Повеќето граѓани против Скопје 2014

17.10.2012 09:50
Повеќето граѓани против Скопје 2014

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

АНКЕТА: ПОВЕЌЕТО ГРАЃАНИ СО НЕГАТИВНИ ЧУВСТВА ЗА ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ 2014

Наспроти очекувањата, времето само го зголемува незадоволството на луѓето за капиталните споменици и згради во центарот на Скопје.

До: Сите медиуми
Скопје, 17.10.2012

На политичкиот барометар од септември 2012, редовно теренско истражување на јавното мислење спроведено од “TNS Brima Gallup Intl” низ цела Македонија, беа поставувани прашања за актуелните политички состојби на репрезентативен примерок од 1165 испитаници со статистичка грешка од +/- 2.87%. Меѓу прашањата се најде и прашањето:

“Некои работи кај луѓето предизвикуваат различни чувства. Користете ја приложената скала за да го опишете вашето чувство кога ќе слушнете за реализација на проектот "Скопје 2014": Многу негативно/Донекаде негативно/Ниту негативно, ниту позитивно/Донекаде позитивно/Многу позитивно.”

Исклучително високи 42.7% од анкетираните имаат многу негативно мислење за проектот, а донекаде негативно мислење имаат 15.1%, или вкупно 57.8% имаат негативно мислење за Скопје 2014. На другата страна се 10.9% од испитаниците со многу позитивна оценка за проектот и 15.5% со донекаде позитивна, или вкупно 26.4% од граѓаните имаат позитивно мислење за проектот. Индиферентни (со ниту позитивно/ниту негативно мислење за проектот) се 15.8. граѓани.

Графикон 1: сите анкетирани: опишете го вашето чувство кога ќе слушнете за реализација на проектот "Скопје 2014"

Графикон 2: кумулативно позитивни и негативни одговори на истото прашање како во графикон 1

Ако се анализираат одговорите на испитаниците според етничката припадност се воочуваат драстично различни перцепции кај Албанците, од една страна, и Македонците и останатите заедници од друга. Сепак, и кај Македонците расположението кон проектот “Скопје 2014” е доминантно негативно со речиси една половина од анкетираните со негативен одговор и една третина со позитивен (кумулативно).

Графикон 3: Македонци и останати: кумулативно позитивни и негативни одговори на истото прашање како во графикон 1

Графикон 4: Албанци: кумулативно позитивни и негативни одговори на истото прашање како во графикон 1

Ако се споредат резултатите од ова истражување со оние на истражувањето на Дневник во 2010 година, спроведено од агенцијата Рејтинг, ќе се увиди дека процентот на испитаници кои негативно гледаат на проектот е без значајна промена. Но, поддршката за проектот е драстично опадната за една третина од 39% на 26.4%.

Графикон 5: споредба на анкетите на Дневник 2010 (Агенција Рејтинг) и “TNS Brima Gallup Intl” од Септември 2012

Теренското истражување беше спроведено во периодот помеѓу 30-ти Август и 4-ти Септември 2012 на репрезентативен примерок од 1165 испитаници. “TNS Brima Gallup Intl” е член на најголемата светска мрежа на компании за истражување на јавното мислење Галуп Интернационал.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Активизам / Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото