Физички нападнати активисти пред почетокот на Маршот на толеранцијата

17.11.2012 19:41
Физички нападнати активисти пред почетокот на Маршот на толеранцијата

Кочо Андоновски, претседател на МАССО (Македонска асоцијација за слобода на сексуалната ориентација) и Марко Ковачевски се физички нападнати на плоштадот Македонија пред почетокот на Маршот на толеранцијата, кој денеска се одржа по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.

Андоновски и Ковачевски се нападнати од лица кои се противеле на организирање на ваква манифестиција и тоа во моментот кога лепеле плакати. Ковачевски се здобил со контузии и најверојатно ќе биде задржан на лекување во ургентниот центар, а Андоновски поминал со полесни телесни повреди.

Полицијата приведе неколкумина од напаѓачите кои беа во бегство кај паркингот на Т мобајл. Од ЛГБТ организација велат дека подоцна ќе се обратат за денешниот инцидент.

Извор: Либертас

ОкоБоли главаВицФото