Тодоров ќе испитува зошто се пијат многу антидепресиви

25.10.2012 11:37
Тодоров ќе испитува зошто се пијат многу антидепресиви

Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека со повеќе здравствени институции ќе направат сериозна анализа зошто се зголемува употребата на лекови против стрес во земјава. Тој рече дека за овој проблем треба да се даде стручен одговор, кој ќе го добие во соработка со Бирото за лекови, Фармацевтската комора, Лекарската комора и лекарските друштва, односно дека со помош на овие институции ќе се обидат да ја најдат причината за зголемената потрошувачка на антидепресиви.

„Антидепресивните лекови во повеќе земји во светот се на повисоко место на листата на потрошени лекови, а зошто е тоа така кај нас треба да се направи сериозна анализа“, рече Тодоров.

Според последните информации што ги објави Фондот за здравствено осигурување, од 8,8 милиони препишани рецепти и издадени лекови за првите шест месеци од годината, со 823.023 рецепти на прво место по потрошувачка е лекот еналаприл кој го користат пациенти со висок крвен притисок. Употребата на овој лек во првите шест месеци од годината, во споредба со истиот период лани, пораснала за 8%.

via @Sead93