Најдобрите вицови на Окно во 2012

03.01.2013 12:39
Најчитаните вицови на Окно во 2012

ВИЦОВИ ЗА ГРУЈО

Грујо пред МТВ

Отишол Груевски пред МТВ да бара проститутки. Сретнал три и ги прашал колку чини сексуалната услуга.
Првата рекла дека чини 1000, а втората 500 денари.
Третата му одговорила: господине премиере, ако можете да ми ја дигнете сукњата високо колку цените, да ми ги спуштите гаќите ниско колку платата, да ме згреете повеќе отколку што ме грее парното и да ме ебете добро како што ја ебете јавноста, услугата ќе биде бесплатна.


Поинтелигентен

Грујо фатил златна рипка. Рипката му вели: „Пушти ме и ќе ти исполнам една желба“. Грујо и’ вели: „Сакам да бидам поинтелигентен“. Златната рипка го претворила во Бранко.


Грујо си игра господ

Едно дете многу сакало да има 10.000 денари и се молело две недели, ама ништо не се случило. Тогаш решило да му напише писмо на господ во кое бара 10.000 денари. Кога во поштата го отвориле писмото адресирано до господ, решиле да му го испратат на Никола Груевски.
Премиерот бил толку имресиониран и трогнат, што и’ наредил на секретарката да му испрати на детето 1000 денари, мислејќи дека за него тоа се големи пари.
Детето било многу задоволно со 1000 денари и напишало писмо во кое му се заблагодарува на господ.
„Драг господе, ти благодарам многу за парите. Сепак, забележав дека поради некоја причина си морал да ги испратиш преку владата. Ништо чудно што фалат 9000.“


Нов телевизор

Груевски секоја месец на мама Нада и’ праќа нов телевизор, оти таа го крши стариот. Му здосадило на пастирот и ја прашува мама:
-Зашто го кршиш секој телевизор?
А мајка му одговорила:
-Се сеќаваш кога беше малечок, дека те тепав секогаш кога лажеше?!


Среќно детство и младост

Грујо отвара нов пензионерски дом, а насобраните пензионери скандираат:
- Фала ти за среќното детство!
- Фала ти за среќната младост!
А Грујо им возвраќа:
- Ама ајде, ви се молам, драги пензионери, кога сте биле деца или младинци, јас сè уште не сум бил роден!
- Точно, затоа и ти благодариме – одговараат во хор пензионерите.


Гипс

Ја повредил Груевски ногата и отишол на лекар.
- Слушај, - му рекол докторот - ногата ти е скршена, ќе мора да ставиме гипс.
- Каков гипс, бре - рекол Грујо - ставај мермер!


Овци

Груевски му се жали на лекарот:
- Докторе, помагај, од жешкото не можам око да склопам цела ноќ.
- Пробавте ли да броите овци? - прашал лекарот.
- Да, ги избројав до два милиони, ама пак ништо.


Пртко

Се сретнал највисокиот државен врв, на свечен ручек. За беља, Никола Груевски дента снажно и неконтролирано се распрдел. Првин станал Ѓорге Иванов и рекол: Пардон, претседателе и водачу. Свечениот ручек продолжил. Премиерот по втор пат пуштил гас. Станал и Трајко Вељановски и рекол: Пардон, претседателе и водачу. Свечениот ручек продолжил. Груевски и по трет пат пуштил гас, мошне гласно. На тоа Али Ахмети скокнал и се продрал низ салата: Овој и следните три врз себе ги презема водачот на албанскиот народ во Македонија!


Грујо и Ахмети во кафеана

Седнале Груевски и Ахмети во кафеана. Ги видел некој граѓанин, им пришол и ги прашал:
-Што правите вие двајцата заедно? Нели коалицијата ви е во криза, не се сакате нешто во последнов време?
-Планираме да изебеме два милиони граѓани и една цицлеста плавуша, рекол Груевски.
Граѓанинот прашал: каква па сега плавуша?
А Груевски му рекол на Ахмети: ти реков дека на никој не му е гајле за граѓаните.


Бранко, Љубчо и Грујо

Седеле Бранко, Љубчо и Грујо и правеле муабет.
-Кој од вас двајцата е Сталин а кој е Черчил? - се пошегувал Грујо.
А Бранко му одговорил:
-Знаеш зашто се убил Хитлер? Зашто му дошла сметката за гас!
Љубчо слатко се изнасмеал на шегава.


Грујо гради пат

Како Грујо гради автопат?
-Ќе изгради 100 метра и става табла на која пишува: „Патот ќе биде доцртан во Отчетот”.


Шанси

Дошол Грујо во основно школо да фрла лопати за тениско игралиште.
Децата добиле шанса да поставуваат прашања. Најхрабар бил малиот Ѓокица, опозиционерско дете:
- Господине Груевски, какви се шансите да влеземе во ЕУ под ваш мандат?
А Грујо му вели:
- Па, гледаш, сине, искрено и прецизно ќе ти одговорам: 40% се шансите да влеземе, а 100% дека нема да влеземе.


Новитет

Новитет: Македонски пошти сакаат да исфрлат марка со ликот на Груевски. На тој начин секој ќе може да го испрати премиерот онаму каде што смета дека му е местото.


Кога Груевски лаже?

Како да препознаете кога Груевски лаже?
Внимателно гледајте му ги усните. Ако се движат и се слуша глас - значи лаже.


На фризер

Отишол Груевски некој ден целиот бушав на бербер и му рекол: - Сечи сè што е вишок.
И овој му ја отсекол главата.


ВИЦОВИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА


Најголеми губитници

Кој најмногу изгуби поради тоа што во 2012 не се случи крајот на светот?
- Македонците! И понатаму ќе живеат под Преродбата!


Кога ќе порасне ќе биде...

Што сака да биде вмровче кога ќе порасне?
- Споменик!


Фазани

Еден вмровец отишол во дивина за да лови фазани. Здогледал фазан и пукнал, но птицата паднала на имотот на некој локален селанец кој не сакал да му го даде пленот.
„Тоа е моја птица“, рекол ловецот-вмровец.
Селанецот предложил да се тепаат, како што е вообичаено на село: „Птицата ќе ја добие оној кој помалку ќе вика од болка“.
Ловецот-вмровец се согласил, примил еден удар во стомакот, паднал на земја и останал да лежи 20 минути.
Потоа станал и рекол: „Ок, сега јас сум на ред.“
„Ма, не бре, земи си го фазанот и гитла накај Скопје!“ – му одговорил селанецот.


Прашање и одговор

Прашање: Шетаат заедно Дедо Мраз, Супермен, еден разумен ВМРОвец и еден радикален ВМРОвец. Наоѓаат 1000 денари. Кој ќе ги земе?
Одговор: Радикалниот ВМРОвец. Другите тројца се фикција.


Новиот бран

Си биле тројца вмровски директори кои направиле „грешки“ во работењето, па ги пратиле на судење. Првиот имал најмалку грешки и го казниле да стои во гомна до глуждови. Вториот имал малку поголеми грешки, па го ставиле да стои во гомна до појас. Третиот, со најмногу и најголеми грешки, го ставиле да стои во гомна до брада. И така, првиот почнал да скока од радост бидејќи добил најмала казна, па овој третиот со „пола уста“ му рекол: „Еј, не бранувај, не бранувај“.


Свинчето и шарпланинецот

Патувал Миленко со воз, заедно со својот шарпланинец, кога му се обратила некоја дама (милувајќи го кучето):
-Баш имате прекрасно свињче!
На тоа Миленко одговорил:
-Глупачо една, тоа не е свињче туку шарпланинец!
-Ништо не ве прашав вас, господине, јас му се обраќам на кучето! - рекла дамата.


Рикнување по болници

Во болница министерот за здравство Тодоров отишол на визита. Кога влегол во собата кај болните ги поздравил: ”Кај сте бе лавови?”
Болните зачудено прашале: “Од кај ние лавови, министре?”
А тој им одговорил: “Нема нема па ќе РИКНЕ некој. А тоа лошо ми се одражава на рејтинг. Така што у иднина со усул нек биде рикнувањето.”
Пациентите се посрамиле од критиката на важниот министер и си ги набиле главите во перниците.


Обиколка

Дошол американски архитект во Скопје, и Вангел Божиновски го води во обиколка на градот. Американецот:
- Што е ова?
- Тоа е Музејот на ВМРО. Видете, нашите работници го изградија за една година.
- Ова?! Па, нашите работници во Лас Вегас истото го градат за 6 месеци!
Продолжуваат со обиколката, и доаѓаат пред Куќата на Мајка Тереза. Американецот:
- А ова?
- Е, ова е меморијалниот дом на Мајка Тереза. Нашите работници го изградија за само 6 месеци.
Американецот:
- Ова?! Па, нашите работници во Лас Вегас истото го градат за 3 месеци!
Шетаат понатаму и доаѓаат до Воинот на коњ. Американецот:
- А што ви е ова?
А нашиот архитект, изнервирано:
- Немам појма, утрово не беше тука!


Единствен

Скопје е единствениот град во светот каде што водата во реката е побистра од градоначалникот.


Коце и бабата

Една баба се шетала во парк, паднала, а во близина се нашол Коце Трајановски и и’ помогнал да стане.
-Фала синко, да си ми жив и здрав, рекла бабата.
-И сега бабо, ќе гласаш ли за мене, прашал Коце.
-Синко, на газ паднав, не на глава, му одговорила бабата.


Градација

Градација на придавките според новата македонска граматика

1. богат
2. побогат
3. најбогат
4. не знае што со парите
5. уште не го фатиле
6. сега можат да го фатат за к...


Избори

Бабичка оди на гласање.
- Синко, помогни ми, те молам, ги заборавив очилата.
- Нема проблем, госпоѓо - вели еден новопечен административец и го заокружува лавчето на листот.
- Може ли да знам за кого гласав, синко?
- Не може, госпоѓо, изборите се тајни!

 

ДРУГИ ВИЦОВИ


Врачот и поглавицата

Мајански врач ги врежувал пророштвата врз камени плочи.
Во еден момент останал без плочите, па отишол кај поглавицата и му рекол:
-Поглавицо, отидоа камените плочи!
-Па, до кај си стигнат? - прашал поглавицата.
Врачот одговорил: -До декември 2012 година!
Поглавицата: -Уууу, баш ќе се усерат...


Google

Google е толку интелигентен што веќе ништо не можеш да сокриеш од него. Вчера, на пример, пишувам: Барам работа во Македонија за 2000 евра плата.
Google ми враќа:
Did you mean: 150 евра?


Кројач

Отишол човек на кројач да му сошијат панталони, а кројачот ги завршил дури после шест месеци.
-На господ му требаа шест дена за да го направи светот, а на вас шест месеци за едни панталони - се пожалил муштеријата.
-Е да, ама глеј го светот, а глеј ги панталониве! - одговорил кројачот.


Рај и пекол

Учителот: Тие кои добиваат 4 и 5 ќе одат во Рајот, а тие со 2 и 3 во пеколот.
Глас од задната клупа: А живи има шанси да завршиме школо?


Петлите и народот

Зошто петлите во Македонија кукурикаат и попладне?
- Па и тие почнаа да си го дупат народот!


Избор

Во сала докторот го прашува пациентот:
-Сакате анестезија што ја покрива заводот или сами да платите?!
-Од заводот!
-Нани нани бебе во шарено ќебе...


Жена кај ветеринар

Трпана оди на ветеринар, но докторот и вели: - Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни… Вие треба да одите во државна болница.
- Сум погрешила!? Кога се будам наутро изгледам како раскубана кокошка, на пат до работа висам како мајмун по автобусите, во фирмата работам како магаре, мажот навечер ми вели: “дојди, маче” а наутро “станувај, краво”… И вие велите дека јас сум погрешила?!


Кондом на суд

Како кондом се брани на суд:
-Не сум виновен, ме навлекоа.


Разлики што спојуваат

Разликите треба да нè спојуваат, му рече јадицата на сомот.


Феликс-скокачот и Македонија

Велат дека Феликс бил во слободен пад четири минути и 19 секунди. Ебате скокот, ние од Македонија сме во слободен пад веќе 20 години.


Паметна и секси

Цветко се пушта на девојка и и’ вели:
- Ти си најубавата, најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено!
А девојкава му враќа:
- Ај бе не лажи, само сакаш да ме легнеш!
А Цветко:
- Опаа, дури и паметна си!


Обетка

Абе брат од кога носиш обетка?
-Од кога жена ми ја најде у кола.


За турски серии

Големите умови разговараат за идеи.
Просечните умови разговараат за настани.
Малите умови разговараат за луѓе.
Елеонор Рузвелт

Македонските умови разговараат за турските серии.


Пак си плачел!

Таткото: Што ти се црвени очите, сине?
Синот: Пушев трева!
Таткото: Лажеш, пичко, пак си плачел!


Што бараме во Зоолошка?

Малата камила ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто ние имаме грпка?!
- За да можеме да бидеме без вода подолго време во пустината.
- А зошто имаме големи трепки?!
- За да не ни влегува песок во очи кога сме во пустина.
- А зошто ни се широки копитата?
- За да не пропаѓаме во песокот во пустината.
- А мамо, што бараме тогаш во зоолошка?


Лов или ебење?

Отишол ловец во шума и видел мечка. Нанишанил и пукнал. Арно ама ја промашил, мечката го фатила и изебала. По некое време ловецот се спремил добро и отишол да ја лови мечката. Кога ја видел нанишанил и ПАМ! Пак промашил и пак си добил по газот. После две недели дополнителна обука ловецот пак отишол да ја лови мечката. Ја видел, полека и се доближил, нанишанил и ПАМ! Но пак промашил. Мечката го грабнала i онака нервозна го прашала: Добро бе, човек, ти доаѓаш на лов или на ебење?


Курова кожа

Отишол некој човек во продавница за патни торби. Си подразгледал и го прашал продавачот: ”Извинете, колку ви е големава торба?” “Таа е 200 евра” - одговорил продавачот. “А помалава?” “Таа е 100 евра.” “Е добро, а оваа најмалава торбичка колку ви е?” “Таа е 1000 евра.” - одговорил продавачот. “Е како најмалава може да биде најскапа?” “Е па дечко, таа ти е од курова кожа, кога малку ќе ја погалиш таа се зголемува како овие двете заедно!”


Бегање од дома

Си биле две желки, едната со оклоп другата без оклоп. И желката со оклоп ја прашала желката без оклоп: “Каде ти е оклопот?”. На тоа желката без оклоп и одговорила: “Избегав од дома.”


Ништо ефикасно!

- Скопјанец: Шо имате вие против скопјани бе?
- Охриѓанец: Ништо ефикасно!


Предизборно ветување

Предизборно ветување на некој политичар:
- Ако гласате за мене, ќе добиете нешто што го немате, што не сте го имале и никогаш нема да го имате!


Заинтересирани фирми

Работник оди кај директорот:
- Директоре, ќе ми ја покачите ли платата, три големи фирми се интересираат за мене.
- Кои се тие три големи фирми? - зачудено прашува директорот.
- Топлификација, Електростопанство и Телеком.


Попуштање

Што се случува кога паметните постојано попуштаат?
- Будалите владеат со светот!


Клошари

Одат два дијаманти по плажа пуна камења и едниот вика:
- Леле, ама врие од клошари овде!


Татко

Таткото го заспива својот син:
- Мирно спиј, злато, за ништо не грижи се, ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.


Идеи

Кравата веќе не давала млеко, па ја однеле на ветеринар. Ветеринарот самоуверено му рекол на газдата: „Исечете и’ ги ушите“. Останала кутрата крава без уши, ама млеко пак не давала. Кутриот газда, од голема доверба во ветеринарот, ги послушал сите негови совети. Кравата останала и без опашот, без предните нозе, па без задните... „И пак не дава млеко?“, прашал ветеринарот. „Не само што не дава, туку кравата умре“, одговорил човекот. „Штета – одвратил разочарано ветеринарот – а имав уште толку многу прекрасни идеи!“


Печурки

Фата бере печурки, доаѓа шумарот и вели:
-Немој да ги береш овие печурки, не се за јадење, отровни се!
-Знам, - одговара Фата, - не ми се за јадење, туку за продавање!


Погрешно сфаќање

Седи некоја девојка на клупа и лиже сладолед. Се доближува некој тип и и’ вели: - Здраво, може ли да те прашам нешто?
- Секако - му вели таа.
- Што знам... - се туфка типот. -Мислам дека погрешно ќе ме сфатиш.
- Не, не е точно, прашај ме!
- Може ли да лижнам еднаш?
Девојката му го пружа сладоледот, а типот:
- Ете, гледаш дека погрешно ме сфати...


Две вреќи

Оди некоја баба по улица и влече две големи вреќи. Од едната вреќа паѓаат 20 евра. Наидува полицаец, ги зема и и’ вели на бабата:
- Извинете, ви паднаа 20 евра.
- А, фала, вратете ги во вреќата!
Тргнува бабата понатаму, кога полицаецот:
- Чекај, бабо, не може така... Од каде ти е тебе вреќава полна со пари?
- Ех, синко, еве од каде... Живеам близу стадионот, и секогаш кога има фудбалски натпревар сите влегуваат во мојот двор да се олеснат. Кога ми се смачи од тоа, купив огромни ножици и се сокрив зад една грмушка, па кој ќе дојде да моча, му се заканувам - или дај 20 евра, или сечам!
- Браво, мори бабо, ептен паметно си изиграла. А што имаш во вторава вреќа?
- Ех, синко... Има и такви кои не сакаат да платат.


Еднаш

- Тато бе, шо ќе праам со 50 денари у град?
- Потроши ги бе, сине, еднаш се живее.


Оглас

Оглас: Слатка, згодна плавуша со плата од 10.000 евра, куќа со базен и стан во Лондон, не бара ништо - само се фали.


Мртов

Дошле доктор и полицаец на увид на место на несреќата каде што имало многу повредени и мртви.
Докторот прегледувал: „Овој е мртов. И овој е мртов. И овој ми личи мртов...“
Одеднаш последниот залелекал, ја подигнал главата и рекол: „Еј, јас сум жив!“
На тоа полицаецот со пендрек го удрил по глава: „Ма, види го ти него?! Зарем ти знаеш подобро од докторот!“


Фризура

Доаѓа човек на бербер, седнува на столче и берберот го прашува:
- Како да потстрижам?
Човекот му одговара:
- Од десна страна сакам да ми направиш дупка, шишките да се со различна должина, назад три помали дупки, а од лево да е нерамна.
Берберот вели:
- Не знам дали ќе можам така да те потстрижам.
На тоа човекот му одговорил:
- Е па, минатиот пат ти успеа.

Слики: Свирачиња

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото