Мала школа за антифашизам: видео снимки од настаните

24.12.2013 12:02
Мала школа за антифашизам: видео снимки од настаните

Во организација на Контрапункт, асоцијација за развој на нови и алтернативни практики и политики во социо-културниот контекст, на 13 и 14 декември се одржа настанот насловен како Мала школа за антифашизмот - медиумите и отпорот“, кој се состоеше од изложба посветена на списанието Аркзин, јавна дискусија, промоција на книгата „Вовед во минатото“, со разговор помеѓу Желимир Жилник и Борис Буден.

На 13 декември во 19 часот во Мала Станица, се отвори изложбата „Вас ист Аркзин" проследена со јавната дискусија на којашто учествуваат Борис Буден, филозоф, теоретичар на култура и медиуми од Загреб/Берлин, Љубомир Данаилов Фрчкоски, Жарко Трајаноски, Никола Гелевски, Рамадан Рамадани и Томислав Медак.

На 14 декември во просториите на ГЕМ од 18 часот се промовираше книгата „Вовед во минатото", со интересен разговор меѓу Желимир Жилник и Борис Буден.

Подолу може да ги погледнете видео снимките од настаните.