Општа преоптовареност од сè

09.10.2009 17:15
Mile_02.jpg

Овде никој не цени квалитет. Џабе лажат дека “знаењето е сила, знаењето е моќ”. Во ова општество сè уште важи онаа старата “учи сине за да не работиш”, т.е. “учи сине за да не се вработиш”. Кога ми кажуваа дека треба партиска книшка за вработување, од секогаш сум се противел, мислејќи дека се претерува во таквите генерализации. Но пред некое време дознав дека на пример, најдобрата студентка од мојата група се вратила во родното место затоа што немала пари да запише пост-дипломски ниту пак ја примиле таму каде што аплицирала за работа; додека можеби најслабиот од оние кои дипломираа за само неколку дена бил вработен на добра позиција во едно битно министерство, со решение и целосно регулиран статус (тешко на тоа министерство). Во исто време, во земјата на информатичари, еден програмер со меѓународно искуство поради некои чудни околности остана без работа и единствен успех при потрагата за следен ангажман овде, му беше да копа кај Паско Кузман. За среќа, му успеа да емигрира и сега е како препороден бидејќи работи за добра компанија за солидна плата во САД. А да, ова ви го збори невработен магистер.

Овде не функционира ништо. Спомнав дека сум магистрирал, меѓутоа допрва тоа ќе треба да го средувам: сè уште не можам да си ја земам дипломата за завршен факултет, бидејќи мојот факултет во Скопје сè уште не донел одлука за издавање дипломи. Поради тоа не можам да си ја земам дипломата од магистериумот од странство. Во исто време имам проблем и со апликации за работни места, школи и сл., поради тоа што освен транскрипт, многумина бараат задолжително и диплома, која јас ете ја немам поради проклетата бирократија.

Добро, факултетите на кои владеат тетките од студентски прашања уште долго така ќе се мачат. Но она што е вистински проблем во Македонија, не е нефункционирањето на институциите, туку нефункционирањето на ништо. Почнувајќи од аеродромот, јавниот превоз, па сè до тоа да молиш приватни фирми да им ги дадеш твоите пари за некаква си услуга а тие да се однесуваат како всушност да ги рекетираш (пример туристичка агенција, 5 дена ги молев да ми пратат документи, тотално индолентно оденсување од нивна страна) – значи во Македонија проблем е и самото функционирање на капитализмот. Па ако и капитализмот не функционира и ако профитот не е мотив некој да чини и работи, тогаш нешто сигурно не е во ред, тоа е некоја структурална грешка бидејќи во природата на луѓето е да работат за профит.

Кога веќе сме кај капитализмот, многу тажно е што одредени производи и услуги во Македонија, а особено во Скопје се екстремно скапи во споредба со стандардот на граѓаните. На пример, она што секој млад човек го интересира е пиво. Во Скопје, пивото чини па отприлика 90-100 денари (што е едно и пол евро), и тоа често пати тоа е цената на мало шишенце од 0,33 л кое се пие за 1 минута. Во многу поголеми, поразвиени и побитни средини од Скопје, се наоѓа пиво и за цена од 1 евро (при стандард далеку повисок од македонскиот), и тоа точено, големо, и свежо (а не шишенце мало топло со скршено грло). На промотивниот фестивал Пиволенд, цената на домашното промотивно пиво беше иста како на странското. Па каде со тие цени на пиво, особено кога не можеш да си го купиш во продавница?

Да не почнувам и за грабежот од цени за разговори по мобилен, за сè уште неквалитетниот интернет и за сите работи кои се преплатени..

Овде не функционираат и други поситни работи; ако нешто правам во последно време, се занимавам со неколку слободни ангажмани и не би сакал да почнувам за тоа дека за наплата на договор на дело (која стандардно е неколкукратно пониска од реалната цена) треба во голем број од случаите да го гониш наплатувачот со оружје и закани за да ти го исплати трудот, дека (оние што пишуваат знаат) ќе ти осамне текст во магазин со сменет наслов и поднаслови без никој да те праша или да ти плати, дека се промашуваат имиња дури и на битни документи (цел живот ме пишуваат Атанас или Вангелис УА НЕПИСМЕНИ!), дека ќе ти објават нешто без авторизација, дека ќе те бараат новинари за уствари ти да им го спремиш прилогот (плус ми се јавува новинар ми вика дека многу добри “блогови” сум пишувал годинава, а ја блог неам фатено со мал прст со месеци, толку тој проверил).

Од друга страна, овде е ужасно досадно. Многу сериозен проблем за младите е сеприсутната досада која се репродуцира сама од себе. Луѓе киснат на интернет зашто им е хронично досадно и немаат што да прават. На платформи за социјален софтвер пишуваат статуси од типот “тапа ми е”, “досадно е”, “досадаааа” и сл. Сите се мрзливи, летаргични и заспани. Никој не сака да излезе за прошетка дури ни во овие прекувремено топли и сончеви денови. Тие што нешто прават пак, се ангажирани во кампањите за трето дете, побожност, абортус-не, да не се пие и лумпува и останати досадни работи. Во мода е традиција, поштовање, сите се сериозни и кога треба и кога не треба. Во потрагата по сериозност, дури и некои ко омилниот боли глава писател, кои секогаш биле бунтовни, одеднаш почнуваат да читаат досадни конзервативни автори и го прават светот уште посувопарен и понеинтересен.

За да се долови овдешното ниво на досадност треба да се потенцира дека ултимативна забава во Македонија во моментов се свирките на тезга бендовите. Екстазата се постигнува на песни од Никелбек и слични досадни бендови, како на пример Бон Џови, Дивље Јагоде и Ван Гог. За да ја замаскираат својата досадност (пошто се досадни у душа), посетителите на тие свирки тврдат дека слушаат “рокче”. Од друга страна, авторските рокенрол бендови мора да платат за свој настап, на кој публика нема да им дојде затоа што ќе добиат лош термин, затоа што после нив клубот почнува со сопствена програма – тезга. Затоа, овде рок-ѕвезди кои заработуваат многу пари и имаат обожавателки се ликови кои ги кинат солажите на Слеш, додека оние кои измислуваат свои солажи се осудени на тоа да не можат да си дозволат да сменат жица кога ќе им се скине.

Овде сите морализираат. Ова е единствено општество освен Саудиска Арабија, Иран и Северна Кореја каде што “аут” се сексот, дрогата и рокенролот кај младите (сексот е дозволен само ако се размножуваме и само ако е на “Велики брат”). Влатко Ѓорчев неколку пати посочува како нема да дозволел Скопје да стане Амстердам, а уствари Амстердам е град со многу забава, култура, зелени површини, голема стапка на безбедност, висок развој и пред сè минимален број на тешки случаи од дрога (дури и Коко го пратија на лечење таму). Веројатно тоа се некои нивни двојни стандарди, меѓутоа вредностите кои се сервираат се крајно утнати (кој бе регулација на абортус, може ли некој да гледа дете во оваа ситуација?)

Овде всушност има состојба на “општа преоптовареност од сè”. Политичката ситуација е сомнителна; се водат 19-вековни политички дебати за потекло и автохтоност; таа е толку наелектризирана што само да зуцнеш, веќе си фатил страна или во најмала рака си прогласен за предавник. Толеранцијата кон различностите скоро и да ја нема. Пирува ксенофобија, хомофобија и некој прикриен сексизам преку кампањите за семејно планирање. Единствен зрак на недж е дека можеби визите ќе ги симнат; но од евтини летови Маро, абер да се немало. Во исто време малата средина гуши сè повеќе: дали ќе ја нарекуваме паланка или село, не е важно, важно е да се излезе од неа.

Затоа што овде, накратко, нема иднина. Најстрашно за еден млад човек е да биде заточен во држава како што е Македонија каде што не ни може да се измоча на раат, каде што ако шири љубов ќе плати огромна казна, а ако шири омраза ќе биде потапкан по рамо, каде што нормално е да живее со родителите до 45 години. Каде што се смета дека слобода на говорот подразбира и малтретирање и вербално насилство, каде што е побитно чив задник си бакнал од тоа колку си го потел твојот задник. Затоа, кога на истражување на невладини ќе видите дека 30-40% од лицата под 25 години веднаш би ја напуштиле земјава, немој да се изненадите; туку вбројте ме и мене во нив. Затоа што овде е мрачно и мрак ме обвива и овој систем е толку затворен, што долго нема да види светлина.


Слики: Миле Ничевски

Може слободно да си заминеш,

Може слободно да си заминеш, правејќи ни услуга на сите нам, но и највеќе на себе. Немаш национално чувство, немаш љубов за оваа земја, иако, напати била и повеќе од наклонета кон тебе! Наместо цела деструкција да ги насочуваш кон овој народ, побарај си место меѓу други народи.

 Првиот коментар е

 Првиот коментар е најголемата потврда дека се што напишал авторот е вистина. Не можеме да збориме за ниво на свест кога свест воопшто не ни има.

Свеста не се менува со

Свеста не се менува со негирање на базичните и фундаментални вредности на овој народ, туку со нивно почитување и надградба.

Грин мастер безимен патриот,

Грин мастер безимен патриот, полн љубов за земјата и нејзиното забрзано итање кон ендек. Тоа е новиот вид на „почитување на вредностите на својот народ“. Анастас не си оди жити сè, не ја оставам земјата на „љубовџии“ ко Грин Мастер, доволно ја сексаа. Доволно постојано абортира од нивното силеџиство.

Како велат во Саут Парк. Нема

Како велат во Саут Парк. Нема досадни одговори, има само досадни луѓе!

@Грин Манстер & сите ова е

@Грин Манстер & сите
ова е типичен ad-hominem напад, така да глупо би било да се продолжува дискусијата околу тоа.
„Грин Манстер“ може да напише своја визија за состојбата и иднината на земјава (се надевам окно ќе му ја објави).

 

Анастас, остави го мастер,

Анастас, остави го мастер, тој е само љубоморен, а љубомората како што кажа еден умен е пофалбата од медиокритетите за генијалците. Еве јас не сакам да си одиш, не само што не сакам, не сакам никој како тебе да си оди. Само така можеби ќе се промени нешто во нашево труло секојдневие, под палката на паметни и работливи деца кои не прифаќаат медиокритет, неорганизираност, непрофесионалност. И сакам да продолжиш со критичките написи, и јасно и гласно зборување. Паметните знаат дека патриотизмот и љубовта кон земјата не е комформистичко молчење, туку критикување - рече еднаш големиот руски писател кој исто така некои руски Мастери го избркаа за да подоцна му се поклонуваат и со него се дичат.

Абе чудна  работа ... Не 

Абе чудна  работа ... Не  ве   потсеќа  овоа  - Грин мастер безимен патриот, полн љубов за земјата и нејзиното забрзано итање кон ендек.  -   на  легендарната  изрека  на  Борг  дроновите - RESISTANCE IS FUTILE .
Јебига  овоа  СОРОСОИДИВЕ  би  ти  кажале  -  НЕДАВАЈ ОТПОР ЗОШТО СЕ ДВИЖИШ КОН ЕНДЕК .

Дајте бе бришете вакви

Дајте бе бришете вакви денгубци кои висат на интернет само за да си ги исфрлаат секретите од својот закржлавен мозок. Аман од лепенки кои  по цел ден само плукаат по интернет страници. Човек повеќе да не отвори ниту весник, ниту портал. Да му се згади.

It's all in (y)our mind(s).

It's all in (y)our mind(s). :D 

Оди си! Последното нешто што

Оди си! Последното нешто што му треба на овој народ се  површните анализи, кенкања и жалења на апстрактниот револуционер и речит борец за човекови права- чив единствениот допир со стварноста е- преку хранопроводот и задникот.  
 
 

Го цитирам авторот:

Го цитирам авторот: „...во Македонија проблем е и самото функционирање на капитализмот“. Господине Вангели, тоа што пред неполн месец во конфекциски погон во Штип во текот на еден ден се онесвестиле 12 шивачки, зарем не е доказ за непречена акумулација на капитал?! Ве молам, самодеклариран анархист, излезете од шкрабалското биро и придружете ми се во запознавањето со логорите на пеколот во Штип.

Ако не за друго, ќе научите

Ако не за друго, ќе научите како се кали челикот.

 Одличен текст. Особено што

 Одличен текст. Особено што последниве месеци се затворив дома и текстов е само едно умно потсетување за тоа што всушност (не)пропуштам. Мислам дека оваа атмосфера ја обележи нашата генерација. Тажно.

:) дипломиран филолог по

:) дипломиран филолог по компаративна книжевност и шпански јазик, работам во туристичка агенција, издавам авионски карти за сите што сакаат надвор од овде. Сите што отишле, пак се вратиле. Ретки се оние кои успеале да си најдат место надвор, 90% од тие си се убедиле дека можат сами во тој шарен поубав свет. Таму секогаш си странец. Таму немаш право на никаков глас. Таму си понем и поневидлив од било каде.
Не знам како успеав да се помирам со тоа дека моите раскази мувлосуваат дома необјавени и најкреативното нешто што го имам напишано последниве 5 години е „Програма за патување во Мадрид“. Сигурно сега некој дипломец од некој од многуте факултети за туризам ме пцуе:) ама и јас ги пцујам сите неписмени пиончиња чиј единствен успех во факултетските денови беше објавената стихотворба во “ТАА“. Сите се писатели, поети, филозофи, пишуваат тези, објавуваат ставови... и јас можам ... ама молчам. Зошто? Што и да кажам ќе има краток век.
Го поздравувам секој обид за ангажман и нормално, секој обид за излез од овде.... повелете имаме карти за сите дестинации :)))

 Текст на место. И јас се

 Текст на место. И јас се затворив последните неколку години, седам дома и играм нешто, читам или гледам филмови. Не ми се искача, не сакам да се социјализирам со овие луѓе. Најмодерно нешто во Скопје последните неколку години е РЕТРОТО! Епа досадно ми е од истите песни и истите муабети. Секој муабет што ќе го почнам со моите пријатели завршува со политика и колку државава е срање. Гледам да си избегам од овде, можеби таму ќе сум странец, ама и овде сум, зашто страни ми се работите со кои се судрувам секој ден. И овде ме гледаат како чудак само зашто имам други интереси, несекојдневни за опкружувањето.

@KoKo те молам пиши ми на

@KoKo те молам пиши ми на anastas.mk at gmail dot com [вака го пишувам против спам] за понудите (линкови, цени, шо ми треба). стварно барам некои ствари, може ете анлајкли хироу или бар да разгледам некои опции.
а и за ракописите на право место кажа (коља све чита, и сигурен сум ако се добри може нешто да се направи, макар и да е ситно, се разбира ако си знинтересиран/а).

@Мара: Во право си околу

@Мара: Во право си околу логорите, ама сепак има некои чудни аномалии домашниот пазар. На пример, цената на недвижностите во Скопје постојано расте иако понудата е се поголема и поголема. Цената на шопска салата на сред лето е 100 - 120 денари (трошоците за припрема не се поголеми од 20 денари), што е поскапо од некои меса во истиот ресторан. Мислам дека Вуна ги посочува овие апсурди, далеку е од тоа да ја негира општата експлоатација на трудот, што по капиталистичката логика е всушност доста природна - понудата на труд при оваква невработеност е огромна.

A namesto da se zalite i

A namesto da se zalite i kukate i da se vregjate po internet, da IZLEZETE u gard, da gi prepoznaete i otkriete DOBRITE VREDNOSTI-koi veruvajte gi ima i ziveat tuka (da receme kvalitetni domasni bendovi i koncepti od raznoviden karakter) i so vase prisustvo i uchestvo vo tie procesi da pridonesete da se razvivaat....Pa so toa poleka no sigurno da se menuva nasata realnost koja nemora da si intelektualen dzin za da sfatis deka ne e sjajna...Ama so delkanje prazna slama i megjusebno vregjanje na internet ne se postignuva nisto osobeno....Neznam dali me razbirate?

Се согласувам со Мирко. Со

Се согласувам со Мирко. Со поддршката на домашните бендови (не само бендови, туку уметници од секаков вид) може многу да се смени, особено ако се воведе и еден вид селекција - квалитетните и добри работи остануваат, лошите и кич - пропаѓаат. Присуството и учеството се потребни (бев сведок на културни настани кои беа посетувани од едвај десетина луѓе, а во кое беа вложени многу пари, труд и енергија, а богами и љубов). А со млатење празна слама навистина ништо не се постигнува. Поздрав.

Дали ако во нешто се вложат

Дали ако во нешто се вложат многу пари и труд и љубов, тоа значи дека тоа  вреди да биде забележано? Сведок сум на безброј настани (културни и некултурни) за кои беа џабе фрлени пари. Сведок сум на скулптури, објекти, шпански серии сред бел ден. Никој никого не може да навреди денес:))) сите само искажуваме ставови.
 

 Не смее човек да си го каже

 Не смее човек да си го каже мислењето .Веднаш го напаѓа армија од скакулци.Поздрав.

Коко@ јас сум надвод. Не се

Коко@ јас сум надвод. Не се чувстувам како граѓанин од втор ред. Не сум невидлив. Не чувствувам дека немам параво на глас. Никој никогаш  не ме вреднувал на основа дали сум странец или не, туку колку вредам и умеам. Дури во Македонија бев поголем странец и граѓанин од втор ред не зашто немав македонски пасош илизашто зборував со акцент, туку зашто немав партиска книшка. Моето искуство со луѓе кои се надвор вели дека процентот на таквите како мене е многу поголем од 10%. Тие кои се вратиле, се неуспешните кои во Македонија се граѓани од прв ред поради презиме, па концептот на „докажи што знаеш„ им е премногу стран оттука „западот не им чини“. Чисто да кажам и една друга страна од стереотипот „на запад си секогаш странец“ иако сум далеку од поддржување на идејата за заминување. Квалитетот треба да ни останува дома и државата треба да направи нешто за луѓето кои избрале во животот да се пробиваат сами а не со партиски книшки, помош од тато и лепење партиски плакати.

Оставете го Грин Мастер, он

Оставете го Грин Мастер, он со својата ерудитивност и грамотност може да ни објасни кои се тоа „базични ем фундаментални“ (извинете за турцизмот ем, всушност тоа е старомакедонски збор ем кој при настанувањето на вториот античко-македонски јазик преминал во им, па за да остане и кое ќе се прошири низ цела Источна Европа, а и во Шпанија поради тоа што од Македонскиот настанале сите јазици, нели) вредности на овој народ, а богами и како може „земјата да ти биде наклонета“, се надевам оти таквите како него ќе се наклонат и наслонат на нашата црна и напатена земја па и ќе пропаднат во неа, за да не мораат таквите како Анастас да си одат. Поздрав
П.С. И ја ќе си одам, јеби га нема живот овде

Идете си

Идете си буржујско-песимистични-декадентни комуњарчиња.

шибај друже и прати

шибај друже и прати разгледница

ЗНАЕЊЕТО Е ПАРИ, (НЕ)ЗНАЕЊЕТО

ЗНАЕЊЕТО Е ПАРИ, (НЕ)ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ

Вуна, ова скроз личи како

Вуна, ова скроз личи како писмо кон девојка што те напуштила, па сега пишуваш писмо-оправдание зошто уствари ти неа си ја напуштил... И да, жалам за неостварената љубов и нејзината несовршеност, ама тоа ти е. И другите љубови се несовршени, а сите љубови ирационални па да видам како ќе ги „оправдаш“ новите љубови и/или разочарувањата од нив...

Zguzhvano nase "Obrazovanie"

Zdravo;
SLucajno naletav na forumot, procitav del, me zasegna,
Se pridruzuvam na meslenjata na del od visokoobrazovnite kadri deka ovaa nasha drzavicka e raj za se, samo ne za educirani, kulturni, intelekti, koi namislile da se realiziraat i da se vklopat vo sistemot koj i onaka funkcionira kako zargjano "Fikjo". Ete toa e nasheto kvazi obrazovanie, kade nepismeni ni se shefovi, apla tipovi i tipki se profesorcinja, asistenti  i hendikepirani sinovi i kjerkji na profesori, koi nemozaht ni imeto da si go kazhat a kamoli da educiraat pomladi od niv ..itn... -zboruvam za DRZHAVNITE UNIVERZITETI !
Seto ova go zboram bidejki i samiot bev del od onaa afela na kulturni-prosvetni rabotnici, i toa vo visokoobrazovna institucaija, kade najdobro mozhev da vidam shto i kako ufnkcionira t.e kako NISHTO NE FUNKCIONIRA. Na prirodnomatematichkiot fakultet vo Skopje, Nasoka Biologija.
Nasptoti ova, chovekot koj vredi i ima ponos, vrednost .. mestoto kje si go najde nadvor od ovaa drzhava, i toa kako uvazhen gragjanin vo poleto za koe shto ucel, studiral ili sakal da studira ili raboti. Nezavisno kolku stazh, makotrpna rabota ili sl. potroshil ovde, im sovetuvam na mladite koi se razocarani bez da mu ja mislat sdrekjata da si ja pobaraat nadrvor, sigurno kje uspeat.
Ako nekoj Profesor..no vo vistinska smisla na zborot ili drug avtoritet, no vistinski povtoruvam ne lazhen,  ima poinakvo mislenje, neka poveli kje diskutirame!
Pozz
Pochit
Aleksandar
 

Bravo Anastas. Kratko jasno i

Bravo Anastas. Kratko jasno i za zal tolku tocno. Pozdrav

Александра А. да, порталот

Александра А. да, порталот забрзано се претвора во форум.

Тажно но вистинито. Секоја

Тажно но вистинито.
Секоја чест за Вуна. 
Јас сум студент во странство, баш денеска размислував што после факултет, и благодарение на текстов се потсетив како раѕмислував 4 месеци претходно и зошто заминав странство.
Дома си последен, странство прв.
Не ги оправдувам патриотските сугестии во однос на личноста која го напишала овој сурово реален текст.
Националниот патриотиѕам не ни помага моментално ѕа културен раѕвиток или било каква поинаква еволуција, барем на мислата.
И да, порталот не се претвора во форум само затоа што луѓето се доволно засегнати од оваа тема и го искажуваат своето мислење.
Благодарам
 

Иронично - баш оние кои

Иронично - баш оние кои студираат во странство, на кои не им е проблем да си купуваат нови панталони на секои 2 недели, да купуваат фотоапарати од 1000 евра (нели пошто се многу arty, и in), да куцкаат колумни а да не се појавуваат на факултет (скопска шема, им се може), кои не знаат што да прават со парите и кои кукумјавчат и продаваат „памет“ по порталиве ко самопрогласени полит-месии - да, баш тие, замислете - не можат да се воздржат да ја летнат од Македонија.
 
Makes you wonder. Што фали тука? Па да, сигурно во Македонија има помалку начини за трошење пари отколку во Америка, Холандија, Франција или Англија. Извинете, ќе Ве загушевме со нашата сиромаштија. Извинете што сме поскромни од Вас. Навистина не сакавме да Ви се згади од нас, останатите 90%. 
 
Камо јас да можев да си дозволам да студирам во странство... Напатена рајо една моја блогерска, носталгична по изгланцани улици и последните крици на („контра“) културата и модата. Фејкерчиња. Жртви. Само да се плачело. Идете секој ден ко оние од Саут Парк, протестирајте за нешто рандом. Се’ шо читам тука и онака е едно МЕГА-МРЧЕЊЕ. Интелектуален шмизлизам. Лакирате нокти, мастурбирате дури и на најмалото семантичко наговестување за „застрашување“, „неуспех“, „трагедија“, „кршење права“. Предвидливи сте. Досадни сте.
 
Камо јас да можев да аплицирам на некој елитен универзитет надвор бе. Ама не можам, немам пари. Моите се чесни луѓе, интелектуалци со високо образование, но со скромни (па и сиромашни) потекла. Што да правиме, немаме грб. Вие имате. Па ајде, земете си ги парите и со среќа во ЕУ, Бугарија, Италија, Америка, или кај сакате веќе носете се. Гитла. 
 
Бар коа ќе ве нема ќе нема кој да ни’ моча од високо. Почисти неба и посвеж воздух. Среќен Ви пат, најсрдечно Ви пожелувам што побрзо да ја напуштите земјава. А ние овдешниве, какви-такви, јебига - ќе играме живот или смрт. Идеме со бродот. Кај и да иде он. Бар еден ден ќе имаме шанси да го дофатиме кормилото и да го подисправиме курсот...
 
А за глувците, се знае - ABANDON SHIP.

Остај... Не можам да најдам

Остај... Не можам да најдам друг пример во кој што се велича напуштањето на твоето како знак дека се бориш за тоа. Кој? Венко Марковски? Па он не напуштил, он вика дека не е Македонец... Друг некој? Може и со примери од други земји, мене не ми текнуваат, освен некои писатели што плачат по татковините и сл.

Огромен товар е да напуштиш с`е и да отидеш некаде далеку. И ти треба оправдание пред самиот себе. Ама остај ги другите на мира...

Душане можеби не можеш да

Душане можеби не можеш да студираш у странство зашто наместо да фатиш книшка, седиш по цел ден на нет, менуваш никови и ги анализираш чергите на другите. За да студираш во странство не ти требаат пари, ни богати родители - ти треба ум, малку книгички во мозокот и троа отвореност на истиот. Плус ти треба капацитет да сфатиш дека во животот се „расте“ не со мерење со другите низ капацитетот да напишеш 10 пасуси да ги исплукаш, туку сам со себе, преку докажување на знаење пред другите. За оние кои тоа го сфатиле со време Душане,  има нешто што се вика стипендии за деца кои ги бива. Ти не би знаел за тоа. Зошто. Прашај се самиот.

Не менувам никови; За да

  1. Не менувам никови;
  2. За да студирам во странство ми требаат ДОБРИ пари, препораки, и евентуално масовно газолижење за некаква стипендија (ако сакам да ја добијам без врски, that is);
  3. На страна ова, никогаш и не сум осеќал желба да студирам во странство, ниту па да живеам некаде во странство, но нејсе, би сакал и таа опција да ми беше отворена (која, разјаснив, прилично ми е затворена);
  4. Да ми беше отворена опцијата од точка 3, сигурно немаше да пишувам депресивни блогови. Зошто би пишувал?
  5. Докажување на знаење пред другите? Другар, ја сум студент со единаесет 10-ки, десет 9-ки, по некоја 8-ца, една 7-ца и две 6-ки (кои ни’ ги залепија од Философски факултет на сите што бевме од Филолошки, без разлика на знаење). Знаењето сум си го докажал кај што треба, нели? А еве и со тебе може да си размениме по некое знаење. Се согласуваш?
  6. Стипендист сум на УКИМ, thank you very much. Странска „офшор“ стипендија уште не ми има слетано во скут, and last time I checked, таквите стипендии беа доделени уште пред да се објави конкурсот за истите. Коа ќе запишам постдипломски пак ќе бидам стипендист.
  7. Исплукав, или само следев некоја (човечка) логика? Зошто некој што запнал да замине одовде, и тука ништо не му се допаѓа, а ги има сите средства за тоа, едноставно не си замине? Туку седи и мрчи? Имаш некоја овака, теорија што би објаснила такво однесување?
  8. Патем, може да ни’ се претставиш на сите овде, како би можеле да се запознаеме малку подобро? 

 П.С. Иначе постовиве на Вуна

 П.С. Иначе постовиве на Вуна НЕ СЕ плукање? :)))
Ах да, претпоставувам дека се мерење сам со себе. Како и ти шо се скрши мерење сам со себе, алудирајќи на тоа дека ја сум „глуп“ и не ме бива, пошто не сум имал странска стипендија. А оние што имале странски стипендии имале троа „книгички во мозокот“.
Wow.

Се накотија копуците....хи хи

Се накотија копуците....хи хи хи  цепки.

Вуна, нигде не идеш ти, брат.

Вуна, нигде не идеш ти, брат. За среќа, за жал, тоа е. :)

 Пер, НЕ ГО ДАВАМЕ! Предобар

 Пер, НЕ ГО ДАВАМЕ! Предобар е за да го пуштиме... :)

Ти си знаеш брат. :p Инаку,

Ти си знаеш брат. :p Инаку, само една кратка порака до сите Анонимуси пред да заспијам на тастатура или да ме лупне инфаркт:
Зашто имитирате бе, копиљаци? :)

 Ај лајк дис комент! :D

 Ај лајк дис комент! :D

партиски момчиња, а зошто

партиски момчиња, а зошто вака учени, Вие стипендисти на УКИМ не оставевте некој коментар на еден од текстовите за музика, филм, или на некој од расказиве кои овие од Окно така убаво ги преведуваат? Ау, извинете. Тоа значи дека прво треба  да прочитате?! А вие освен партиски памфлети друго не разбирате изгледа. Заборавив, одамна не даваат стипендии за музика и раксази на УКИМ. Ајде, продолжете со партиските задачи да не ги изгубите стипендиите, оти дури тогаш ќе бидете за жалење.

Г-дине „Анонимен од 21

  1. Г-дине „Анонимен од 21 октомври“, ти постираш коментари на текстовите за музика, филм, или расказите кои Окно така убаво ги преведуваат? Ма јебено не, и да си постирал нема да можам да те приметам кој си и дали си постирал, оти си одбрал да се потпишуваш како „Само уште едно зрно песок во Анонимниот океан“. Многу зеновски, не? More like, зен-позерски. :D
  2. Иначе, еве еден мал експеримент. На тепка избрав 4 текста од Музика и Култура. На текстот за Штулиќ (http://okno.mk/node/2795), на „Порничите го убија сексот“ (http://okno.mk/node/2832), на оној за Марк Шагал (http://okno.mk/node/2803), како и на „Оргазам“ (http://okno.mk/node/2274), во моментов има 0 (нула) коментари. И ти г-дин Анонимен, од некаде, најде издржана логичка мисловна позадина да ме обвиниш мене, всушност, дека не сум коменирал таму? А кога стоиш пред огледало, си го гледаш ли одразот? :D
  3. Благодарен сум и на Окно што преведуваат раскази и убави работи. Тоа е навистина за почит, оти укажува дека порталов го интересираат и други работи освен политика. Меѓутоа, тие работи се повеќе за вкусување отколку за дебата, па затоа и ме нема таму. Може едино, ако седнам да прочитам нешто интересно, да кликам Like, ако се воведе опцијата. ;)
  4. Лично (повеќе) немам навика да читам од компјутер. Читав зимото 2001/2002-ра, и тоа прочитав три од четирите „Одисеи во вселената“ (на англиски) од Артур Кларк, четвртата не домогнав да ја прочитам од екран пошто очите ми октажуваа. И од тогаш баталив да практикувам читање литература на компјутер. Хартија си е хартија.
  5. Не знам за тебе, ама денес си купив 3 убави книги од Темплум, а завчера уште три од Култура. Насловите од Темплум се „Тајната интеграција“ од Томас Пинчон (преведена од Никола Гелевски и Жарко Трајаноски), и „Ако една зимска ноќ некој патник“ и „Американски предавања“ од Итало Калвино. Од Култура си ги купив „Детето на Ное“ од Ерик-Емануел Шмит (60ден.), „Нови Антрополошки Есеи“ од Никола Милошевиќ (90ден.) и „Како што сака Господ“ од Николо Аманити.
  6. Ич, ама ИЧ не ми пречи што ќе читам превод на колумнистите наведени погоре. Напротив, благодарен сум. Сфаќам дека луѓево освен што блогерисувале и друго, ем преведувале.
  7. А што не даваат на УКИМ стипендии за раскази, не даваат. За просек, даваат. А може и има некоја финта со она „Лоза“ ли, како ли беше. За музичарите не знам, прашај си некој „подобен“ (сакам да кажам, од таа „бранша“). Погрижи се тој да има барем име, ако не веќе презиме. Чисто вака за да се воспостави НОРМАЛЕН дијалог нели. А не имиња кои комуницираат со Големиот мрачен амбис (Анонимен ад инфинитум). What are you, the Borg? :D 
  8. Pardon my книшка, упс... language! Sorry!
  9. Се извинувам и за мојата слобода на говор, размислување и изразување, г-дин Анонимен.
  10. Туф туф, цив цив, и се’ што треба да те утешам за да не плачеш од „партиски војничиња“... Кутриот/кутрата ти. ;) 

Душко, а сабајле мочаше? дај

Душко, а сабајле мочаше? дај не не поштедувај од тие детали, не мора само академските да ги споделуваш. Ајде, не биди срамежлив, волкав лист хартија овде, створен само за тебе. Ајде, продолжи да не забавуваш.

Г-дине Анонимен, гледам дека

Г-дине Анонимен, гледам дека одеднаш речникот ви претрпе тешки загуби, па вашето его, во недостаток на некоја поосмислена и поаргументирана реплика, се сврте кон тактиката на иронијата (прилично импотентна во случајов. Заприличува на реплика од некој импотентен кловн од некоја претстава, кој нема што да одговори па очајно пробува да брцне по некој литературен удар во слабината на другиот. Очајно).
Но, да не должам многу, да ви ја прифатам играта и да ви одговорам дека ДА, денес и мочав и серев. Откако станав рано и ненаспан. Па си миев раци, лице, заби, се’ по ред. Па си ги врзував патиките. Па патував за Скопје да средувам работи на факултетот. Па ги гледав студентите како (не) гласаат. Па средував документи и плаќав уплатници. Па се шетав. Па ручав. Па патував. Задремував по пат. Па ме частеше другар. Па се вратив дома. Па спиев. Па станав. Па ви одговарам сега... 
 
Нема проблем, ќе ве забавувам колку ви душа сака. И за тоа ме бива. И сите среќни! ;D

Душане, пред да продолжиш да

Душане, пред да продолжиш да лечиш очигледно големи фрустрации на порталов, и да критикуваш лаички, само да ти кажам дека постојат студенти кои НЕ купуваат фармерки секој 2 недели, НЕМААТ апарати од 1000 евра, туку СЕ ОТЕПУВААТ од учење во странство за да земат стипендија, а отишле благодарение што нивните СИРОМАШНИ родители одлучиле да направат жртва за да стекне студентот солидно образование во некорумпирана држава, кои го бројат секој ЦЕНТ што го потрошиле и така натака и така натака...
Кој како си ја наредил.
 

Викаш? Ја како шо знам, деца

Викаш? Ја како шо знам, деца на сиромашни родители имаат проблем и во Македонија да им обезбедат студии на нивните деца, не па во странство.
 
И да, не еднаш лично сум зборел со такви деца (кои уз пат, ем студираат ем работат у Скопје за да си обезбедат студии, кирија, и џепарац).
 
Изглеа некој има прилично искривена слика за „сиромаштија“. Ја за македонски стандарди не сум сиромашен, ама не можам да плаќам по 10.000 евра за семестар или учебна година во странство на пример, ни па за смештај таму. Ајде нека се и 3000 евра од семестар. Пак е премногу. Ич ни да не ги рачунаме другите пропратни трошоци. И викаш дека сиромашно семејство успева (некако) да ги плаќа тие трошоци?
 
Ја не верувам, ама еве ајде, оставам простор да има и такви случаи (како што и секое правило си има исклучок). А и да постојат, несомнено се во толкав мал број што е прилично занемарлив, па и ирелевантен за муабетов овде. Али кој како ќе си ја нареди. ;)

Милан. 3:2. Кутрите копилиња,

Милан. 3:2. Кутрите копилиња, конечно да се израдуваат малце. Ако некој се прашува ја сум и за двата тима, и за Милан и за Реал, така да - тамам. :)

 Ои, абе ја одамна сум као за

 Ои, абе ја одамна сум као за Реал, а брат ми и за Реал и за Милан како тебе исто, ама имав работа и не пратев. Ама не ме изненадува ова. Јебеш, ништо ново од Реал... Стално го боцкам да стави едно ливче дека Реал ќе изгуби, може и некоја пара ќе фати така. :D Ама пуста љубов, никад не игра дека Реал ќе изгуби. :D

ОкоБоли главаВицФото