Зошто е важен Берлин

09.11.2009 13:13
1trabant.jpg

Како може еден град да значи толку многу? Берлинскиот ѕид падна пред 20 години, но само малку текстови кои ја одбележуваат годишнината го објаснуваат целосното значење на овој настан.

Студената војна започна 14 години пред да биде изграден ѕидот на 13 август 1961 г. Како неговото паѓање на 9 ноември 1989 може да претставува предвесник на крајот на Студената војна?

На крајот на Втората Светска војна, градот беше поделен на четири сектори, секој окупиран од една од четирите сојузнички армии – САД, СССР, Британија и Франција. Како што поделбата Исток-Запад се зацврстуваше за време на Студената војна, исто така се зацврстуваше и поделбата на градот, на Источен и Западен Берлин.

Западен Берлин беше очигледна аномалија: островче на слободата затворено од сите страни, 150 км внатре во Источна Германија контролирана од СССР. Во 1948 г. Сталин нареди блокада, отсекувајќи го градот од неговите западни снабдувачи. САД реагираа со авионска помош која траеше 300 дена, додека Сталин не се повлече и не потпиша договор со останатите три сили, гарантирајќи им влез на Западњаците во енклавата.

Десет години подоцна, Никита Хрушчов го продолжи притисокот, објавувајќи дека за 6 месеци ќе го прогласи договорот од 48-та за ништовен и неважечки и дека ќе го смести целиот Берлин под источногерманска власт – или со други зборови, под советска власт. Ако Западот се спротивстави, рече тој, тогаш ќе има војна.

Западните разузнавачки служби во тоа време не знаеја дека заканата на Хрушчов произлегуваше од очај. За време на претходната деценија, Западен Берлин израсна во слободен и напреден дел, додека Источен Берлин стагнираше под советската чизма. Источногерманците емигрираа на Запад, користејќи го Западен Берлин како транзитен центар. До есента 1958 г. Источна Германија загуби 2 милиони луѓе, со постојана загуба од 10 000 месечно, вклучувајќи ги и најобразуваните. Хрушчов мораше да го запре иселувањето. Кога Западните водачи ја игнорираа заканата, Хрушчов знаеше дека треба да изреагира. Заканата беше блеф, а советската воена и економска сила беа во очајна состојба, додека ракетната програма беше во зародиш.

Затоа, на почетокот на 1959, Хрушчов го испрати заменикот премиер, Анастас Микојан, како гест на добра волја, во Америка, и во септември и самиот отпатува, станувајќи првиот советски премиер кој ги посетил САД. Тоа беше драматична и комична посета од едниот до другиот брег на Америка. Но целта на посетата се исполни на нејзиниот крај, кога Хрушчов и Ајзенхауер се сретнаа во Кемп Дејвид. За време на оброкот, двајцата лидери разговараа за нивното искуство од Втората Светска војна. За време на нивниот формален разговор, тие искрено разговарале и за Берлин. Хрушчов признал дека реагирал несоодветно со објавувањето ултиматум, но се правдал дека внатрешниот притисок во неговата земја бил голем. Ајзенхауер изјавил дека Западен Берлин претставува „аномалија“, но нагласил дека американскиот народ никогаш нема да дозволи Советите целосно да го земат градот под своја контрола. Два милиони луѓе живееле таму, и Вашингтон бил обврзан да ја заштити нивната безбедност. Хрушчов побарал уверување дека САД нема целосно да го окупираат Берлин, а Ајзенхауер му одговорил дека би бил многу изненаден доколку западните сили останат таму наредните 25 години.

На крајот од состанокот, Ајзенхауер се согласил на средба во Париз наредната година во која ќе учествуваат четирите сили што го окупирале Берлин. На дневен ред ќе биде Берлин и разоружувањето.

Хрушчов се вратил среќен во Москва. На пленарната седница на Комунистичката партија изјавува дека, според неговиот разговор со претседателот, но и со индустриските лидери на САД, повеќето Американци не сакаат нова војна и дека американската економија може да расте без огромни воени трошоци – што претставувало ерес за Ленинистичката доктрина.

Во јануари 1960 г., тој одржува јавен говор во Врховниот Совет, објавувајќи екстравагантен план за разоружување како вовед во претстојната средба во Париз. Според него, Советите ќе повлечат еден милион војници од Источна Европа и ќе го поканат НАТО да повлече сличен потег. Тој исто така ќе ги уништи сите советски ракети и ќе разговара за инспекција за да потврди дека и САД го сториле истото. Дури и Ален Дулс, директорот на ЦИА, мислел дека говорот на Хрушчов претставува голема промена во советската политика.

Но генералите од воздухопловството и Демократите ширеа извештаи дека Советите се далеку понапред од САД во меѓуконтиненталните балистички проектили. Ајзенхауер знаеше дека повеќето доверливи податоци – кои се засноваа на шпионските прелети на авионите У2 преку советска територија – се контрадикторни на нивните тврдења. Сепак, доказите не беа доволно јасни. Дулс предложи дека уште еден лет на У2 може да го разјасни прашањето. Ајзенхауер, кој се откажа од шпионските прелети по протестот на Советите, одобри уште еден, кој се случи на првомајската парада во 1960 г. Остатокот е тажна приказна. Советски одбранбен проектил го погоди авионот. Пилотот, Френсис Гери Пауерс, не ја голтна пилулата со цијанид како што беше предвидено. Советите го прикажаа срушениот авион. Ајзенхауер, претпоставувајќи дека Пауерс е мртов, излажа дека авионот сигурно скршнал од својот курс. Во меѓувреме, советските разузнавачи го испрашуваа пилотот, ја дознаа вистината – и потоа го покажаа Пауерс, посрамувајќи го Ајзенхауер.

Хрушчов, кој ризикуваше многу додворувајќи му се на Западот, замина од средбата во Париз, повлекувајќи го планот за разоружување. Изгледите за реформи во СССР и за мирот меѓу Истокот и Западот исчезнаа, и не беа ревидирани во следните 27 години.

Сепак, главната поента е следнава: дури и да не се случеше кризата со авионот У2, париската средба беше осудена на неуспех. Понудата за разоружување на Хрушчов вклучуваше Западот да се откаже од Берлин. А како што Ајзенхауер му кажа (а западноевропските лидери го потврдија тоа), тоа никогаш нема да се случи.

Во меѓувреме, многу Источноевропејци ја напуштаа советската империја преку Западен Берлин. Кога Џон Кенеди стана претседател во јануари 1961, Хрушчов ја повтори заканата.

Конечно, на 13 август, Хрушчов им нареди на источногерманските трупи да ја окупираат границата, одделувајќи ги двете половини на градот и поставувајќи ги првите тули и бодликава жица кои подоцна ќе станат Берлинскиот ѕид.

На некој начин, ѕидот го означи крајот на кризата на Хрушчов. Но Кенеди повлече потег поради потенцијалната закана од поширок судир. Ги зголеми финансиите за конвенционалните сили, истовремено сериозно размислувајќи за разоружувачки превентивен напад против СССР, доколку Хрушчов се обиде да го окупира Западен Берлин.

До октомври, Советите ги затворија сите гранични премини. На 27 октомври, во сега-веќе-заборавената конфронтација (една година пред кризата со проектилите на Куба), советските и американските тенкови се соочија на пунктот за контрола, на кратко растојание, додека се водеа преговори, а потоа тенковите се повлекоа.

Понатаму веќе немаше други кризи околу Берлин. Советските водачи немаа причина за закани кон Западен Берлин сè додека ѕидот ги држеше нивните луѓе затворени.

Ѕидот беше изграден за да го заузда револтот – масовната емиграција која се закануваше дека ќе го разобличи советскиот систем како полош од Западниот, како угнетувачка зандана за образуваните луѓе кои сакаат да избегаат. Ѕидот не ги прекина само тие обиди за бегство; тој исто така им покажа на младите Совети и на источноевропските лидери дека самиот систем – идеолошката основа на нивното владеење – е сомнителен, и дека е неодржлив, многу помалку конкурентен со оној на Западот, без внатрешната закана со сила.

Хрушчов беше сменет од тврдокорната линија во Комунистичката партија во 1964. Следните дваесет и пет години, лидерите од Кремљ се претворија во неверојатна гломазна бирократија, а самиот систем сè повеќе заглавуваше. Во 1988 г., кога Михаил Горбачов определи курс за сериозни реформи и го отвори СССР кон светот, можностите кои се појавија како меурчиња во доцните 50-те, но беа потиснати, повторно избија на површина. А потоа, кога ѕидот падна, тоа беше како пукање на тапата од отвореното шише шампањско.

Крајот на СССР – и со тоа, на Студената војна – по таа точка, беше неизбежен.

Извор: Slate

Ne mi e jasno so sakat

Ne mi e jasno so sakat germancite, pa ubile 20 MILIONI rusi i sega posle toa kako nisto da ne e bilo.Nogu e i toa sto im e sega dadeno.
Sto tolku so Berlinskiot zid.Nogu jasno rusite pobedile i si go zele gradot!
Sekako deka im sleduva del od teritorijata na germanija!
So se raduvat site na toa deka padnal berlinskiot zid.Koja e pridobivkata?
 
 

Која е придобивката? Дека

Која е придобивката?
Дека овде може да лупеташ.

okuliarov atp. zabavených

okuliarov atp. zabavených pred „sprchovaním“. Vlasy sa používali v Nemecku na vypchávanie matracov. Tiso na návrh Nemcov pozval nemecké vojská proti partizánom a SNP na Slovensko, vyznamenal nemeckých vojakov po dobytí Banskej Bystrice a na znak vďaky tam slúžil ďakovnú omšu. Po oslobodení sa dostali pred mimoriadne súdy všetci zradcovia a vrahovia z radov Nemcov aj Slovákov (najmä z jednotiek Hlinkovej gardy a Pohotovostných oddielov HG, ktorí vraždili po potlačení povstania). Hitlerovi bol Tiso verný do poslednej minútky vojny a skrýval sa v bavorskom katolíckom kláštore. Tak ako ostatní, bol postavený pred Národný súd a odsúdený na smrť. Iný rozsudok sa ani nedal predpokladať ak jeho predseda vlády Béla Tuka, niekoľko veliteľov jeho Hlinkovej gardy za protipartizánské útoky a masové vraždy a niekoľkí vysokí dôstojníci za zradu SNP dostali povraz. Na rozdiel od ostatných neprejavil ľútosť ani pri premietaní filmov z koncentračných táborov. Chcel zomrieť ako národný hrdina ! Napriek tomu bola dohoda

=======================
wonderlic exam
usmle exam
ptcb exam
psat exam

ОкоБоли главаВицФото