Холивуд полуде по студентскиот дом Гоце Делчев!

13.03.2014 10:33
Холивуд полуде по студентскиот дом Гоце Делчев!

Скопје, 13 март 2014

Откако на интернет се појави галерија од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, холивудските режисери просто полудеа да го букираат објектот за снимање филмови!

Засега неколку познати холивудски куќи се во жестока трка за тоа кој прв да го закупи домот за снимање на хорор филмови. Режисерите на филмовите на стравот и ужасот биле просто воодушевени од можностите кои гу нуди овој објект, кој главно се користи како студентски дом. Објектот нуди извонредни можности, од типот „Реди-ту-го“, односно без дополнителни адаптации и сценографски интервенции, може во кус рок да се искористи за снимање хорор филмови.

Според нашите извори, првото снимање би се одвивало во текот на летниот одмор кога домот е главно испразнет од студенти и нема да има пречки за закуп на истиот.

Нашите извори од Холивуд исто така наведуваат дека славниот режисер Роберт Родригез е силно заинтересиран да сними продолжение на својот хорор филм „Факултет“, токму во студентскиот дом Гоце Делчев. Останува да видиме дали овие најави ќе се реализираат ова лето.

Извор: brejking.net