Образование, медиуми, бла, бла

27.01.2014 10:43
Образование, медиуми, бла, бла

Краткиот анимиран фим БЛА е дело на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ, која силно и остро го критикува современиот образовен систем, а преку него и општеството во поширока смисла: владеењето на медиумите во беспоштедната борба за информации, по можност што поскандалозни, потривијални и поглупави.

Кака е можноста за личен развој на поединецот во такво општество? Постои ли воопшто слобода на избор, како и право на знаење?

На кратко, Мартина Мештровиќ за својот филм вели: „Структурата на образование во која сме заробени е едно од главните оружја на целиот систем. Дали се согласуваме доброволно со него, или ни е наметнат без прашање?“

Подолу може да ги погледнете видео-одговорите на овие актуелни прашања кои Мештровиќ ги нуди во својот краток анимиран филм.

Извор: vimeo.com/martinamestrovic