Има прашања за кои не смее да се распишува референдум

03.12.2013 13:12
Има прашања за кои не смее да се распишува референдум

Референдумот во Хрватска е само показател како и најпрогресивните елементи на демократското општество можат да бидат претворени во сопствена спротивност во заостанато и примитивно општество. Има прашања за кои не смее да се распишува референдум. Тоа се прашања кои се поврзани со основните права и слободи. Затоа што најголем дел од луѓето и не ги разбираат во потполност, а стереотипите и предрасудите се насочени директно против основните принципи на концептот: слобода, недискриминација, различност, достоинство и секако, универзалност.

Што мислите, каков би бил исходот на референдум во Македонија за тоа дали треба да се зборува на албански јазик во Собранието? Што мислите, каков би бил исходот на референдум за тоа дали децата треба да имаат еднакво право на мислење како возрасните? Што мислите, каков би бил исходот на референдум за тоа дали мажите треба да поминуваат ист број часови во домашни работи (перење, пеглање, чистење, готвење) како и жените?

И, ако веќе зборуваме за референдуми, зошто не се распишува референдум за тоа колкава треба да биде минималната плата? За тоа колку работни часови треба да се утврдат како минимални? За тоа колку денови одмор треба да се имаат? За тоа какви дисциплински мерки треба да се преземаат при прекршување на работничките права? За тоа колкав да биде данокот на добивка? За тоа ...

Референдумот е многу специфична алатка за чија употреба се потребни како изградени државни структури, така и политичка свест и култура.

Во спротивно, јадачите на бурек, миленковците и латасовците ќе уништат сѐ што човештвото успеало да изгради од 1948 па наваму.

Извор: Фејсбук профилот на авторот