Глувонемоста на глупоста

01.12.09 12:52
Ana _1.12.09.jpg

Еднаш некој славен боксер одбивал да го закопча појасот на авион. „Супермен нема потреба од појас“, рекол. На што стујардесата додека му го закопчувала појасот одговорила: „Супермен нема потреба ниту од авион“.

Големите луѓе се најчесто свесни за сопствените недостатоци и ограничувања и не се плашат да ги признаат. Од друга страна, неспособните да се соочат со реалноста се однесуваат небаре се господари на планетата. Едноставно, нивното мислење и работа се секогаш беспрекорни. Тие никогаш не прифаќаат директна одговорност, ниту за неуспесите за работите кои се во нивна ингеренција, ниту за неуспесите на лично ниво. Тие немаат потреба од помош, туѓи мислења и експертизи – освен, секако, од оние кои ќе ги поддржат во нивното мислење и постапки. И секогаш се спремни ако треба и да ја истепаат стујардесата, макар удриле со главата во плафонот – оти Супермен (или неговиот наследник Чак Норис, по ново) едноставно е најспособен и никогаш не крвари.

Кога ќе им бидат предочени неуспесите, тие во обидот да ги одржат својата самозаљубеност и нарцистичките убедувања најчесто почнуваат да ги понижуваат сите околу нив, употребувајќи најразлични методи затскриени зад општествените поделби од типот религиозна припадност, место на живеење, (не)правда, образование, политики, итн.

Овој одбранбен систем фигурира и на лично и на општествено ниво. Кога доаѓа од индивидуалец, лесно се класификува и отфрла како несоодветен. Но само кога личноста е Другиот. За жал, во нашиот македонски контекст, се чини Другиот никогаш не сме самите ние. А кога Другиот никогаш не сме ние, тогаш овој начин на размислување преминува во севкупен општествен ментален склоп, и тогаш се губат очигледните променливи кои служат за отуѓување од просторот на јавно влијание на испадите од овој вид.

На општествено ниво пристапов се манифестира на два начини: со вперување прст кон останатите, или низ понижување на замислен противник: кога Македонија не доби покана за членство во НАТО, криви беа „педерите Грци“ и „глупите Европејци“. Или, денес, кога Македонија е во речиси шах-мат позиција во „преговорите“ за името со Грција – крив е претседателот Глигоров и неговиот тим којшто пред години проценил дека привремената референца БЈРМ е разумен политички компромис во замена за членство во ОН и воспоставувањето државност. И најсвежо, откако премиерот Груевски се избламира на светски влијателна телевизија, „заклучивме“ дека „тој е сепак цар“ зашто „има подобар англиски од претседателот Црвенковски“ и има „муда да се појави“ на Сиенен, за разлика од некои (кои претпоставуваме едноставно немаат муда, а не затоа што можеби им дал “господ“ малку скромност која ги препознава сопствените капацитети).

Како и да е, многу позагрижувачко (денес е модерно да се биде постојано загрижен) е она што го слушнавме пред некој ден. Нова Македонија објави резултати од анкета, која покажала дека според студентите на државниот факултет „космополит е модно списание, Фројд е уметник, а Бадинтерово мнозинство е гласање во присуство на францускиот експерт Роберт Бадентер“. За тоа, според нашите професори (а, неминовно, и „повеќе нивни колеги од регионот“) криви се болоњските правила кои не биле „наука, туку идиотизам на некои европски бирократи“. Бирокративе најверојатно се криви и што нашите деца „ниту читаат весници, ниту гледаат телевизија“. Истиве се криви и што македонските студенти не знаат кој е Нико Нестор (Атина Бојаџи гарант е шпиун во нашите редови – ќерка на некој атињанин)! Едноставно, криви се европските бирократи што ни наметнале систем на образование, и што нашите кутри професори никако не можат да седнат „да поразговараат за тоа што добро, а што лошо ни носи овој нов систем“.

Секако дека соодветноста на системот мора да се дискутира, но она што е симптоматично е што никој не помислува дека можеби не е до системот. Дека можеби треба да се поразговара што е лошо, а што е добро кај професорските кадри, освен титулите (чии имиња, патем, немале проблем да ги препишат директно од кујните на „европските бирократи“) кои се единственото нешто со кое се натпреваруваат меѓусебе? Оти, доколку студент по општествени науки на западен факултет - дел од болоњската програма - не знае што е Бадинтерово мнозинство или кој е Фројд, западниве професори нема јавно да кажуваат дека се шокираат „речиси секојпат кога ќе седнат да прегледуваат тестови“, туку пред се’ ќе се засрамат од самите себеси. Зашто во интересот и знаењето на студентите се отсликува нивната способност да ја извршуваат професорската задача. А не постои западен бирократ ниту систем кој може да ја понесе одговорноста за неспособноста на професор да ги натера студентите да ги научат барем основните работи од областа што ја студираат. А од искуство тврдам дека уште помалку постојат сериозни професори од угледна западна институција, кои одговорноста за “постојаниот“ шок постојано би ја префрлувале на „бирократите“. Уште помалку јавноста тоа постојано ќе го прифаќа безусловно.

Во написот на темата, друг професор ваквата состојба ја оценува како резултат на системот на оценување „преку тестови“, кои според него не се соодветни за остручување на новинари, оти како што образложува, „учиме што е интервју, а не знам дали тој студент знае да зборува или не. Па новинар ќе биде тој или што?“ Се испоставува дека крив е болоњскиот систем што во 21 век во Македонија постои професор на Правен факултет кој во обидот да ја оправда неспособноста да ги остручи идните правници и новинари, јавно дискриминира цела група на луѓе и притоа не е свесен за тоа. Дали ова значи дека глувонеми лица не можат да бидат правници и новинари според нашите професори, „заложници“ на болоњскиот систем? И нашиве професори се тие коишто се „шокирани“? Просто неверојатно!

Едноставно, како што вели Френк Леи, станува збор за чист, површен егоизам кој е анестетикот кој ја ублажува болката која би ни ја предизвикало спознавањето на нашата глупост. Редно е да престанеме да се лажеме дека заедничкото нешто ни е омразата кон Грција, или зависта, сиромаштијата, заглавеноста во нефункционалниот систем на државата, итн. Глупоста е единственото заедничко нешто кое сите ние како граѓани на Македонија го споделуваме.

И за крај, пред овој текст да биде отпишан како „арогантност“, „морализирање“ и „егоизам на глупоста“ ништо поразличен од опишаното „вперување“ прст кон Другиот, да признаам дека тоа е мошне веројатно. Но и да потсетам на една славна изјава на Исак Њутн: „Ако навистина сум погледнал подалеку од останатите, тогаш тоа е зашто стоев на рамениците на џинови“. Како бивш ученик на македонскиот образовен систем (пред и по Болоња) мојата маленкост мора да се извини што за жал рамениците на оние од коишто требала да учи биле премали за да може да погледне подалеку и подобро од нив. За таквите околности можеби никој нема право никого да обвинува, а не е ни етички. Но и тоа како секој има морална обврска да си признае и да почне да го заврзува појасот, пред да се (за)лета превисоко, за атер на идниве генерации.

 Хахахахаха, супер си... И

 Хахахахаха, супер си... И СДСМ и Б.Ц. Само објасни ми како се станува коментатор во ОКНО? Љубовта кон СДСМ и БЦ е доволна?
Госпожа, ако еден претседател на Македонија од скромност не сака да се појави на CNN, тогаш не му е место да биде претседател, нека си седи референтче во некоја фирма.
И, патем, кога веќе ги исмејуваме студентите - ќе им кажеш ли на читателите кога прв пат Бадентер дојде во контакт со Македонија и што направил за Македонија?
Друго, кога зборуваш за името - прво референца БЈРМ не постои. Постои „the former Yugoslav Republic of Macedonia“ која што не може да се скратува. Не може ниту да се преведува - Македонија (дури ни Глигоров) НИКОГАШ нема потпишано документ со референцата ниту ја има признаено. Ѕирни ги архивите на ООН за да видиш.
И, да, царица си, ти признавам!

И го прочита ли текстот

И го прочита ли текстот уопште? Или почна да напаѓаш после првите две реченици? Иам боље теорија, Окно е спонзориран од ВМРО и Грујо за да генерира вакви текстови а уствари народот да мисли дека СДСМ го праи тоа (барем оние што се замараат).
За што не е у право авторот?
Студентите (за жал) наместо да се движечка сила во државата се летаргични и ништо не ги интересира освен да се убутаат у партија ако можат (со исклучок на многу мал број). А тоа дека не се за на CNN ни претседател ни премиер не е rocket science.

Што да читам во текстот? Дека

Што да читам во текстот? Дека студентите во Македонија никогаш не биле баш интелектуалци? Знам. И тоа не се менува лесно, ќе треба мноооогу време за да се смени.
Кој што не е спремен да се појави на CNN, не смее да биде ниту претседател ниту премиер. CNN не е Академија на науките и уметностите, CNN е ТВ мрежа за вести. А политиката е вести. Затоа сите други „немаат м*да“ (како израз за храброст, т.е. да направам нешто што знам дека е исклучително тешко, но подгризнувам уста и одам) и затоа сите други немаа место на нашата политичка сцена. Нели политичарите треба да бидат лидери - или тоа важи само кога нивниот ниет е дијаметрално спротивен од тоа што го бара народот?

 Арангел, истите овие (од

 Арангел, истите овие (од Окно) што сега се сеират со студентите, се истите оние што ги дигаа студентите на неприкосновен пиедестал како „авангардата на Македонија“ (за што ја викав дека е неосновано, и дека паметен човек не иде да протестира само за да избега од предавање или пошто му е досадно или пошто уште го држи онаа teenage angst па сеа мора негде да му избијат метафорчните акни пошто дома и девојка му не го сакаат.)
Да се разбереме: авангарда не може да биде било која група или крдо на недокажани млади луѓе. Тоа може да биде само „надеж“. Авангарда е нешто составено од повеќе докажани индивидуи. А не безлични бланко колективи. Рајт?
 
Паметен студент (нели), ќе се праша себеси: „А што можам ЈАС да направам за да (си/ни) ја подобрам ситуацијава?“ Одговори има неколку:

  1. Ќе се зачленам во Сојуз на студенти и ќе разговарам со некој од нив кој е на позиција, и кој ќе ми објасни што се работи и како можам да помогнам. Којзнае, некој ден може ќе бидам на позиција навистина да издејствувам нешто;
  2. Ќе разговарам со професори, шефови на катедри итн., за да ми помогнат;
  3. Ќе организирам петиции;
  4. Нема да правам ништо од ова, ќе излезам на протест пред Влада за некој друг да ми го реши проблемот наместо мене (нормално, бонусот тука е: бркаш цури, се иде на пиво, и си конкурираме еден на друг кој од нас е помодерен и покул);
  5. Ќе гледам да си помогнам колку што можам, да си добијам знаење, да си завршам факултет и чао пријатно (the only way out is through)!

Е сега Арангеле, јас бев од оние што ги направив точка 2 и точка 3. За жал, тоа не ми помогна (оти на некои професори едноставно „им се може“). Точка 4 не гледав како ќе ми го решеше проблемот (на страна што не верувам дека факултетите и професорите на нив се такви какви што се, поради Гвујо. Треба да си глуп да веруваш такво нешто. И треба да си глуп да веруваш дека веднаш се’ магично ќе се смени!).
Уапсија профа кај мене на факс, што е +. Ама после 1 година го вратија назад, што е -.
Затоа си ја фатив точка 5, си завршив, и сега си работам по нешто.
 
Со среќа на мозоците кои својата смисла у животот ја гледаат само ако се говорници на мегафон или фрлачи на јајца. А, да: и being cool и авангардни (марама а-ла Јасер Арафат („арафатка“) е доказ за нечија авангардност)!

Otkako si zaminaa nekolku

Otkako si zaminaa nekolku stvarno izdrzani kolumnisti od stranava,veke stvarno nema potreba ni ti da se chita nitu da se komentira.Stvarno se patetichni tekstovive.Problemot ne e megu B.C, Grujo , Petko , Stanko..i koj kogo "simpatishe" .Ne mi e sram shto sum Makedonec ( zamisli a niti sum vmrovec nitu vernik) i da ne e problemot vo nas. vo fashiozidnite Grci e .. i da evropa e kurva, "ama skupa" sho bi rekol N.Ristanovski u MME ...

    Да не е Киро, ниту еден

 

 
Да не е Киро, ниту еден текст немаше да разбереме и ќе ни переа сите очи, мајке ми. Уш помалку ќе знаевме шта валја, а шта не. Окно навистина треба да го вработи ко „преведувач“ на текстовите - исклучителен е човекот во интерпретацијата на пишаното. Ма просто генијален!

 Тоа е така, оти можеби ти

 Тоа е така, оти можеби ти како Анонимен и немаш ништо свое и паметно да кажеш, веројатно... И реченицава е предолга да ти биде коментар, али ај, нек иде од мене една! ;)

Драг Анонимус, вработувањето

Драг Анонимус, вработувањето отпаѓа заради тоа што немам дома книшка. А ти веќе кога немаш што да кажеш на темата, удри по коментаторот, бидејќи очигледно тука мора да читаат само луѓе што се согласуваат па не можеш да ја следиш нишката на дискусијата. Второ за трето одделение си?

Темата  дека   сите  ние 

Темата  дека   сите  ние  кои  сме  од  другата   страна  на  интересите  на  западните  демократи  , сме   неписмени   глупаци   е   стандардна  приказна  кој  се  врти  од  устата   на   невладиниве   спонзоруши ......
Можда НАРОДОВ  незнаат   кој  е  Нико Нестор  и  Атина Бојаџи  ама  многу  добро  знаат    како  некој   ситно  платен  од  некој   странец  упорно  ке  те  убедува - ГЛУП  СИ НЕДАВАЈ  ОТПОР ЗА ИМЕТО  ...
и  остали   небулози  како - ИМ ЈА УНИШТУВАТЕ ИДНИНАТА , ЈА ВОДИТЕ  ДРЖАВАТА КОН  ИЗОЛАЦИЈА , КЕ  СКАПЕТЕ  КАКО НЕПИСМЕНИ  СЕЉАЦИ ...
Абе  и  глуп  да   сум  не  сум  до  толку   глуп  за влез во  ЕУ , две  лижавчиња  и  мастика  да   се  одродам ...  дебилштина  и  ренесанса

па добро, странава не е хит

па добро, странава не е хит исклучиво заради своите колумнисти - пренесува или одбира содржини кои се релевантни, некои помалку некои повеќе, но добро.
еве мало очекување- пред 3 дена замина Милорад Павиќ - тука се очекува да се направи омаж за него...

 Да, се согласувам дека знаат

 Да, се согласувам дека знаат да стават добри текстови за уметност, наука, итн. Тоа е супер, затоа никој на тоа и не се пожалил. ;)

 Ана, неколку коментари и

 Ана, неколку коментари и прашања:
Велиш:
„На општествено ниво пристапов се манифестира на два начини: со вперување прст кон останатите, или низ понижување на замислен противник: кога Македонија не доби покана за членство во НАТО, криви беа „педерите Грци“ и „глупите Европејци“.“
А да ми одговориш ти, што правиш со колумниве? Не вперуваш прсти? И да те потсетам, прилично субјективно и доследно вперуваш прсти. Можеби дури и (ако те плаќаат тука како колумнист), ти и заработуваш, вработена како прстовперувач.
Знаеш, има едно мудро правило за животот, а англискиот оригинал е вака: Practice what you preach. Македонскиот послободен превод е: имај образ. По логиката на нештата, ти „немаш образ“ да судиш или да не одобруваш кога некој друг „вперува прст“, кога ти самата си пример за таквата (зло)употреба. Сфаќаш што ти кажувам?
Слична мудрост се наоѓа и во Библијата, кога Исус вели „Оној кој не згрешил, нека го фрли првиот камен“. А ако си „алергична“ на Христијанство (кое намерно го спомнав, за да предизвика реакција во случај да си), можеш да го прашаш и Ганди, кој вели „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“.
 
А ова:
„Или, денес, кога Македонија е во речиси шах-мат позиција во „преговорите“ за името со Грција.“ Не е така. Оти не сме во шах-мат. Си постојат преговори, се среќаваат претставниците на двете држави, а едната од нив (невината обесправена Грција), се заканува повторно да ни стави вето (на нас, монструозните наци-македоноиди). Ако сепак мислиш дека вето на 7-ми е „шах-мат“ за иднината на Македонија, можеби треба да сфатиш дека твојата, а и личната среќа и добробит на секој човек не „орбитира“ околу политички одлуки, сојузи, и слични тракатанци. Доколку сепак за тебе влезот во ЕУ е аналогија на просветлување/нирвана/водењебењељубов, џабе ќе ти праам муабет...
 
„И најсвежо, откако премиерот Груевски се избламира на светски влијателна телевизија, „заклучивме“ дека „тој е сепак цар“ зашто „има подобар англиски од претседателот Црвенковски“ и има „муда да се појави“ на Сиенен“
Па Е. Цар е. Бољи е од Бранко. Има поише муда што прифати интервју со Квест. Има боље англиски. Поотворен е и покомуникативен. Политички почист од БЦ. Факт. Тие што не успеале во тоа можат само да љубоморат. ;)
 
„за разлика од некои (кои претпоставуваме едноставно немаат муда, а не затоа што можеби им дал “господ“ малку скромност која ги препознава сопствените капацитети).“
Скромен политичар е мртов политичар. Пази, политичар. Не човек. А ако збориме за личност и луѓе, Груевски е кај кај поскромен од Бранко. Бранко, од шо е скромен, се откажа и до својата пензија, и добива плата од 3 страни, и се утепа сликајќи се како пуши пури и си точи малце виски. Плус, Господ? :D Бранко не верува во Господ ма Ана. Во каков било Господ, или незамислив семожен ентитет. А ако не веруваш ни ти, што ти е поентава на реченицата погоре? Блеф? Или себебламажа, откако не успеа да ги избламираш читателите? :)
„нашите деца „ниту читаат весници, ниту гледаат телевизија“. Истиве се криви и што македонските студенти не знаат кој е Нико Нестор (Атина Бојаџи гарант е шпиун во нашите редови – ќерка на некој атињанин)!“
Знам и за Нико Нестор и за Атина Бојаџи. Ама убиј ме, али врска си неам кој прв препливал што. И тоа не ме прави глуп. Ме прави само незаинтересиран за спорт, или неинформиран за она што не ме интересирало. Плус, за децата е добро да читаат весници (по малце). А како се одразува телевизијата... е веќе во тоа не сум така сигурен. Ако гледаат „Велики брат“, супер има да им се одрази. Ќе се еманципираат максимално сексуално, али јбг, ќе си ја мијат „онаквата“ со Кока-Кола после секс, за да не останат бремени... Јебига, тоа ти е, не може секој да биде паметен и информиран. Сети се за фамозните 2% и за студијата посветена на нив, за време на хипи движењето. Прашај го Гугл, он знае. :)
 
„Едноставно, криви се европските бирократи што ни наметнале систем на образование, и што нашите кутри професори никако не можат да седнат „да поразговараат за тоа што добро, а што лошо ни носи овој нов систем“.“
Криви се и едните и другите. Живеам со луѓе кои работат у просвета откако знам, и „Западните модели“ ама ич добро не се одразија. Секоја година се мења програма, последниве генерации средношколци беа експериментални глувчиња. И тоа не пошто на нашиве така им текнало, туку пошо нели, Западните стандарди треба и тука да ги примениме. Не дај Боже да не, како тоа, после ќе испаднеме лошо европјани! А професориве кај нас... Има добри, има и лоши. Има и просечни. Кај има само добри професори? У која држава? А коа сме кај професорите, ѕирни на Правен да видиш кој све предава (Фрле боксерот). Како се перат пари на Економски. Еее... Та супер би било коа сите професори би седнале да напишат по некоја колумна, али во надпартиски цели!
 
„јавно дискриминира цела група на луѓе и притоа не е свесен за тоа.“
А ти го дискриминираш него и сите професори во Македонија, па ич не ти чуе. :) И вадиш човек од контекст, коа цитираш така. Другпат стај линк до колумна или став. А не утре баба ми ќе иде на пазар ќе ја прашаат пред камера, и ти утредента „Женава дискриминира!“. Бог да чува, Ана, што ти е!... :/
Хаха... :D
 
„Едноставно, како што вели Френк Леи, станува збор за чист, површен егоизам кој е анестетикот кој ја ублажува болката која би ни ја предизвикало спознавањето на нашата глупост. “
Ова се однесува и на тебе. Никој не имун, римембр. Се однесува и на мене.
 
„Глупоста е единственото заедничко нешто кое сите ние како граѓани на Македонија го споделуваме.“
Точно. Ајде сега да ја надминеме, сите заедно? Може? :)
Чекор број 1: толеранција и почит (што подразбира настојување кон објективност и непристрасност кон ничија страна).
Чекор 2: конструктивност (што подразбира избегнување вакви беспоентни колумни).
 
„Како бивш ученик на македонскиот образовен систем (пред и по Болоња) мојата маленкост мора да се извини што за жал рамениците на оние од коишто требала да учи биле премали за да може да погледне подалеку и подобро од нив.“
НАЈДИ ДРУГИ, ПОВИСОКИ ЏИНОВИ (worked for me).
 
„За таквите околности можеби никој нема право никого да обвинува, а не е ни етички.“
Ама етички е ти да обвинуваш други? И тие професори се продукт на ниски џинови, бре Ане. Според тоа, колумнава ти е... автоканибализам. И минатото никогаш не е оправување. Оти, сепак си во сегашносва и имаш избор што да правиш со себе (и со другите), така? Така.
 
Поздрав.

П.С. Кој сака да прочита

П.С. Кој сака да прочита нешто добро, нека ја провери и најновата колумна на Венко Андоновски:
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291035349&id=13&prilog=0&setIzdanie=21852
 
 
И после нека си направи споредба.
 
Ана, ако бараш повисоки рамења, еве ти ВИСОК ЏИН. ;)

Wow коментатори:):):)

Wow коментатори:):):) "Способна и самоуверена македонска младина". како од лента за производство на автомобили ...Машала. :)

 Поздрав Андреј. :)

 Поздрав Андреј. :)

...тестови“, кои според

...тестови“, кои според него не се соодветни за остручување на новинари, оти како што образложува, „учиме што е интервју, а не знам дали тој студент знае да зборува или не....Дали ова значи дека глувонеми лица не можат да бидат правници и новинари според нашите професори?"
-wtf...Сериозна ли си девојко?! Уште за дискриминирање ги обвини. Поентата им е дека системот не остава простор за учениците да се изразат (усмено, писмено, сеедно) бидејќи инсистира на тестови со заокружување.
И уште еден куп небулози има во текстов, не вреди да се буричка.

Што сака проф. ад каже не

Што сака проф. ад каже не знам, ама она што го кажува е тотална небулоза. Дали зборува или не... а што ако не зборува, не може да биде новинар? Прашањето е на место. За разлика од горан, јас исто така мислам дека треба да се обвинат за дискриминирање професорите, како и целите факултети, сосе административците во Министерство за образование за вакви лапсуси и тресење зелени, кои за жал се секојдневие.
 

 Тоа ќе беше се’ убаво,

 Тоа ќе беше се’ убаво, да можеа обвинувањата за ова или за она да ни ги решеа проблемите...
 
Да се решаваа проблеми со обвинувања, Македонија до сега ќе имаше колонија со 10 астронаути на Марс. :D

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Аднан Хамидовиќ - Френки, родум од Тузла, својот пробив на Балканската хип хоп сцена го направи како пратечки МЦ кој настапуваше со Едо Маајка.

Ѕирнете ги најновите пристигнати раскази на конкурсот. Оваа недела имаме помалку автори, но затоа, пак, квалитетот нема изгубено. Исто така, на наша голема радост, се појавуваат нови имиња кои ветуваат.

Часови за читање на градот се подаруваат на туристите, а другите жители се задушуваат и губат во привидниот, псевдоградски текст без вистинско значење. Станува збор, за физичка превласт, но и за семантичка ентропија на Градот на вториот.

Лиле Поповска, пратеничката, пред еден месец во „Дневник“ објави еден од најглупавите текстови што во поново време се појавиле во македонскиот печат. 

ОкоБоли главаВицФото