2. Граничниот режим на Берлинскиот ѕид

09.11.2009 04:23
20g od pad na Berlinski dzid VBB.jpg

Втор дел од фото-фељтонот по повод 20 г. од падот на Берлинскиот ѕид, со тема: Граничниот режим на Берлинскиот ѕид. За список на останатите делови, проследете го следниов линк.

Рефреширајте ја страницата во браусерот доколку фотографиите не се вчитаат прописно.


Вовед

Заради нормална комуникација помеѓу двата дела на поделениот Берлин, на одредени пунктови на Ѕидот се отвораат и гранични премини од кои најпознат е Checkpoint Charlie. Но можноста за легално преминување на Запад за Источните Германци е минимална. Само малкумина од нив добиваат дозвола за излез од страна на репресивните власти. 

 

Checkpoint Charlie 

Checkpoint Charlie некогаш

Гранична контрола на воено возило. Покрај физички лица, низ пунктовите минувале и воените трупи. Напр. советски трупи го посетувале Споменикот на Црвената армија во Тиргартен, изграден од страна на Советите по војната, кој подоцна, со разграничувањата, потпаднал под Западна контрола. Сцени на советски војници на Западна територија делувале крајно бизарно.

„Факен коумиз... детс пазитив с’р“ (американци муабетат на Checkpoint Charlie додека во позадина се набљудувани од двајца „вопоси“, т.е. припадници на источногерманската Volkspolizei, или скратено, Vopo)

 

За влакно избегната Трета светска војна
 
Во Октомври 1961 година избива инцидент помеѓу Западот и Истокот. Американски и советски тенкови се наоѓаат очи в очи насред Берлин и за малку не започнуваат Трета светска војна!
 
 
Американски тенкови на Checkpoint Charlie
 
 
Американски војници на барикади на Checkpoint Charlie
 
Припадник на американските сили со двоглед го следи движењето на противничките, советски тенкови од спротивната страна.
 

 Надреализам

Манфред, мало германско момче од Западен Берлин, кое трчкара и си игра во ничијата земја помеѓу двата спротивставени светови! Љубимец и маскота на граничарите од обете страни, кои великодушно го толерираат!

   

Двајца американски граничари на Checkpoint Charlie го лулаат Манфред, додека двајцата источногермански „вопоси“во позадина се досадуваат на рампа.