Почина легендарната Џоан Фонтејн

16.12.2013 11:42
Почина легендарната Џоан Фонтејн

Актерката Џоан Фонтејн, која ја градеше својата кариера во златното доба на Холивуд и ги оствари најважните улоги во филмовите на Алфред Хичкок, почина во недела на 96-годишна возраст. Актерката починала од природна смрт во својот дом во Кармел, Калифорнија.

Хичкок ѝ дава улога на Џоана Фонтејн во својот прв американски филм, „Ребека“, за кој беше номинирана за Оскар. Две години подоцна, таа ја добива оваа награда за улога во филмот „Сомнеж“ со Кери Грант во главна улога. По 1950 година, нејзината актерска кариера почнува да бледее и таа се свртува кон телевизијата, а неколку пати се појавува и на Бродвеј.

Џоан Фонтејн е сестра на легендарната Оливија де Хевиленд со која има конфликтен однос обележан од професионалното ривалство. Освен во професионалниот живот, Фонтејн и де Хевиленд се ривалки и во приватниот - ексцентричниот милијардер Хауард Хјуз, кој едно време е партнер на Оливија, во неколку наврати ѝ нуди брак на Џоан Фонтејн.

Фонтејн не е само одлична глумица, таа била позната и како пилот, одличен голф играч, а има и диплома за дизајнерка. Зад себе има четири бракови и две деца. Во 1978 година ја објавува биографијата „No Bed of Roses“.

Последната улога Џоан Фонтејн ја одигрува во 1994 година, а актерската кариера ѝ трае пет децении.

Фонтејн ќе остане запишана во историјата како единствената женска актерка која е наградена со Оскар за улога во филм на Хичкок. Освен во неговите филмски остварувања, таа игра во уште триесетина филмови, како „Џејн Ејр“, „Писмо од непозната жена“, „Отело“, „Ајванхо“ и многу други.

 

Извор: Los Angeles Times

ОкоБоли главаВицФото