Кина

02.10.09 13:05
vuna-kina-udarna.jpg

Деновиве Народна Република Кина прославува 60 години од своето постоење како “Народна Република Кина”. Тоа за прв пат му даде на светот шанса да се позанимава со Кина малку подлабоко од она што вообичаено е стереотипот за азиската велесила: дека Кинезите се најброен народ на светот, дека кинеската економија извезува евтина нискоквалитетна роба од секаков вид низ целиот свет, и дека Кина останува да биде “црвена” и тоталитарна дури и во 21 век.

Летово имав прилика да ја посетам Кина; и ако нешто можам да кажам за Кина е дека во секој случај ме изненади во секој можен аспект. Затоа еве мои рандом 3 заклучоци кои се надевам ќе допринесат за големата слика.

1. Кога испадна дека треба да одам, врска немав што да очекувам (не ни знаев дали ќе ми дадат виза). Она што прво ми доаѓаше на памет беа страшни работи: тајни служби, претреси, а не го исклучував ни кинеското мачење во затвор (скокоткање табани или капење капка меѓу очи) и слично. Не знам зошто, ама ете првата асоцијација на Кина ми беше некоја крутост, затвореност и лудачки тоталитаризам.

Ама како само се зезнав! Прво, излезе дека Кина е прилично пристапна, попристапна од соседните Грција и Бугарија. Според тоа што го чув од некои службеници во амбасадата во Скопје, веројатно немаат одбиено никого за виза. Впрочем, самата процедура е толку едноставна, и не трае долго. Воедно, изостанува стандардното понижување кое се добива во некои од ЕУ амбасадите (чекање редови, враќање поради непотполна документација, некогаш и свесно подјебавање со странките).

Сепак, она што највеќе ме запрепасти беше самиот влез во Кина. Не само што тортурите и испрашувањата изостанаа, туку наидов на неизмерно љубезен однос од страна на граничната полиција (после сите искуства со балкански граници, особено после мачните искуства на Табановце-Прешево, каде што или македонската или српската полиција мораат да направат проблем). Колку за илустрација, на секој од пултовите каде што стоеја граничните полицајци, секој од патниците (и Кинези и странци) можеше да даде оценка “како е задоволен од услугата” (еј, услуга!). Далеку од црните мисли за зандани и лоши комунисти.

Најсимболичен настан за време на престојот во Кина, сепак, за мене беше следнава сцена: двајца мортус пијани тинејџери, многу после полноќ, застануваат и уринираат спроти полициска станица, а полицајците само ги гледаат и им тргаат сеир. Сигурен сум, во слободната Македонија, тоа немаше да мине неказнето.

Е сега да бидам објективен – навистина, посведочив за зачудувачки мирен и сталожен живот, меѓутоа тоа веројатно важи само за политички подобните – никој не сака да зборува за политика (дури и ретко кој многу дискутира за општествени работи), и никој не е ни заинтересиран да чуе критика на Комунистичката партија (иако според зборовите на еден локалец, “сега легално е да се зборува дури и против Мао”). Цензурата е голема и сеприсутна – кинеските провајдери на пример, блокираат блогови, ЈуТјуб, Фејсбук, Твитер и многу други сервиси (иако лесно се наоѓа прокси). Значи, формулата е едноставна – не ја задевај владата, и таа нема да задева тебе.

2. Основани се сите претпоставки дека Кина има големи шанси да биде водечка суперсила. Државниот капитализам руши сè пред себе. Со тоа што поради споменатиот “мораториум” на политичките и општествените прашања никој не се ни труди да постигне нешто на тој план (нема партии, нема невладини организации, не се прави муабет за политика – замислете колку тешко ми беше), целиот фокус е на пазарот и на заработувачката. Бидејќи нема судир на идеологии, идеолозите веќе не се потребни: на водечките позиции не се поставуваат идеолози, туку инженери, економисти и експерти од различни практични области. Со рестриктивната популациона политика се контролира и невработеноста. Во исто време, се запазуваат и некои принципи на социјалната добробит – се работи во 3-4 смени, владата помага при вработување и не дозволува никој да остане технолошки вишок или без работа. Приватизацијата е придружена и со преземање на одговорноста за вработените – ако некој купи фабрика која била општествен капитал, мора да ги зачува вработените или да им најде нова работа или, ако сака да ги отпушти, мора да им исплати надомест за следните неколку години. Цената на домашните производи (особено храната) е неколкукратно пониска од цената на увозните производи. Се вложува многу во образование и во културна размена (која очигледно им фали) – иако многу од луѓето имаат проблем со англискиот, многу скоро токму Кина ќе биде земјата со најголем број на луѓе кои знаат англиски во светот (повеќе и од Индија). Се учат и буквално сите други јазици (на пример, се учи и македонски, и се праќаат студенти во Македонија).

Исто така, се чувствува надоаѓањето на новиот кинески империјализам. Се градат масивни зданија, се рушат рекорди (најбрзи возови, највисоки градби и сè со ред), и на секаков можен начин се потенцира улогата која Кина ја имала и допрва ќе ја има во овој свет. Напуштени се идеите на културната револуција, и сега повторно се актуелизира идејата за континуитетот на кинеската цивилизација од пет милениуми, и се потенцираат сите кинески изуми и пронајдоци, меѓу кои, симболично - и банкнотите!

3. Кина е огромна и по територија, но особено по население. Тоа е непоимливо за луѓе од земја како Македонија. Во Кина живеат отприлика исто или повеќе луѓе отколку во Европа, САД и Русија заедно. Тоа значи и дека во Кина има разлики исто како и во овие три ентитета заедно – значи, дискурзивно, таму има и Њујорк (сосе Менхетен и Бруклин), и Алабама, и Баскија, и Косово, и Шуто Оризари, и Париз, и Паљурци, и Минхен, и сè што може да се наброи... Тоа во исто време имплицира и огромни социјални разлики, кои се забележуваат уште на прв поглед – освен што има и милијардери и просјаци на дистанца од стотина метра, има и места каде што може да се купат екстремно скапи производи и места каде што може со 5 евра да се купат намирници за цел месец. Меѓутоа, тоа веројатно овозможува некакво балансирање на економијата. Луѓето од неразвиените провинции со неколку години работи како таксисти, физички работници или дури и послуга во големите градови, заработуваат доволно за да си го обезбедат целиот живот на село, и животот на идните генерации (гастарбајтари во сопствената земја). Можеби и тоа е тајната на прогресот на кинеската економија и чудното задоволство на сите граѓани од развојот на настаните.

Во исто време, некој груб податок кажува дека кинеската дијаспора брои околу 40-50 милиони и константно се зголемува. Се зголемува и бројот на Чајнатаунс низ светот и се зголемува влијанието на Кинезите во средините каде што живеат. Се зголемува и количината кинески стоки на пазарите насекаде. Сè повеќе луѓе почнуваат да учат мандарински (некаде се воведува по училиштата како втор странски јазик). Кинези има и во регионов – на пример, познат е кинескиот дел во Солун, и кинеските пазари во Белград и Ниш. Чувме најави и за влегување на кинески компании и во Македонија. За некое време, нема да биде чудно и да се отворат кинески пазари и кај нас (веќе има по некој скромен кинески шоп или ресторан). Затоа, берете памет :)

* * *

Како и да е, се надевам бар малку ги доближив моите впечатоци за Кина до читателите на Окно. Колку да одмориме од енциклопедиите и национализмите на една шака луѓе (Влада и МАНУ), кои ете, од некоја кинеска перспектива, и по квантитет, и по квалитет, не би биле ништо различно од еден обичен куќен совет. Во исто време, добро е малку да се подискутира за Кина (а и за другите делови од светот); впрочем, повеќе знаеме за приватниот живот на Парис Хилтон или Кание Вест отколку за пола свет. А добро е и да се подготвиме за освојувањето од новата надоаѓачка империја.


Фотографии: Анастас Вангели

Интересно е да се чита за

Интересно е да се чита за твоите очекувања. Тоа само зборува колку малку луѓето знаат и колку е подложно знаењето на дневно-политичките медиумски дебати за Кина (лимитирано само на државниот однос кон политички неподобните), нешто кое кинеските власти маестрално го контролираат дома (со тоа што на политички незаинтресираните им даваат да мокаат каде сакаат). прилично долго се интересирам за Кина ,па дозволи да кажам дека не се согласувам само со еден впечаток - дека Кина забрзано напредува на задоволство на целото население. Претпоставувам си бил во некој поголем град и од него ги црпиш впечатоците. Кина, за жал е сеуште 90% рурална, средини во кои некој може да те убие зашто мисли дека си животно (никогаш во живот не виделе белец). Региони во кои се преживува на плодови од поле, население кое не може да замисли дека нешто како Пекинг е можно ни во најлудите соништа. Образованието и вработеноста (посебно државна) таму како и да не постои. И тоа е најголемиот предизвик на Кина, не освојувањето на западните пазари (населението во големите градови е доволно бројно да се натпреварува во светот) туку на внатрешен план. Дел од успехот на Кина е благодарение на бројноста, но за разлика од Индија е една од најголемите пречки за властите во земјата. Како и да е, браво за искуството и браво за ткестот.

Уште малку треба и да ни

Уште малку треба и да ни кажеш да поверуваме во миракулите на неолиберализмот!

Voobicaeno se soglasuvam so

Voobicaeno se soglasuvam so prethodnite tvoi  pisuvanja (za tekstot), no ovoj pat ne.
No fakt e deka cenata za toj poveke od 10% razvoj sekoja godina ima cena. Sekako toa ne go gledaat turistite. Ako se zemat vo predvid - brojot na smrtni kazni, vistinski "slobodnata" ekonomija, covekovite prava, vistinskoto ucestvo na Kina vo sovremenata civilizacija na poleto na kultura, naucni izumi, togas zakljucokot ne e nesto spektakularen. 
Se razbira deka brojot na naselenie e vonredno vazen moment za drzavniot buget, no po koja cena.
Kina nikogas nema da bide imperija - osven za Tibet ili ujgurite na krajniot zapad, od ednostavni fakti - toa e zatvorena i samodovolna zemja, kulturata na zagusuvanje na individualizmot ne moze da viree na drugi mesta osven na mesta kade otsekogas bile tradicionalni orientalni despotii. 

Kina ke go spasi svetot!

Kina ke go spasi svetot! Sreka sto dozvolija vtoro dete... neka ima poveke spasuvaci.

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Така овде и сега провинцијалци лажат дека градат; во суштина тие крадат град. Едните крадеа без да градат, овие градат ли, крадат.

Некогаш различностите многу помалку ги вознемирувале нашите предци. Денес никој никого не сака да трпи. Токму од таму и сè позасилената сегрегација, географска, во училиштата, па дури и во бизнисот...

Белградските шестмина не отворија никаква Пандорина кутија. Напротив, тие потсетија дека таа кутија на злото и на насилството е запечатена – заедно со нас во неа. Наивен е секој кој верува дека од неа може да излезе, а притоа таа да не се скрши.

Пред точно сто години, по иницијатива на Клара Цеткин, Социјалистичката интернационала почна да го одбележува Денот на жената. Меѓутоа, тоа не е првиот и единствениот „женски“ празник. Многу земји во светот имаат повод за славење на жените и во други денови.