Кои се шампионите во конфузното изразување

14.09.2009 12:01
Џорџ Буш

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш победи во анкетата во која беше прогласен за шампион на конфузното изразување на англиски јазик.

Буш, кој се „прослави“ со многу несмасни изјави, освои најголем дел од 4000-те гласови на учесниците во интернет анкетата „кампања за јасен англиски јазик“.

Титулата му ја донесе незаборавната мисла искажана во Вашингтон во 2004 г.:

„Нашите непријатели иновираат, имаат многу ресурси. Исто како нас. Никогаш не престануваат да измислуваат нови средства за да и’ наштетат на нашата земја и нашите сонародници. Исто како нас.“

Поранешниот глумец и сегашен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, се најде на второто место со необичната изјава искажана за време на изборната кампања од 2003 година: „Мислам дека геј бракот треба да биде брак меѓу маж и жена“.

Некогашниот француски фудбалер Ерик Кантона го „освои“ осмото место со познатата метафора за галебите искажана на конференцијата за новинарите во 1995: „Кога галебите го следат рибарскиот брод, тоа е така бидејќи мислат дека ќе фрла сардини во морето“.

Буш освои уште едно место во топ десет листата - на деветто место се најде следниов исказ: „Знам што мислам. Ќе продолжам да го зборувам она што го мислам, а она што го мислам - мислам дека е точно она што го мислам“.

ОкоБоли главаВицФото