Пет работи што може да ги направите со пиво

22.01.2013 09:32
Пет работи што може да ги направите со пиво

Пивото е еден од најстарите алкохолни пијалаци, го има во разни бои и вкусови и се вбројува во најраспространетите пијалаци на планетата. Меѓутоа, освен за освежување на сетилата, пивото може да послужи и за разни практични цели.

Омекнување на месо

Пивото е одлично средство за омекнување на месото, посебно на подебелите парчиња. Ставате парче месо во сад, го полевате со пиво и го оставате да стои околу еден час пред да почнете да го подготвувате оброкот. За уште подобар резултат, оставете го месото да се маринира во пиво цела ноќ.

Враќање на сјајот на стариот накит

На накитот од чисто злато може да му го вратите избугениот сјај со пиво! Постапката е многу едноставна, а накиотот ќе изгледа како нов. На крпата нанесете малку исклучиво светло пиво и нежно истријте го златниот накит, се разбира, доколку не е украсен со камчиња. За сушење и завршно полирање, користете друга, сува крпа.

Отстранување дамки од кафе и чај

Со помош на пивото, отстранувањето на дамките од кафе и чај од килимот повеќе не е невозможна мисија. Врз дамките истурете малку пиво и полека тријте, а дамката наскоро би требало да исчезне сосема.

Чистење дрвен мебел

Недопиеното пиво кое веќе неколку дена ви стои во фрижидерот (ако воопшто имате такво) искористете го за чистење на дрвениот мебел. Нанесете го пивото на мека крпа, потоа едноставно поминете со неа преку мебелот, и на крајот избришете го со сува крпа.

Враќање на сјајот на косата

Сјајот и убавиот изглед на косата може да се постигне со малку пиво. Пред туширање во една шолја измешајте половина чаша топла вода и три лажици пиво. Откако ќе ја измиете косата со шампон, нанесете ја мешавината од вода и пиво на косата, оставете ја да стои неколку минути, а потоа измијте ја. Косата ќе има подобар сјај и волумен.

Извор: tportal.hr
Слика: Caio Caldas

ОкоБоли главаВицФото