Писател призна дека и нему не му е јасно што сакал да каже

20.12.2012 16:55
Писател призна дека и нему не му е јасно што сакал да каже

Скопје, 20 декември 2012 година

Млад писател од Скопје вели дека секогаш се вчудоневидува кога ќе слуше што мислат читателите за него. Додека разговаравме тој ни рече дека откако го напишал своето последно и најчитано дело, сфатил дека и самиот не знаел што сакал да каже.

Младиот Писко Сиромашковски, автор на делото „Празнината на животот“, вели дека за време на пишувањето на ова продавано дело, воопшто не помислувал на тоа каква порака ќе испрати до читателите. 

-Откако излезе книгата луѓето не престануваат да ги анализираат нејзините скриени пораки и да размислуваат што сум сакал да кажам пишувајќи ја „Празнината на животот.“ Работите се влошија кога книгата беше предложена да биде лектира за средно образование. Почнаа да ми се јавуваат сите пријатели, затоа што професорите преку нивните деца сакале да дознаат што сум сакал да кажам преку ова дело. Тие бараат да им помогнам во анализата на книгата, но јас не умеам да го направам тоа, затоа што ниту мене не ми е јасно што сакав да кажам, вели Сиромашковски.

-Јас сум вчудоневиден кога ќе слушнам какви пораки извлекле луѓето од мојата книга. Такви нешта никогаш не би ми паднале на ум!

Се почувствував осамен, размислував и почнав да пишувам, не внимавав за што пишувам, ниту што сакам да кажам, а уште помалку размислував за пораката која сакам да ја пренесам, додава овој млад автор.

Најпосле, Сиромашковски ни откри дека сериозно размислува да го остави пишувањето, затоа што сака да се занимава со сликарство. Тој смета дека сликарите имаат целосна слобода и не мораат никому да му објаснуваат што сакале да кажат кога ги креирале своите дела.

Адаптирано од: http://www.njuz.net