Наградата „Мостови на Струга“ за Николина Андова

30.07.2013 14:35
Наградата „Мостови на Струга“ за Николина Андова

Со едногласна одлука на управниот одбор на СВП наградата „Мостови на Струга“ за 2013 година ѝ се доделува на Николина Андова за дебитантската книга „Влезот е од другата страна“ во издание на Темплум.

Наградата „Мостови на Струга“ ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, со цел да се промовираат поетските тенденции и трендови на новите поетски генерации.

„Книгата Влезот е од другата страна од Николина Андова импонира со своевиден занимлив поетски исказ кој вниманието на читателот го привлекува со својата необичност и провокативност, проткаени низ префинета иронија и пародија присутна речиси во сите песни, без исклучок. Таа го актуелизира поетскиот субјект, го открива неговиот темперамент и сензибилитет, доведувајќи го поетскиот јазик во полна кондиција на нови откривања, значења и вредности“, стои во образложението на управниот одбор на СВП.

Досегашни добитници на оваа награда се Ангело В. Суарез (Филипини), Андреа Коте (Колумбија), Маријана Гејде (Русија), Мануа Рима (Белгија), Антонија Новаковиќ (Хрватска), Усман Сар Сарус (Сенегал), Сим Кера (Естонија), Хироши Таниучи (Јапонија) и Франсоа Ксавие Мегр (Франција).

Песни од книгата „Влезот е од другата страна“ може да прочитате на следниве линкови:

Влезот е од другата страна
Се смалуваме
Запирки

ОкоБоли главаВицФото