Пиво загарантирано со устав

12.07.2013 11:45
Пиво загарантирано со устав

Индивидуална граѓанска акција забележана со камера вчера се појави на социјалните мрежи: еден млад човек од Белград се снимил како купува шише пиво во забрането, речиси ниедно време, после 22:00 часот.

„Бидејќи вие не продавате алкохол, сам ќе си го купам“, контрадикторно учтиво вели младиот перформер, оставјќи 200 динари за пивото кое чини 150. Тој им напоменува на продавачките дека во неговата акција нема „ништо лично“ и дека неговото пиво е „загарантирано со Уставот“.

„Вашиот газда, заедно со Драган Ѓилас, го крши Уставот на Србија. Му ја оставам адресата на Уставниот суд, па нека се жали кај нив“, вели бунтовниот љубител на пиво.

Во октомври 2012 Уставниот суд на Србија ја прогласи за неуставна одлуката на Градското собрание за забрана на продажба на алкохолни пијалаци по 22:00 часот, како и износот за казните за нејзино кршење, кои можеа да изнесуваат и до 20:000 динари.

Кон крајот на јуни оваа година, Градското собрание донесе сличен прохибистички акт, повикувајќи се на новостекнатото право на локалната самоуправа да ја уредува оваа „материја“, по измената на Законот за трговија.

Суштински, станува збор за арогантоста на белградскиот градоначалник, кој најави изживување со суштината кога беше донесена одлуката на Уставниот суд. Не постои начин Уставниот суд да се одбрани од Драган Ѓилас и неговите игри со уставните права на граѓаните; кога и оваа одлука ќе биде прогласена за неуставна, ќе донесе нова и ќе се повика на, да речеме, законот за оружје и муниција.

И така во недоглед. Здружението на трговци и граѓаните протестираат и најавуваат повторна уставна иницијатива. И уште малку суштина - не би го можел тоа сам, без поддршка на повеќето градски одборници, очуви или како и да се вика.

Извор: e-novine

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Историја
Технологија / Живот / Уживање / Историја
Активизам / Екологија
Општество / Активизам

ОкоБоли главаВицФото