Длабоката мудрост на народот изразена во Никола Груевски

29.08.2013 09:34

За наша голема среќа дочекавме двомилениумската длабока, народна мудрост да ја посети Македонија. Всушност, мудроста си се врати дома во Македонија за да се пресмета со црната чума на македонската глупост изразена во борбата за власт по цена на пропаста на нашата кревка држава. Тогаш пред 25 години напишав: "Ако непријателите на Македонија сакаат да ја уништат, најдобро е да најмат убијци меѓу нас Македонците!". Па, сепак, длабоката мудрост на нашиот народ овојпат изразена во личноста на Никола Груевски, ги парализира оние што го продадоа и се уште го продаваат нашето име и знаме; што ги грабнаа нашите имоти; си играа мајтап со најдобрите синови кои паднаа за Македонија, оти тоа било патетично!? Но, македонската мудрост си се врати дома за до го побара нашиот ум. Каде е сега тој наш ум? Ќе се здружи ли уште еднаш со глупоста продавајќи вера за вечера?
Љубиша Георгиевски, амбасадор; Вечер, 27.08.13.

 

ОкоБоли главаВицФото