Новинар пред да ја објави статијата ја проверил точноста на информацијата што ја добил од политичар

27.12.2012 15:55
Новинар пред да ја објави статијата ја проверил точноста на информацијата што ја добил од политичар

Скопје, 27 декември 2012 година

Новинар од еден скопски дневен весник признава дека пред да објави информација, која му била дојавена од еден политичар, ја проверил, а потоа ја објавил. Новинарот кој сакаше да остане анонимен, не сакаше да прецизира кога точно се случило тоа, за да не ризикува да биде препознаен од останатите политичари со кои соработува, но наведува дека тоа се случило пред последните парламентарни избори.

-Тоа беше вообичаен ден во редакцијата. Од уредникот добив задача и почнав да работам за прилогот. Потоа, по телефон ме повика дотичниот политичар и ми рече дека има ексклузивна информација која би можела да се искористи за прилогот во утрешниот број. Веднаш знаев дека станува збор за нешто интересно и примамливо, но и дека ќе ми треба време за да ја проверам информацијата, возбудено додаде новинарот.

Тој вели дека не успеал да добие потврда за информацијата, па затоа прилогот го оставил за наредниот ден.

-Телефонот ѕвонеше додека се подготвував за да одам на работа. Политичарот беше многу лут, ме навредуваше затоа што не сум му поверувал на зборот. Јас се обидов да ја префрам вината на уредникот, но тој не престана. На крајот, му реков дека ништо не му верувам и дека нема да ја објавам информацијата додека не добијам потврда за неа, наведува новинарот.

-Веќе следниот ден ја добив потврдата за информацијата и го објавив прилогот, а тој ми се јави повторно и ми рече дека никогаш повеќе нема да ми даде ниту една информација.

Адаптирано од: http://www.njuz.net