„Љубов“ на Ханеке е најдобар европски филм

03.12.2012 11:27
„Љубов“ на Ханеке е најдобар европски филм

На 25-то доделување на Европските награди за филм убедливо триумфираше „Љубов“, трогателната приказна на Ханеке за староста и смртта снимена во француско-германско-австриска копродукција.

Освојувачот на Златна палма ја доби и наградата за најдобар европски филм, режија, актер и актерка.

Наградените актери Жан-Луј Трeнтињан и Емануела Рива не присуствуваа на свеченото доделување на Малта (Трентињан поради обврски во театар, а Рива поради болест), но испратија пораки со благодарност.

Единствена категорија во која „Љубов“ е поразен е онаа за најдобро сценарио: наградата отиде во рацете на Данците Томас Винтерберг и Тобијас Линдхолм за филмот „Лов“ (Jagten), драма за еден наставник неправедно обвинет за педофилија.

Најдобар документарен филм е швајцарскиот „Зимски номади“ на Мануел фон Штирлер, а најдобар анимиран филм е „Алоис Небел“ на Томаш Лунак снимен во чешко-германско-словачка копродукција.

По две награди освоија и „Tinker, Tailor, Soldier, Spy“ и „Shame“ (фотографија и монтажа).

Дебитантот Будевијн Куле од Холандија ја доби наградата за европско откритие за филмот „Kaywboy“.

За победниците гласаа повеќе од 2700 членови на Европската академија за филм.

Извор: 6yka.com