Народ. Влез-Излез (1)

19.09.2013 16:19
Народ. Влез-Излез (1)

***

Книгите велат староставни:
во дворот обраснат со трева,
Од времињата дамни
Дрва тука имаше плева.

Добри беа, жили полно,
И за спас и за крас,
Но чии беа дрвата потполно
Ни денес не знам јас.

Можеше некој права
Лесно да полага на нив,
Но ги чуваше славата -
Почит имаа од секој жив.

Иако не бев сигурен баш,
Став за нив стоеше цврст:
Ука ни даде Творецот наш -
Дрвата се судбински прст.

Затоа мештаните сами
Го чуваа добитокот свој -
На дрвата во мракот богами
За да не им се намали број.

Но, иако луѓето бдееја,
И ги пазеа тие дрва,
Врагот тргна на турнеја
Која сигурно не била прва.

Утредента, само што светна,
Само што петел испушти вик,
Низ околината летна
„Каде се дрвата?“ - детски крик.

Сурово беше јавето,
Ја однесе шегата враг -
Ништо веќе не беше сето,
Оти од дрвата - немаше траг.

Исто така, како дим,
Исчезна и злотворот враг,
Им го скрати сите ним
благословот пред праг.

Одеднаш ројот луѓе се буди
И му се препушта на злото,
Никој веќе нејќе да се труди,
Плевел го прекрива тлото.

Сега другар другара тлачи,
Собрани пизми цел сплет.
...Пречеше некому, значи,
Оној добриот, фин свет.

Заклучок за тој да извлече,
јас го дадов целиов говор,
За најпосле маската да се свлече
Од белосветскиот заговор.


***

Страдание влегло до гуша,
Крај Смоленскиот сум плоштад,
Душава се сторила мрша,
Ќе седнам во тролејбусот „Б“.

И солзи ми навираат, еве,
Срцето тоне во молчење,
Тролејбусот нека ме однесе мене,
За да престане ова толчење.

Лебдеејќи сакам да шетам
Крај се’ што сакав јас,
Крај тештата да летам
И крај гробовите, ко ирвас.

Покрај градините и водата,
Покрај Јауза и секој брег,
Над кипот на Слободата,
Над полот кајшто има снег.

Над пространиот Мањеж,
Да надлетам Кремљ вет,
Маглата и ветрецот свеж
Да го проголтаат овој свет.

Ангелите да ги спржат со зраци
Прангите во кои сме сплетени,
Веќе да не ги трпам тие фаци
На полетните кретени.


***

Младост минав не баш свесен
Во ќошот на светот девствен,
Во светскиот девствен ќош,
Во затворски режим лош.

Во зоната на строг режим,
За казна затворска добив изим,
Гледав деновите како одат
без да можат да ме ослободат.

И сите морални кретени
И сите духовни кастрати
Работеа со мене во смена
И гледаа - време веќе нема.

И секој кастрат еден по еден
И зад кастратот секој кретен
Од земскиот прав беше земен
Секој на калта и’ беше ветен.


***

Нескршлива е мојата вера
Во не се знае кого и што,
Толку се преврши мера
Не ја збираат ни долапи сто.

Да богат сум, да ми е фино -
На болниот ум тоа е твар
Наивецот оној Буратино
За мене стварно е цар.

Се’ минува, збогум маки,
Си мечтаам така без сон,
Ене ја среќата во долги гаќи,
Паѓа врз мене како плафон.


Што се прави

Кон месечините ноќ сека
Некој в ширта мрачна ака,
Пожарните скали му се патека
И чекан тој држи во рака.

Шајка по шајка од џебот вади,
Во уста ги реди и чува,
Мрачното небо потем го онади
И ја заковува ноќта глува.

Пред зори шајките со клешти
Ги вади и се буни за бдеењето,
Боже мили, како не се жестиш
На темницата владењето.


Народ. Влез-Излез

Од народот кога излегов,
Имав само дваесет.
Без внимание и нега, инаков,
Тргнав тогаш во белиот свет.
Талкав низ земјата пешки,
И леб најчесто јадев худ,
Денови видов многу тешки,
Трпејќи глад и студ.
Но заминаа летото и зимата,
Кога слобода се насркав баш.
Главно, мина годината
И во народот се вратив јас.
До појас му се поклонив скромно,
Не сакам веќе да акам:
Ме нападна секое гомно,
Во тебе сакам да се вратам.
На своето прими ме рамо,
За тоа фала ти со срцето цело,
Покажи го местото само
Кај да те бакнам најврело.
Поради лутањето и се’, извини,
Рефлексиите сите прости ги,
И постапките што човек ги чини
Други патеки барајќи баеги.
Ти мене со Бога си ми даден,
Засекогаш господин си мој,
Јас сум само смртник ненајаден,
А ти ем си секој ем си свој.
Оти народот кој е? На трудот јунак.
Поет кој е? На честа роб.
Отсега заедно во судба на близнак,
До крај - истата сме коб.
И така стенкав јас во маки,
Низ правливиот ползев друм,
А продорните страсни звуци, пеки,
Во народниот стигнале ум.
Одеднаш се отвори врата,
Enter гледам, имам наод,
Извиткани луѓе ко црви во салата,
Тоа е, значи, самиот народ.
Ми се причини онака...
А беше и светол денот,
Разликата беше јака
Од она себство дадено.
Не беше вечно вишо битие,
Немаше тој ни крила,
Многу си сакаше јастие и питие
И за апашлукот да има закрила.
Понесен со голем идеал
И со сите возвишености јас,
А тој, пак, со својот памет мал
За Цицерон не слушнал ни глас.
Да ме прими на своите гради,
Тој баш и не го забрза одот,
Та сфатив дека народот го гради и вади
само на поетовата фантазија плодот.
И покрај тоа, инаков, исто видов
Дека народот не ми е таман,
Та од него повторно излегов.
А да му се вратам - немам план.

Превод: П. Вулкански
Слики: Свирачиња

Игор Иртењев (И́горь Моисе́евич Ирте́ньев, 1947, Москва) - поет, истакнат претставник на „ироничниот“ правец во руската поезија. Инженер по образование, завршил и Театарска академија; работел на телевизија. Почнал да пишува по триесеттата, објавува од 1979 година. Од 1993 е главен уредник на книжевниот хумористички часопис „Продавницата на Жванецки (Магазин Жванецкога). Објавил десетина поетски книги, вклучувајќи го томот на Антологија на сатирата и хуморот на Русија во ХХ век (V, 2000) и Избрани дела (2005). Пишува и за деца.

Народ. Влез-излез (2)

ОкоБоли главаВицФото