Јеховин сведок го исфрлил продавачот на „Кирби“ од својот стан

19.12.2012 15:52
Јеховин сведок го исфрлил продавачот на „Кирби“ од својот стан

Скопје, 19 декември 2012 година

Овој религиозен човек не е сигурен дали во иднина толку лесно ќе им ја отвора вратата на непознатите. Тој не можел да го издржи агресивниот пристап на овој трговец, кој по секоја цена се обидел да го убеди да стане член на „милионското семејство кое ги користи овие машини за вшмукување.“

-Некој тропна на вратата, а јас дури немав ни време да погледнам кој е. И одеднаш слушнав како некој ме прашува: „Дали имате машина за вшмукување?“. Веќе наредната секунда тој ми постави следно прашање, а потоа уште едно и уште едно. „Дали некогаш сте се разочарале од машината за вшмукување?“

„Дали сте оптимист кога станува збор за вшмукување?“
Му се заблагодарив и му реков дека воопшто не сум заинтересиран за тоа што го нуди, но тој инсистираше и сакаше да влезе во мојот дом. Јас постојано му велев дека не сум заинтересиран, но тој упорно тврдеше дека станува збор за чудо кое ќе ми го промени животот.

-По неколку минути, се сложив да го пуштам во мојот стан и токму тогаш започна пеколот. Ми досадуваше со некаква празна бајка дека таа машина има чудесна моќ и дека може да ме спаси од сета лошотија што е собрана во мојот дом. Потоа, ми даде некакви летоци на кои имаше слики од неколку семејства на кои тие се претставени како да живеат во рајот.

Продавачот почна да станува многу напорен и затоа морав на сила да го исфрлам од станот, затоа што веќе ми е преку глава од вакви приказни, претходно ми досадуваа некакви агенти за продажба на продукти за здрава исхрана, а сега продавачот на „Кирби“.

-Не разбирам зошто луѓето имаат потреба да убедуваат некого во нешто ако веднаш им биде дадено во знаење дека не постои никаков интерес за тоа, смета овој религиозен човек. Се чувствувам бесно. На телефонот постојано ми се јавуваат за некакви анкети и бесплатни патувања и тоа за време на викендите, а сега пак и продавачи на „Кирби“ машини.

Адаптирано од: http://www.njuz.net