Нашиот затворски чувар

21.10.2013 13:26
Нашиот затворски чувар

Нашиот затворски чувар има навика да става стапица за глувци со мамка во ќелиите на осудените на нивната последна ноќ. Нашиот затвор е добро чуван; глувците се ретки и нема многу што залутуваат во зафатените ќелии. Чуварот ги гледа затворениците.

Изненадувачки малку, вели тој, се оние кои се рамнодушни кон присуството на стапицата преку целата ноќ. Поголем е бројот на оние кои се задлабочени во неа и седат зјапајќи ја, без разлика дали постојано ги окупира нивните мисли. Дел од нив кои тој ги забележал, се ослободуваат од стапицата, или веднаш или по извесен период со различна должина. Тој има друга статистика за оние кои намерно ја кршат стапицата, оние кои ја поместуваат (веројатно на некое посоодветно место), оние кои обележуваат цртичка на ѕидот ако се фати глушец во стапицата, и оние кои прават цртичка ако ниту еден не е фатен, или за да го потврдат фактот или за да го остават како наследство, како малечок триумф, лага.

Месец по месец, година по година, тој ги гледа. И ние го гледаме. И се гледаме меѓу себе.

Превод: Иван Шопов
Слика: Френк Трој

ОкоБоли главаВицФото