Топ 11 хорор филмови според Мартин Скорсезе

15.11.2013 11:52
Топ 11 хорор филмови според Мартин Скорсезе

Славниот американски режисер Мартин Скорсезе неодамна за Daily Beast издвои 11 хорор филмови кои според него се најдобри во тој жанр.

Режисерот на култните остварувања како што се „Таксист“, „Разјарениот бик“ или „Затворениот остров“, можеби за време на својата кариера не влегуваше често во хорор водите, но зад себе остави многу филмови поради кои срцето многу пати за миг ни застанувало.

Како еден од најголемите режисери, Скорсезе е и повеќе од повикан да препорачува филмови кои ги смета за вредни.

На неговата листа овој пат се најдоа остварувања снимени уште на средината на минатиот век. Се забележува дека Скорсезе не е љубител на поновите хорори, бидејќи во неговиот филм не влезе ниту еден филм снимен во последните триесет години.

Вака изгледа неговата листа на топ 11 хорор филмови:

1. Опседнатост (The Haunting, 1963)

2. Островот на мртвите (The Isle of the Dead, 1945)

3. Неповиканата (The Uninvited, 1944)

4. Натприродно суштество (The Entity, 1982)

5. Мртовец во ноќта (Dead of Night, 1945)

6. Замена (The Changeling, 1980)

7. Блескање (The Shining, 1980)

8. Истерувач на ѓаволот (The Exorcist, 1973)

9. Ноќ на демонот (Night of the Demon, 1957)

10. Невини (The Innocents, 1961)

11. Психо (Psycho, 1960)

Извор: www.thedailybeast.com