Бајата уметност, Хибернација

18.11.2013 11:55
Бајата уметност, Хибернација

На 19 ноември (вторник) во галерискиот простор на КИЦ во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Бајата уметност, Хибернација“, на уметникот Горан Менков.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени повеќе дела на различни подлоги (дрво, гипскартон, платно) чии што мотиви се изработени т.е. насликани со мувла.

Техниката која се користи за создавање на овие дела е досега неупотребена, целосно неконвенционална и сосема спротивна на традиционалните сликарски техники.

Целта на уметникот е да ѝ пркоси на традицијата создавајки дела во услови крајно контрасни од условите кои се задолжителни за превентивно конзервирање на уметничките артефакти.

Горан Менков досега има учествувано на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство (Франција, Црна Гора, Турција).

Како позначајни меѓу нив може да се издвојатучеството на Франкофонските игри во Ница, освоената прва награда на изложбата „Експериментален цртеж“ и учествата на Биеналето на млади на МСУ во Скопје.