Млади и несреќни во своето тело

17.09.2013 09:14
Млади и несреќни во своето тело

Во серијата фотографии „Во мојата кожа“, фотографката Мишел Сенк прикажува повеќе млади луѓе кои се незадоволни од своето тело.

Овие момци и девојки од Велика Британија, сите помлади од 25 години, под притисок на идеалот за убавина кој го создаваат модната и козметичката индустрија, секојдневно се борат со анорексија, булимија, одат на пластични операции, плаќаат третмани со ботокс, се обидуваат да изгледаат како поп ѕвезди, минуваат часови во вежбање, а некои од нив го менуваат и полот...

Иако секој има различни проблеми, на сите овие адолесценти заеднички им е непријателскиот однос кон сопственото тело, кое се обидуваат да го променат на секаков можен начин.

Подолу може да ги погледнете фотографиите од овие млади луѓе.

Извор: www.michellesank.com

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото