Корици на Орвеловата „1984“

19.06.2013 09:37
Корици на Орвеловата „1984“

Романот „1984“ на Џорџ Орвел, објавен 1948 година, се смета за едно од ремек-делата на светската книжевност. Дистопискиот роман кој ја опишува состојбата во тоталитарните општества со децении пред да настанат, говори за животот на интелектуалецот Винстон Смит во имагинарната тоталитарна држава Океанија, во која поединецот живее под постојан надзор.

Откако Едвард Сноуден ѝ ги откри на јавноста деталите околу американските програми за следење на комуникацијата, Орвеловиот роман повторно доживеа огромен раст на продажбата.

Како што добриот дизајн секогаш го прави тоа, повеќето насловни страници за романот на Орвел, кој доживеа многу изданија на 62 јазици, со збиен јазик ја прикажува суштината на приказната во кориците на книгата.

Цитатите Големиот Брат те гледа, Војната е мир, слободата е ропство, незнаењето е сила, кои се сликовит приказ на тоталитаризмот и надзорот кој стана обележје на современите општества, се наоѓаат и на некои од најинтересните насловни страници на „1984“.

Подолу може да погледнете избор од највпечатливите корици на најпознатата книга на Џорџ Орвел.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото