Црната дупка „Вечер“

27.03.2014 13:27
Црната дупка „Вечер“

Го вртам денешен „Вечер“. На насловната, во колор, Груевски со Иванов во позадина. Плус, два цитати од Груевски и Иванов.

На 2/3 од втората страница, црно-бела, што порачал Груевски од Охрид, па под него на 1/3 што порачал Иванов од Охрид.

На третата страница, во колор, „платен“ оглас со Иванов загледан во недогледот.

Дури на четвртата страница, во црно-бело, ама повеќе во црно, наредени другите тројца кандидати. Речиси 1/2 од страницата ја добил текстот под наслов: И Пендаровски сака да се дистанцира од СДСМ. А наднасловот гласи: Експертите со оценки за настапите на претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од текстот се гледа дека се работи за 1 (еден) експерт, оној Божиновски. Значи, Пендаровски не добил ни 1/2 од четвртата страница!

Не дека ме чуди, „Вечер“ е веќе со години шампионот на дезинформирањето, извртувањето и клеветењето во Македонија. Таа репутација успева да ја одржи без оглед на силната конкуренција која како хидра се размножува под палката на Центарот за дезинформации и лаги.

„Вечер“ просто ја голта вистината како што црните дупки ја голтаат светлината.

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 26.03.2014
Слика: Свирачиња