припадност, па да те упатам да го разгледаш стеблото на Валентина Стефановска. Баш да видам за таа семејна припадност што имаш да изјавиш.

Ако прифатиме дека карикатурата е уметност...а ако не прифатиме дека СК2014 е уметност?

Ѓузелова не е компетентна...хм, ајде да видиме кој е компетентен да збори за овие теми. Авторите? Власта? Само тие што го бранат? Сакам да чујам од тебе едно име, со аргумент зошто тој и тој е компетентен да зборува.

Башка, ако си го прочиташе воведот во анкетата, ќе видеше дека се прашани десетици (чинам 70 беа?) луѓе, уметници, архитекти итн, луѓе кои потенцијално ќе го критикуваат, бранат или дискутираат проектов. Фино си пишува дека како што ќе пристигаат одговорите, така ќе бидат објавувани на Окно.

Со вакво брзоплето извлекување заклучоци и пасивно-агресивен квази-објективизам (мене како на ЛАИК не ми се одпаѓа што таа уметница прави, па заклучувам дека нејзиното мислење не е валидно, зашто контрира со моето) и стигнавме во жабокречинава.

Се кладам дека следни тројца

Се кладам дека следни тројца од "анкетава" ќе ни бидат претставени - Мирослав Грчев aka дебар маало(овој пат без сликата на тито во неговиот кабинет), Горги Константиновски aka бранково пелинце(да да најголемиот плукач на проектот Скопје 2014 професор Константиновски има добиено ОРДЕН од Бранко Црвенковски за проектирање на објектот во Пелинце кој претставува некаква реплика на Прохор Пчински за која никој не беше прашан а кој беше порачан од БЦ - еееј каква иронија) и некој "благонадежен" архитект дете на проверен комунистички кадар(а можда и фамозниот дечко на жаре ќе добие збор)

Анемона, нема потреба да се

Анемона, нема потреба да се палиш, затоа што е повеќе од очигледна инсинуацијата на авторот со прашањата и целта која сака да се постигне, притоа играјќи на карта - artistic narcissism која за некои преставува, покрај талентот, една од главните мотори кај артистите за создавање дела кој никој друг не може да ги создаде. Немам намера да отворам дискусија и по тоа прашање, меѓутоа право прашање би било, имајќи ги предвид веќе потрошените средства за Скопје 2014, која би била вашата визија за плоштадот и околните згради, што би замениле и со што, и посочете го градот, кој е најблизок до вашата визија за денешно Скопје?

Во првата реченица не ми

Во првата реченица не ми персираш, а на крај прашуваш која е „нашата“ визија. Од тоа само можам да заклучам дека во твојот ум нема простор за индивидуален став, штом мораш одма да ме ставиш во табор со некои „наши“ наспроти некои „ваши“. И тука гледам еден голем, гооолем проблем. А МОЈОТ ЛИЧЕН став за 2014 е следниот: грдо е, натрупано е и КИЧ е. Проблемот не е со што да се ЗАМЕНИ, тоа е практично невозможно сега. Тој проблем ќе го немаше да се ставеа сите ствари на маса и да се дискутираа, да се кршеа копјата кога се обмислуваше проектот. И не сакам мојот град да личи на друг град, мојата визија за Скопје е за мојот град, не за некој друг! Жал ми е што толку не си го сакаш градот, па радо би го претворил во друг.

Јас се извинувам ако не бев

Јас се извинувам ако не бев доволно јасен. Прашањето на крај не се однесува на тебе Анемона, туку е предлог прашање да се додаде во листата на прашања за анкетираните, за да има некој конструктивен ефект од анкетата. Со барањето на посочувањето на градот кој е блиску до вашите идеали, во прашањето, ке се обезбеди некоја референца за дискусија. Ако се нема референца, како што ти направи со својот одговор, згора на тоа нема никакви линкови на „направија“ Google за делата на овие луѓе, тогаш беспредметно е да се дискутира и негира.
И на крај уште една работа, и веќе не коментирам затоа што изгледа дека е правење дупка во вода работава, ќе кажам дека коментирав затоа што мојот страв за судбината на Македонија не е ВМРО, туку е оваа квази-елита која е спремна да погани се без усул, притоа ни малку не разбирајќи ја својата улога во агонијата на Македонскиот народ. Притоа ни разбирајќи ни малку дека таа продадена квази елита ни ги потроши задните сто години во неврат. Барање различност по секоја цена не значи елита. Некогаш наједноставните работи се најтешки за разбирање и бараат акции со најголема жртва. Среќа што нормалниот човек во Македонија е многу поспремен и појак во однос на Балканскиот стандард, па така се добива некој баланс и се надоместува празнината и заостанувањето на квази елитата. Останете со здравје.

Еве и овде ми боде очи ама

Еве и овде ми боде очи ама тоа е веќе општо место на вмровската пропаганда.
Имено, успеаа да замолкнат се, со етикетирање како „сдсмовско„, „соросоидно„ и што ти ја знам.
Најстрашно ...„етикетираните„ се утепуваат бранејќи се дека не се. И?...ја губат целата енергија во „одбраната„ и на крајот забораваат на својот бунт, а тоа е и целта на пропагандата.

(затоа, со цел задушување на секоја слободна мисла, на секој сајт има по некој меглена...да те удави у гомна кои се всушност негови)

Сетете се на протестите за мартин, па еве и „аман„...сироти...повеќе се бранат дека не се сдсм отколку што се борат.

Еве на пример...не ми е јасно што е греда ако Гелевски е член на сдсм???

Па ти си комуњар. Тоа не е

Па ти си комуњар. Тоа не е етикета, сам се кажуваш. Исто и Гелевски е СДСМовец. Не е никаква греда, летва е! Тарабо една изветвена.

Меглена бара линкови луѓе.

Меглена бара линкови луѓе. Линкови еееј. Каде се линковите?

Има една изрека, „Раската во туѓото око ја гледаш, а гредата во сопственото не ти смета“.

Што викаш Меглена, а да ни дадеш ти линкови за уметниците кои веќе го изградија СК2014. Да ги видиме нивните претходни дела, па да го одмериме нивниот кредибилитет, паралелно со кредибилитетот на критичариве.

Да дркнам Си викам, Не бе Си

Да дркнам
Си викам,
Не бе
Си викам,
Ме самозадоволија .

Така е Џанго...еве јас,

Така е Џанго...еве јас, признавам дека сум тешка комуњара и, бидејки ние го формиравме УКИМ, како основач имам легалитет да ја критикувам сегашната управа...како шо акционер има право да се меша во работата на АД...а ти Замаглен имаш право да ја критикуваш работата на Софискиот Универзитет и тоа од пришини кои неколку пати ти ги предочив...

Што си формирал ти бе?

Што си формирал ти бе? Универзитет си формирал? Ооо бедо среднистичка.

Ne sum od ovde. Dali bi bil

Ne sum od ovde. Dali bi bil ljubezen nekoj od vas da go objasnuva zborot komunjara? Toj ima istoriski predznak ili pejorativen kontekst??

Комуњарите се човеци кои току

Комуњарите се човеци кои току многу изградиле шо на денешните дпмне-овчиња ќе им треба сто години да го окрешат.....сеа јасно ти е?

Што изградиле бе

Што изградиле бе идиоте-скоте?!
Абе костурчанец, види вака, што не одиш и да удриш тоа тиквата твоја празна у тоа блоковите комуњарски у Будимпешта, ебате моронот ебате.

Никола Газле, глупердо

Никола Газле, глупердо дпмнеовска, сврти се околу тебе, се шо гледаш ние го изградивме...

ОкоБоли главаВицФото