Борба против епидемии и организирање здравна заштита

04.09.2013 09:06
Борба против епидемии и организирање здравна заштита

Многу ретко се случило во вакви катастрофи да не се појави епидемија. Всушност, како по некое правило, по сите големи катастрофи, најголемата опасност доаѓа од појавата на епидемии, кои често можат да предизвикаат поголем број жртви отколку самите катастрофи. Здравната служба во Македонија, од земјотресот наваму, покажа ефикасно дејствување и благодарение на брзината со која се пријде, се спречи појавата на каква и да е епидемија. Тука треба да се спомене и помошта што на скопската здравна служба и’ ја укажаа здравните служби од другите градови во Македонија, од другите републики и од странство. Петнаесет епидемиолошки екипи со повеќе од 175 членови се најдоа во разурнатиот град за да ги преземат првите мерки против заразните заболувања. Хигиено-епидемиолошки екипи дојдоа од: Титов Велес, Тетово, Битола, Прилеп, Гостивар, Куманово, Врање, Приштина, Лесковац, Ниш, Белград, Нови Сад, Загреб, Пеќ, Сараево, Суботица, Сомбор, Зрењанин, Титоград и Мостар. Вакви екипи дојдоа од ЈНА, од Сојузниот завод за здравна заштита и од Стопанската авијација. Епидемиолошки екипи испратија и Бугарија, Грција, Турција, Германија и Австрија. Овие екипи вложија големи напори како во Скопје, така и во внатрешноста на Републиката, за да се спречат евентуалните заразни заболувања. Тие извршија дезинфекција и дезинсекција на разурнатите објекти, ВО шаторските населби и секаде каде што постоеше латентна спасност од загадување. Во шаторските населби се формираа санитетски пунктови, а во Катлановска Бања, болница за заразни болести. Санитарните екипи секојдневно ја хлорираа водата што се употробуваше за пиење. Исто така ги контролираа и прехранбените продукти. Ги казнуваа оние стопански претпријатија што продаваа расипани прехранбени продукти кои се расипале од долго лежење во вагоните и магацините, или продаваа расипана сгока извадена од урнатините.


Скопската хируршка клиника под шатори

Овие екипи забранија употреба на локални извори, чешми, бунари и слично, и му препорачаа на граѓанството сите садови што се извадија од урнатините пред употреба да ги провријат. По наредба на овие екипи во шаторските населби се спроведе чиста вода од водоводот, се ископаа јами за отпадни материјали кои секој ден се хлорираа, се контролираше храната што се делеше; се дезинфекцираа со хлорно варно млеко местата каде што се ископуваа трупови. Овие екипи издадоа наредба да се спроведат најенергични хигиенски мерки, во пунктовите каде што се собира повеќе народ да се ископаат нужници, сите кучиња и мачки без сопственици да се отепаат, а нивните трупови да се закопаат и полеат со хлорно варно млеко, населението да не се приближува до нужничките и други септички јами, буништа и загадени места, мртвите долго да не се задржуваат туку веднаш да се пренесуваат до Клиничката болница, во мртовечницата или на гробишта; сите лица со покачена температура, проливи, како и сите оние што покажуваат какви било знаци на заболување веднаш да се јават до најблискиот медицински пункт. Тие исто така наредија територијата на градот и гробиштата „Бутел" со авион да се прскаат со емулзија — аеросол ДДТ за да се уништат мувите и комарците кои претставуваа опасност за појава на заразни заболувања. Важка заштитна мерка беше и вакцинирањето на граѓанството против тафус, паратифус и тетанус. Само во Скопје беа вакцинирани над 60.000 луѓе, а децата и мајките со деца примија вакцина во местата каде што беа евакуирани. Сите овие мерки придонесоа во Скопје и околијата да не се забележи ни еден случај на заразно заболување.

 

ОкоБоли главаВицФото