Членовите на Битлси како стрип јунаци

21.01.2014 13:39
Членовите на Битлси како стрип јунаци

Општо е позната Битлманијата која во текот на 1960-те Џон, Пол, Џорџ и Ринго ја предизвикале со својот звук и изглед. Но, не е толку познат фактот дека оваа славна четворка била популарна и во светот на стрипот, станувајќи дел од стриповите на Марвел и DC.

Благодарение на книгата на Енцо Џентиле и Фабио Скијаво со наслов „The Beatles in Comic Strips“ („Битлси во стриповите“), можеме да видиме како еден од најзначајните бендови на XX век е претставен во светот на стрипот.

Џентиле и Скијаво собрале повеќе од 222 илустрации во боја, хронолошки подреени, за да ја прикажат изненадувачката врска помеѓу рокенролот и стрипот.

Подолу може да погледнете мал избор од собраните илустрации во книгата.

Извор: Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото