10 уметнички инсталации кои ја одбележаа 2013 година

04.01.2014 14:28
10 уметнички инсталации кои ја одбележаа 2013 година

За годината која измина може да се каже дека донесе голем број возбудувања на уметнички план. Во оваа прилика, решивме да се фокусираме на највпечатливите инсталации кои оставија силна трага на светската уметничка сцена и имаа силен одек ширум целата планета.

1. Во јули, во португалскиот град Агуеда, за време на уметничкиот фестивал „Agitagueda“, продукцискиот тим на фестивалот создаде весела инсталација составена од илјадници шарени чадори кои висеа над главните улици на овој град.

2. Британскиот дизајнер Алекс Чиннек е автор на инсталацијата со име „From the Knees of My Nose to the Belly of My Toes“, која на уверлив начин прикажува фасада која изгледа како просто да се лизнала од зградата.

3. Уметниците Енди Мос и Џејми Вордли се автори на впечатливата инсталација која го претставува Денот Д и нападот на Нормандија, поточно, на плажата Аромашн. Својата инсталација уметниците ја нарекоа „The Fallen“, а ја создадоа во чест на Светскиот ден на мирот.

4. Уметникот Soo Suny Park во Хјустон ја претстави својата инсталација „Unwowen Light“. Своето дело Парк го создаде поврзувајќи железни шипки и плексиглас, со различни светлосни ефекти. Посетителите имаа можност да видат како природната светлина се менува кога се гледа од различни агли и во различен временски период.

5. Во рамки на изложбата „Better Out Then In“ во Њујорк, Банкси создаде инсталација составена од камион кој превезува 60 кукли, на кои главите им се извадени низ отворите. Плишаните кукли всушност се наоѓаат во камион на кланица.

6. Националниот музеј на модерна и современа уметност во Сеул беше домаќин на инсталацијата со која уметникот До Хо Су ги претстави двете куќи во кои живеел порано. Куќите се наоѓаа една во друга и беа претставени во размер 1:1. Првата е традиционална корејска куќа, каде авторот израснал, а втората е модерното и поголемо здание на неговиот прв дом во Америка.

7. Аргентинскиот уметник Томас Сарацено е автор на инсталацијата со име „In Orbit“ која е претставена во музејот STANDEHAUS во Германија. Посетителите имаа можност да се качуваат на 25 метри височина стоејќи на огромна челична мрежна конструкција, која се простира на три нивоа. Самата мрежа е тешка повеќе од три тони, а на неа се наоѓаа и големи PVC балони кои посетителите исто така можеа да ги користат.

8. Кинескиот уметник Аи Веивеи во 2013 година ја претстави новата верзија на својата инсталација Forever Bicycles. За оваа целовечерна уметничка инсталација Веивеи употреби 3.144 велосипеди.

9. Rain Room е заедничка инсталација на лондонско-берлинската продукција Random International. Сите посетители можеа да уживаат во искуството кое овозможува да стоите на дожд, а да не бидете наврнати и мокри.

10. Infinity Mirrored Room – The Souls of Millions of Light Years Away е уметничка инсталација на уметникот Јајои Кусама составена од стотици лед светилки, поставени на различна височина од подот до таванот, која создава еден непрегледен, но магичен простор. Просторијата е во облик на коцка и обложена е со огледала.

Извор: kul.ba

ОкоБоли главаВицФото