Пронајден првиот американски филм за опасноста од режимот на Хитлер

24.09.2013 10:00
Пронајден првиот американски филм за опасноста од режимот на Хитлер

Првиот американски филм кој требало да предупреди на опасноста од нацистичкиот режим на Адолф Хитлер е пронајден во една филмска архива во Брисел, каде стоел незабележан речиси 75 години.

„Хитлеровото кралство на теророт“ е филм продуциран од Корнелиус Вандербилт, наследник на богато индустријалистичко семејство, кој ја посетил Германија во моментот кога Хитлер дошол на власт.

Филмот открива материјали кои Вандербилт ги снимил и прошверцувал од земјата. Снимил нацистички собири, спалување книги и ограбување на еврејски продавници.

„Филмот премиерно е прикажан во Њујорк, 1934 година и доживеал голем успех. Германската амбасада во САД протестирала и потоа филмот е цензуриран и адаптиран. Прикажан е и во други градови, но со значително помал успех“, вели Бруно Местдаг, директор на дигиталната колекција на белгискиот филмски архив Cinematheque.

Откриената верзија најверојатно е нарачана за да биде прикажана во Белгија, но никогаш не е преземена. Така ја преживеала војната и нацистичката окупација на белгиската царина.

Во текот на 70-те е префрлена во архивата, во која се наоѓаат речиси илјада наслови, од кои 80% се странски. Дури пред две години кустосите сфатиле дека имаат една преживеана копија од овој филм.

Филмот во моментов се ремастеризира и ќе биде прикажан во њујоршкиот Музеј за модерни уметности во октомври. Уреден е како журнал, со гласот на Вандербилт преку оригиналниот запис, комбиниран со материјали од други извори.

„Вандербилт успеал да забележи спектакуларен материјал, но имал само неколку минути и врз основа на тоа е направен цел филм. Сепак, тоа не го направиле професионални филмаџии и филмот на места делува аматерски“, вели Местдаг.

Извор: huffingtonpost.com

ОкоБоли главаВицФото