Струмички карневал 2014

04.03.14 12:02

На годинешниот Струмички карневал учествуваа 40-тина групи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Турција, а можеа да се забележат повеќе од 2.500 впечатливи маски. Традиционално, за време на карневалот, во Струмица дојдоа илјадници посетители од Македонија и од земјите во регионот.

Маскираните групи во поворката дефилираа со фолклорни мотиви, егзотични танци, пораки за заштита на природата, ликови од Дизни, но имаше и такви кои упатија сатирични пораки, како групата со „Рециклиран барок“. Манифестацијата вклучува и детски карневал, како и фестивал на афоризмот и карикатурата.

Подолу може да погледнете фотографии од карневалска Струмица, облеана насмевки и бои.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото