Расчистување на урнатините (2)

02.09.2013 08:38
Расчистување на урнатините (2)

Проштавање со синонимите на градот

Голема помош во расчистувањето на урнатините дадоа сојузните и градските младински бригади. Сојузната младинска работна акција почна на 5 август, a градски младински бригади имаше уште првиот ден по катастрофата. Тие младинци дојдоа токму во деновите кога најмногу беа потребни. Ја донесоа младоста, свежината и радоста токму кога таа најмалку ја имаше во Скопје. Донесоа песни токму тогаш кога никој во градот не помислуваше на песна. Првата песна по јулската катастрофа беше песната на младината:

„...Скопје граде, ти не губи наде, долазе ти савезне бригаде...“

И понатака:

„Зидат ћемо зграде у висине, да се види симбол омладине... "

Во писмото упатено до сите организации на Сојузот на младината на Југославија се вели: „СМЈ пристапува кон организација на сојузна младинска работна акција во Скопје. Акцијата ќе почне на 5 август и во првата смена ќе работат две СКОПСКИ студентски бригади и уште 10 студентски бригади составени од доброволци од јулските смени на Автопатот. Младинските бригади во прво време ќе работат на расчистувањето на урнатините, спасувајќи ги материјалните блага на граѓаните од разурнатите згради и културните вредности од разни јавни институции. Младинските бригади подоцна ќе учествуваат во изградбата на новиот град на Вардар. Претседателството на СМЈ соопштува дека со работите на младинските работни бригади ќе раководи меѓународна екипа од стручњаци за таков вид работа. Во првата смена, поради тежината и сериозноста на работата, ќе работат само младинци постари од 18 години кои веќе имаат искуство од младинските работни бригади". Веднаш по ова писмо пристигнаа околу 50 молби од комплетни бригаци од Автопатот кои сакаа да учествуваат во акцијата во Скопје. Дојдоа младинци од сите наши републики, са знамиња, со песни:

Bratje solzi otrite,
Strašni dni pozabite,
Novo Skopje bo lepše kot prej,
Nas ne unuči trpljenje,
Vstaja novo življenje,
Hej brigade za Skopje naprej.


Првото оро во тажниот град

 

Оваа порака и визија на новото Скопје ја донесоа бригадирите на словенечката бригада. Полетното, младинско „О—рук" се разнесе низ Скoпје. Работата на младинците беше универзална: уриваа уништени згради, расчистуваа урнатини, товареа и растоваруваа градежен материјал, помагаа во евакуацијата на населението, ги уредуваа шаторските населби, копаа водоводни канали, копаа темели за нови монтажни куќи, ги спасуваа книгите од Народната библиотека, ги составуваа металните конструкции на монтажните згради што дојдоа од Велика Британија.

Во првата смена работеа и две студентски бригади од Македонија: „Мите Богоевски" и „Стив Наумов". Отидени да работат на изградбата на Автопатот, тие веднаш се вратија за да им pомогнат на своите сограѓани што настрадаа во катастрофата. Многумина од нив ги најдоа урнати своите домови, а многумина мораа да стават и црни ленти на бригадирската облека.

Кога другарот Тито, заедно со Хрушчов допатува во Скопје, младинците ги дочекаа со песната:

„Друже Тито ми ти се кунемо, да ћe Скопје бити обновљено".

Или:

„Градили смо пругу, то нам није доста,
градићемо Скопје, да буде ко Москва“.


Првите училишта работеа под шатори

 

Покрај сојузни бригади, во секоја општина во Скопје се формираа и бригади од младинци од таа општина. Во првата смена, во градот беа формирани 23 младински постојани бригади со 1640 младинци и тоа: во општината ,,Кисела Вода" 9 бригади, во општината „Идадија" 8 бригади, во општината „Саат Кула" и „Кале" по 3 бригади. Овие бригади беа составени главно од ученици и беа сместени во младинските населби, со сбезбедено спиење и храна. Покрај овие, се формираа уште 34 други бригади со 2.150 младинци кои се хранеа и спиеја во кругот на своето семејство, а работеа каде што имаше потреба. Некои од овие бригади си ги градеа своите нови монтажни училишта. Младинците од стопанските срганизации работеа на санирањето на работните објекти. Во спасувањето на машините и стоката, во оспособувањето на фабричките хали, работничката младина покажа примерно залагање. За своето учество во расчистувањето на урнатините и изградбата на ново Скопје бригадирите добиваа специјални значки со запис: „Скопје, 26 јули 1963 година".

За расчистување на урнатините беа формирани и 7 работни бригади преку Сојузот на синдикатите. Во нив зедоа учество 470 граѓани. И ССРН формира 2 бригади со 300 граѓани. Овие бригади во расчистувањето на градот дадоа 240.000 доброволни работни часови.

Кон првиот дел

ОкоБоли главаВицФото