3 бесплатни примероци од „Простори на моќ“

11.12.2009 14:44
templum_3.jpg

Денешните (11 декември) трoјца добитници на книгата „Имитатор на гласови“ од Томас Бернхард се: Јане Ѓорѓиовски, Снежана Петковска, Менче Здравкова.

Книгата може да се подигне во Културниот центар Точка (Климент Охридски 15) секој работен ден (пон.-пет.) од 10 до 17 часот, како и во сабота од 12 до 16 часот.

Наградната игра трае до крајот на декември. Секој ден Темплум на тројца посетители на Окно кои точно ќе одговорат на наградното прашање ќе им додели по три книги на денот.

Денес ја подаруваме „Простори на моќта“ од Зоран Попоски.

На следниов линк можете да прочитате извадок од оваа книга, а доколку го знаете одговорот на наградното прашање, пишете ни меил на адресата: nagradnaigratemplum@yahoo.com.

Добитниците на наградата ќе бидат објавувани следниот ден.

Наградното прашање за денес е: Која е една од главните теми во оваа книга?

1) Главната тема на книгата е односот меѓу уметноста и политичката моќ.
2) Книгата е омаж на уметничките дела во кои се тематизира проблемот на физичките граници.
3) Книгата ги истражува причините и модалитетите на приватната узурпација на јавниот простор, како и уметничките стратегии за негово повторно креативно освојување

Декември е и месец на Темплум во Културниот центар Точка!

Во Точка сите изданија на Темплум ќе можете да ги купите со попуст од 30%. Постарите броеви на Маргина можете да ги набавите за само 100 денари, а на секој трет купен примерок добивате еден гратис.

Посетете ја Точка, каде што можете да се информирате и за набавката на книги групирани во пакети и други дополнителни поволности!

ОкоБоли главаВицФото