Георги Константиновски : За 10 години барокот ќе се распадне, Скопје ќе изгледа ужасно

24.02.2014 16:40

Интервју со доајенот на македонската архитектура Георги  Константиновски, кој говори за бруталните интервенции врз модернистичките објекти во градот, за неинвентивните декорации и градби од проектот Скопје 2014, за личните искуства во обновата на Скопје, за храбрата модернистичка архитектура која го ставила градот на  мапата на врвната светска архитектура и за новите објекти кои нè обележаа како град на кичот и невкусот.

-          -Преоблекувањето во барокно руво на зградата на Стоковната куќа Нама и Комората е злосторство. Со тоа тие ги навредуваат архитектите и нивното авторско право.

-         - Ваков однос спрема она што во еден временски период претставувало одраз на современиот живот и архитектура не постои ниту во една цивилизирана земја.

-           -Тврдам дека е потешко да направите објект во духот на модерната отколку да копирате нешто што некогаш постоело.

-          -Стручњаците од Обединетите Нации по земјотресот направија прекрасна анализа на градот и ни рекоа дека ако се држиме до нив, Скопје ќе прерасне во еден од најубавите градови во светот.

 -Архитектите се плашат да го кренат својот глас поради тоа што се плашат дека тоа ќе влијае на нивната работа.

 -За Скопје да може да оди понатаму треба да ги тргнеме објектите од Скопје 2014.