1004 hPa
94 %
14 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 20:59
Брендот House of Ismay уште од 2008 година нуди рачно направени брошови изработени во форма со која алудираат на некоја референца која се смета за класика во книжевноста. Интересно е тоа што како материјал за секој брош се користи и страница од книгата на која алудира брошот.
Освен шармантниот минимализам, значаен елемент во изработката на брошовите е и рециклирањето и принципот на одржливост, што дава дополнителен квалитет на овие симпатични ракотворби.
Извор: www.houseofismay.com