Иднината е само во наши раце

06.10.2009 11:32
Josifovski_02.jpg

Во медиумска канонада полна со емоции и загриженост по несреќата во манастирот Св. Јован Бигорски се јави и пратеникот Влатко Ѓорчев кој инспириран од ревносните Американци од Хабитат во својата колумна од први октомври нè повика нас, македонските граѓани, без разлика на вера и нација, да помогнеме во обнова на духовниот храм.

Покрај историската лекцијата која Ѓорчев ни ја одржа за македонските манастири, тој успеа да ни приложи и листа од „важни настани“ во минатото на други народи - генерациите од тоа време добро ги помнат - во обид да ни илустрира што за нашата генерација значи и колку јасно ќе го паметиме пожарот во Бигорски: „Американците ... човекот на Месечината [и] 11-ти септември. Англичаните [и] смртта на Дијана...Италијанците [и] натпреварот кога Паоло Роси им ја донесе третата титула светски првак во Шпанија 1982...“

Ѓорчев, покрај тоа што успеа да стави знак еднакво помеѓу губењето човечки живот, пепeлосување на векови историско наследство и фудбалски натпревар, во целата ултра демагошка замена на тези успеа да прозвучи најискрено од сите владини говорници кои се јавија по повод трагедијата. Нè потсети дека нашите манастири биле рушени, палени и уништувани во текот на историјата и сите биле возобновени од страна на народот. И затоа повторно го повика народот на помош ако треба и да „волонтира [..] во обновата на еден од најубавите македонски манастири“ и со „10 прсти да работи [..] во Бигорски.“

Со други зборови, Ѓорчев индиректно порача дека ништо не се променило во најмалку последните петстотини години „владеење“ со нашиот народ. Се рушело и повторно се градело низ историјата. Во секој историски период повторно градел народот со голи (и празни) раце. Зашто, низ историјата нашиот народ немал ниту влада, ниту владетели кои се грижеле за него и неговите најсвети нешта. Прав е Ѓорчев, овој народ секогаш се издигнувал од узурпација од страна на „господарите“ наместени во удобните владетелски фотељи. Работел овој народ со своите раце за да го плати данокот со кој потоа се граделе имотите на отоманските владетели. Работел народот и за имотите на „царевите“. Работел и плаќал данок за „други, туѓи имоти“ (ни кажува Рацин), а сепак на крајот ги имал само своите раце и десет прсти во кои и покрај сè ја наоѓал љубовта и енергијата да гради, доградува и да го одржува богатството оставено во наследство.

Така и до ден-денес.

Отиде да работи народот и пред да биде повикан, со кофите вода во голите раце како замена за дотрајаните возила на дебарската Противпожарна единица, зашто данокот од неуморната работа на македонските граѓани е резервиран, како и секогаш, за поприоритетни работи: за џебовите на „владетелите“ кои се полнат преку тендери за изградба на кич-митологии и уште покич 30-метарски коњаници. За вежби по снимање видео записи на удобно сместените роднини и пријатели на „царевите“. За пропагандни кампањи кои на власт треба да ги одржат неспособните. За полнење на џебовите на „академските“ отпадници улежани во одамна пепелосаните интелектуални храмови. За полнење на егото на духовно осакатените. Работел, работи и плаќа данок овој наш народ и за Управата за заштита на културното наследство која постои првенствено, како што и самото име налага, за заштита на постојното културно богатство, но кое е и покрај тоа е оставено „без адекватна заштита, осветлување, аларми, и без реновирани електрични системи“.

Медиумите известија дека Директорот на Управата не бил достапен за одговор на горливите прашања кои ги отвори несреќата во манастирот. Нормално дека не е достапен. Директорот Паско Кузман сигурно има попаметни работи, како на пример искористување на настанот за фото-оп момент со премиерот, претседателот и уште позагрижените дедовци од МПЦ, кои во „нормални времиња“ се најчесто затскриени зад своите блиндирани мерцедеси, а сега се затскриваат зад перфидниот обид за префрлување на одговорноста.

Да, во право е Ѓорчев. Манастирот Бигорски, монасите и сите нас единствено можат да нè спасат нашите раце. Зашто земјата нема лидерство (ниту свето ниту световно), нема влада, ниту институции кои умеат да го сработат она за кое што се платени од потта на голите раце на македонските граѓани: да ги заштитат најсветите нешта кои ги имаме, и материјални и нематеријални.

Немаше жртви, изјави Ѓорчев. Да, за среќа. Манастирот го спасија од уште поголема несреќа монасите и граѓаните кои, пак, од поголема несреќа ги заштити некоја „виша сила“ - светла овој пат (за среќа на премиерот). Не ги заштитија ниту владата ниту институциите, иако граѓаните им го полнат буџетот за да ги заштитат од несреќи и самите граѓани и монасите и културното богатство.

Упатените велат дека улогата на монасите е многу подруга отколку да се борат против неправдите на политиката и световниот свет. Оттука, освен апелот за помош до граѓаните, не ги слушнавме ниту видовме да предничат во медиумските кадри. Најверојатно зашто имаа попаметна работа.

Во пеплосаните темели на Бигорски тие најверојатно работеа со голи раце, како што работат со децении и векови наназад, како што работеа за време на огнената стихија, како што ќе работат во деновите и месеците кои следат. Ќе работат и кога ќе ги нема камерите и кога ќе заминат световните достојници, и напудрените дедовци од МПЦ, и откако ќе помине иницијалната еуфорија на „загриженост“ кај граѓаните. Ним не им е потребно ниту признание, ниту пофалници. Најверојатно затоа тие и изостанаа. Пофалбите ќе отидат кај владата (која великодушно реши да додели еднократна помош и да скрати цели 610 илјади денари од буџетот кој во нормални услови најверојатно го троши на една дневна ужинка); кај Управата за заштита на културното наследство и директорот Кузман, Министерството за култура, премиерот...Пофалби кои управувачите треба да ги одржат храбри и горди на себе до следниот пат кога нивната некадарност ќе предизвика некоја нова несреќа.

Дотогаш, на македонските граѓани им останува да се надеваат дека следната несреќа нема да го зафати нивниот дом. За жал, монашкото братство од Манастирот Св. Јован Бигорски ја немаше таа среќа.


Слики: Александар Јосифовски

 Браво.

 Браво.

коментар бе!

 нема нишо против чоек да фати страна, да има став и да го застапуе јавно .. и нема нишо против да се вика, укажуе или дебатира за постапките на власта, па и за власта како власт уопште .. апсолутно ..
.. у случајов ме погодија десетте прсти .. абе нека си го крка Ѓорчев, нека го крка Кузман, нека го крка НАТО, нека го крка владата, и кој се беше уште на список не ми текнуе сеа, нема везе .. нека го кркат сите шо им следуе, нели преку текст, да не претеруеме у захтеви со интернет желботеката, ама дај да видиме дали текстот е помада за десетте прсти .. можеби заштитна ракавица за издрасканите прсти .. или јбг ќе си наберат сопствениците на десетте прсти кантарион за раничките ..
.. за да видиме од кај се тргнуе треба да знаеме и каде кој ги полага надежите .. па би молел ако може Ана Блажева да го изнедри наредниот текст по ова прашање .. као воведна инспирација може да послужи линкот, нели ако има потреба од тоа 
http://www.youtube.com/watch?v=1iFpw0uIkbo
и не замерај на изразот, јбг у моментов неам поссодветен за ситуацијава .. поздрав!

шо бе брао?

 анонимен па вика брао .. зашо бе викаш брао? .. кажи за шо е тоа брао .. и после сите кликале у празна кифла, а властите јаделе ужинка со месо и јогурт .. зашо бе брао?

Џаман, некој лош трип си

Џаман, некој лош трип си кркнал.

тема де

зашо бе трип, па уше лош? .. нема врска, се работи за страст и љубов .. ете толку бев затрескан шо побркав презимиња .. изглеа она Б-лаже ми влегло у потсвест коа се обраќав до Ангелова или Ангелот, па така трипот искача пред гледалиштето као лош .. а стварно нема врска .. па ја сум за љубов со системот, и уше поеќе за љубов со поубавите половина тука .. јбг, окнаџики некако ми е грдо, или па окнашки .. нели не иде ..
 
.. сеа ќе каже некој дека подјебавам и дека сум циничен, ама стварно нема врска .. ја сакам да ги побудам интелектуалните хормони, ја сакам да разменуваме умствени секрети, ја стварно сакам да оплодувам .. и неќам кондоми и остали гумички и спрејови шо ќе ја поматат оригиналноста .. ја само приоѓам, пробуем, малку сум груб, малку се удварам, па машко сум бе и не сум интелектуално стреилен .. јбг, се распослав сеа .. као њупримитвс .. ама ваљда ќе ми прогледаат низ прсти коа останатите викаат само брао! .. ама си убава! и слични компли ..
 
 

Ни сега ќе се чуе, ни тогаш

Ни сега ќе се чуе, ни тогаш http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1670&stID=5227 некој слушна...

ОкоБоли главаВицФото