Лажна вест што вознемири многумина: „Американската психијатриска асоцијација смета дека селфито е ментално пореметување“

07.04.2014 10:42
Лажна вест што вознемири многумина: „Американската психијатриска асоцијација смета дека селфито е ментално пореметување“

Пред неколку дена, на интернет страницата „Adobo Chronicles“ се појави статија во која се тврди дека правењето на популарните „селфи“ фотографии и нивното поставување на социјалните мрежи, според Американската психијатриска асоцијација е ментално пореметување.

„Селфито е ментално пореметување, а се дефинира како опсесивна желба за фотографирање на самиот себе и поставување на фотографиите на социјалните мрежи како начин да се надомести недостигот на самопочит и да се пополни празнината во интимноста“, наведуваат од APA.

Американските психијатри сметаат дека постојат три нивоа на пореметување во врска со „селфито“. Првото е ограничено селфи, односно фотографирање на себеси најмалку три пати дневно без објавување на фотографиите на социјалните мрежи. Второто ниво е акутно селфи, односно фотографирање на себеси најмалку три пати дневно и објавување на сите фотографии на социјалните мрежи. Третото ниво е хронично селфи, односно неконтролирано фотографирање и поставување на фотографиите на социјалните мрежи најмалку шест пати дневно.

Според стручњаците, најдобар лек за справување со ова пореметување се когнитивно-бихејвиоралните терапии (CBT), т.е. терапиите за лечење на пореметување во однесувањето.

Психијатрите додаваат дека е значајно тоа што постои лек за ова пореметување, бидејќи сѐ повеќе луѓе во светот, меѓу кои често има и политичари, ги споделуваат своите „селфи“ фотографии преку социјалните мрежи.

Голем број сајтови и портали ја пренесоа веста наседнувајќи на шегата, која парадоксално, истовремено звучи и неверојатно, но и уверливо, поради сè поголемата „селфи-манија“. Најдоброто во целата вест: менталното пореметување на оние што претеруваат со селфи фотографиите се вика селфитис!

Извор: Adobo Chronicles / firstpost.com

ОкоБоли главаВицФото