Толоконикова и Алјохина нападнати со киселина

07.03.2014 11:28
Толоконикова и Алјохина нападнати со киселина

Членките на панк бендот Pussy Riot и познати опозициски активистки во четврток биле нападнати во ресторанот МекДоналдс и како што соопштуваат, имаат опекотини од киселина и лузни.

Марија Алјохина и Надежда Толоконикова биле прекриени со „зелени дамки“ откако „организирана група“ ги нападнала со антисептик, солзавец во спреј и оружје, пишува во мејлот до агенцијата AFP Пјотр Верзилов, сопругот на Надежда.

Во видео записот кој го објавија Pussy Rot, се гледаат шестмина млади луѓе, закитени со патриотски обележја на Русија, како пцујат додека ги напаѓаат активистките во ресторанот во Нижни Новгород извикувајќи „одете во Америка“.

„Боли! Зошто го правиш ова? Немате право да ме повредувате. Те молам, повеќе немој никому да му го правиш ова“, вели Толоконикова со зелени дамки на лицето и рацете.

Адвокатот на групата Евгениј Губин вели дека напаѓачите исто така „фрлале метални предмети“ врз двете девојки.

Толоконикова на Твитер објави извештај од лекар во кој пишува дека има хемиски опекотини во пределот на очите, лицето и рацете.

Алјохина вели дека преживеала потрес на мозокот и има конци на челото.

Толоконикова и Алјохина беа ослободени во рамки на амнестијата во декември минатата година, пред самиот крај на издржување на казната, по речиси две години поминати во затвор. Тие се осудени за хулиганство мотивирано од верска омраза, поради изведување на анти-путиновска панк песна во една московска црква во 2012.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото