Лекарите нема да штрајкуваат

21.09.2012 11:25
Лекарите нема да штрајкуваат

Скопје, 21 септември 2012 година

Синдикатот на лекарите издаде соопштение до јавноста дека што и да се случи во наредните 100 години тие нема да штрајкуваат. Соопштението е реакција на судската одлука со која се забранува генералниот штрајк на лекарите.

Лекарите се умни и разбрани луѓе, тие сакаат да ја почитуваат волјата на огромното политичко мнозинство во државата и во интерес на народот ќе работат и за три пати помали плати, ако тоа е потребно.

-Решивме да не штрајкуваме. Ако треба ќе работиме и 24 часовни смени, 30 дена во месецот, граѓаните се нашиот интерес, а ако министерството за здравство не се сложува со тоа нека повели да штрајкува, затоа што ние немаме намера да го направиме тоа.

Од друга страна пак, медиумите се толку многу погодени од оваа ситуација што дури постојано пишуваат за неа, правејќи вредни прилози кои не се поголеми од 3-4 реченици. Дел од новинарите кои ги следат овие настани работат постојано и се солидаризираат со лекарите, пишувајќи дури по една реченица за цели осум часови.
Граѓаните не се информирани за оваа ситуација и велат дека ако лекарите стапат во штрајк, во државата ќе настане општ хаос.

-Доколку има потреба, ние лекарите сме подготвени да ги напуштиме синдикатите. Не сакаме да ѝ наштетиме на сопствената држава, дури и кога таа ни ги скратува нашите права, се вели во соопштението.

Лекарите се пример за тоа како треба да се штити државата, а судовите се споменици на поредокот!
Да живее независното судство!