Порничите го убија сексот

21.10.2009 12:03
star795765.jpg

Дали и вам ви недостасуваат старите добри порно филмови во кои глумците навистина уживаа и во кои сексот беше навистина возбудлив?

За почеток, да се вратиме во 70-те, кога порно филмовите беа револуција. Кога беа прикажувани во вистинските кино-сали и кога заработуваа повеќе пари од нормалните филмови. Добро прочитавте, легендарниот „Длабоко грло“, во кој во 1972 г. заигра легендарната Линда Лавлејс (Linda Lovelace), зад себе ги остави повеќето тогашни ѕвезди и стана еден од највносните филмови на сите времиња.

Приказната за жената која има клиторис во грлото, што значи дека единствено може да ја задоволи длабок орален секс, се појави во вистинско време, а Линда преку ноќ стана голема ѕвезда и го достигна гламурот на тогашните холивудски глумици.

Нешто слично се случи и со филмовите „Ѓаволот во госпоѓицата Џонс“, во кој Џорџина Спелвин (Georgina Spelvin) беше главната актерка и „Зад зелената врата“, во кој ординираше Мерлин Чејмберс (Marilyn Chambers). Тоа беше време кога порничите се вивнаа високо во небото, а публиката ги сметаше за нешто нормално, како другите филмови кои во тој период се прикажуваа во кино-салите.

Потоа дојдоа 80-те и новите ѕвезди. Да речеме, култната Трејси Лордс (Traci Lords) која крена прав поради фактот што лажела за своите години и почнала да снима порно филмови уште на петнаесет години. Потоа Амбер и Џинџер Лин (Ginger Lynn), нашата легендарна сосетка Чичолина (Cicciolina) и, се разбира, големиот Џон Холмс (John Holmes), мажот со најголем пенис во порно индустријата која ја отвори вратата за ништо помалку легендарниот Рон Џереми (Ron Jeremy), познат по можноста за автофелацио.

Точно прочитавте, во еден од своите најрани филмови, Рон сам себе си пружа орално задоволство и така влезе меѓу легендите на порното.

Потоа дојдоа 90-те, кои ги пренесоа порничите исклучиво во нашите домови, што од една страна е интересно, а од друга страна им го одзеде сиот шарм и ги претвори во потрошна стока.

Токму овој факт дека порно филмовите засекогаш се преселија на видео предизвика презаситеност на пазарот бидејќи сите почнаа да снимаат порничи – Хрватите, Србите, Словенците, Македонците, па дури и Марсовците.

Порно филмовите станаа индустрија во која повеќе не е важно кој глуми, како глуми, како изгледа додека глуми, ни дали воопшто ужива, туку каков пенис има, колку силикони може да стави и што сè ќе се осмели да направи пред камерата.

И токму ваквата одважност целосно ги уништи порничите. Им ја одзеде возбудливоста. Им одзеде сè што имаа некогаш.

Порано порничите ја возбудуваа публиката, денес можат само да ја шокираат додека во филмот сите се натпреваруваат кој повеќе ќе се одважи. И токму таа одважност го убива сексот. Токму таа одважност го менува сексот во екстрем кој не е секси, туку одбивен, непотребен и апсолутно невозбудлив за гледачите кои остануваат со отворени усти и се чудат како е возможно нешто од таква природа.

Третокласни и евтини глумици кои се собрани од најзафрлените барови. Ниту една вистинска ѕвезда која барем малку би им се доближила на некогашните кралици.

Глетки кои нè оставаат без апетит. Ш-продукција. Тони силикон. И дејствие кое нè принудува да се насмееме. Внимание, на вашата кабелска програма на располагање се порно филмови во кои се појавува чист хардкор.

24 часа на ден. Секој ден. Илјадници порничи меѓу кои само ретко ќе најдете некој вреден за гледање и кој барем малку ќе може да ве возбуди и да ви послужи како предигра.

Ништо чудно што и на Џена Џејмисон (Jenna Jameson), која сè уште нема вистински налседнички, и’ здосади од сè. И дека речиси и не познаваме пријател/ка кој/а сè уште е луд/а по порничи. Порничите се passé. Тие се само дел од вашата младост и повеќе не може да ве возбудат, бидејќи ги снимаат луѓе без талент и без смисла за еротика.

И тогаш, се прашувате зошто речиси сите светски познати ѕвезди почнаа да снимаат сопствени порно дела кои, поради некое чудо, се појавуваат во јавноста.


Извор: Sexation

Неверојатно површен текст.

Неверојатно површен текст. Глупо е да се земе популарноста и филмската одважност на Длабоко Грло и да се користи како пример за период во кој порно филмовите „биле“ револуција (седумдесеттите). Кои се другите филмови од таа „револуција“ која ги засенија останатите жанрови?!  Длабоко грло е исклучок, кој воопшто не зборува за индустрија, ниту пак е дел од порно индустријата.